логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Ohajo.godishnina.jpg

 ПРОСЛАВА НА ГОДИШНИНА ОД ОСВЕТУВАЊЕТО НА НОВАТА ЦРКВА „УСПЕНИЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО REYNOLDSBURG, OHIO

Ohajo.godishnina.jpg

 Ohajo.godishnina.jpg

Ohajo.godishnina.jpg

 Ohajo.godishnina.jpg

Ohajo.godishnina.jpg  Ohajo.godishnina.jpg

Reynoldsburg (Columbus), Ohio. На 22 Октомври 2011 година, во нашата црковна општина се одржа првиот од, се надеваме, многубројните идни јубилеи-петгодишнина од изградбата и осветувањето на новиот Храм „Успение на Пресвета Богородица“. По тој повод, свеченостите започнаа со отслужување на Воскресна Вечерна богослужба, со која што чиноначалствуваше нашиот парохиски свештеник, протоерејот-ставрофор, отец Душко Ѓорѓиевски. Со своето присуство овој свечен ден, не’ почести, градоначалникот на Reynoldsburg, господинот Brad McCloud.

По завршувањето на богослужбата, отец Душко одржа вдахновено слово за јубилејот, кое што подолу го пренесуваме во целост.

На негово пријатно изненадување, Претседателот на Црковната Управа, г-дин Лазар Пурдеф, му го честита на отецот неговиот личен јубилеј, имено, оваа година се навршуваат 30 години од свештенослужењето на отец Душко во нашата Црква, на нашиот верен македонски народ. Симболичниот подарок во името на Црковната Управа и благодарниот народ му го врачи поранешниот Претседател, господинот Јосиф Христовски, кој со славеникот-отец Душко помина најдолго време во заедничка предана служба на Бога и од Него благословениот Македонски народ овде во Columbus. На многаја лета, отец Душко!

На градоначалникот на Reynoldsburg, г-динот Brad McCloud потоа му беа презентирани новите фрески, главно свештени настани и ликови од Стариот Завет, кои во текот на минатиот месец ги изработи нашиот фрескоживописец, отец Theodore Jurewicz.
За многу години!


Подготвил:
ипоѓакон Ѓорѓи Ѓурчиновски

 

Ohajo.godishnina.jpg

Ohajo.godishnina.jpg

Ohajo.godishnina.jpg

Ohajo.godishnina.jpg

Ohajo.godishnina.jpg

БЕСЕДА ЗА ПЕТГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА КАТЕДРАЛАТА 2006 - 2011
Нека ни е честит денешниот ден, благочестиви браќа и сестри, и нека ни е вечен пет годишниот јубилеј од осветувањето на на оваа велелепна градба на нашата катедрала “Успение на Пресвета Богородица”, која ја осветивме на 22 Октомври 2006 година. Ова денешно наше прославување нека ни биде секојдневна радост и со Божја милост, нека биде запаметено и забележано и овде на земјата, а и на Небото.
Да се изгради Божји храм, да се соѕида дом Божји е дар од Господа. А да се освети и да се доживее негов јубилеј, за неговите градители - е благослов од Небото, што го посакува секоја христијанска православна душа.
Сите ние кои живееме во Колумбос со неговите прекрасни населби и се црквуваме во Божјиот дом-храм “Успение на Пресвета Богородица”, сите сме заслужни што денес го прославуваме овој убав јубилеј од осветувањето на овој катедален храм.

Може ли некој да не прославува, може ли некој да не се радува на ова велелепно дело кое ние го израдивме и го осветивме? Може ли некој да не се восхити - кога ќе го види и се восхити од неговата надворешна и внатрешна убавина, а знае што е светост, знае што е храм, што е дом Божји?
Сите ние. од највозрасните па до најмалите членови, на ова наше сосдание, ја имаме милоста Божја, зашто успеавме од убавото да направиме - најубаво, да направиме храм за приказ, да изградиме светиња за восхит на сите нас!

Да забележиме дека ова прославување не е наше прво прославување. Ние овде во градот на откровителот на оваа убава и од Бога благословена земја Соединетите Американски Држави, градот Колумбос, сме имале и имаме вистински богољупци и родољупци. Затоа да се потсетиме и на нашите досегашни постигнувања и прославувања, бидејќи нашата црква е патеводителка и првенка во животот на Американско-Канадската Епархија. Да се потсетиме на:
- 1938-та година кога е формирано дружеството “Александар Македонски”;
-1952-та година градењето на Халата на дружеството “Александар Македонски”на 794 Фронт Стрит;
-1958-та година отслужувањето на првата Света Богослужба на свој милозвучен македонски јазик;
-1965-та година осветувањето на црквата “Успение на Пресвета Богородица”;
-1973-та година израдувањето на црковната хала со сите нејзини придружни простории;
-1974-та година одржано Епархиско собрание за одржување на Црковни Народени  Собири во Епархијата;
-2001-та година се купи новото место овде во населбата Рејнолдзбург за градба на нов Црковен Комплекс.

Она “пак и пак” од малата ектенија, како да се повторуваше во нашата црква, така да на 26 Септември 2004 -та година пак зо златни букви запишуваме во историјата на црквата - осветувањето на темелите на оваа сегашна наша катедрала; а на 22 Октомври 2006-та година беше осветена катедралата “Успение на Пресвета Богородица” од рацете на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски Господин, Господин Стефан, како и надлежниот митрополит Американско-Канадски Господин Методиј, со митрополитот Полошко-Кумановски Господин Кирил, парохискиот свештеник, и со голем број на свештенството од оваа Епархија.

Со сите овие постигнувања ние бевме првите бајактари, првите знаменосци во духовното востание, што го кренавме како народ - вознобновување на Охридската  Архиепископија како и за организирањето на МПЦ и на овие од Бога благословени простори. Ние бевме храбрите чувари на аманетите од нашите постари, кои знаеја - што е наше, а што туѓо. Бевме и сме чувари на пораките од нашите прадедовци, кои длабоко ги носеа во себе и љубоморно ги чуваа во себе спомените за древната наша Охридска столица, кои како заклетва го имаа Свети Климента златен и тоа го пренесуваа од колено на колено - да не згасне неговото кандило.

Со сите овие постигнувања, како на нашите предходници, така и на сите нас, по сето она што се случуваше и се случува на Балканот, со и околу Македонија, со и околу нашата Света Црква, со и околу најразличните оспорувања на нацијата, јазикот, името, културата, историјата и се што е македонско - сите овие наши достигнувања и постигнувања придонесоа во успешната улога како за МПЦ така и за македонскиот народ во овие демократски земји. Ние имавме доволно  љубов, и вера, и надеж и потребното единство и слога - тоа што го сакавме, да можеме и да го реализираме. И со Божја помош - тоа и го направивме. Затоа денешното јубилејно прославување пет годишнината од осветувањето на оваа велелепна катедрална црква, е радост и за живите, но и за покојните, Бог да ги прости, на сите блажено починати, чии имиња засекогаш се запишани и длабоко вкоренети на македонското црковно и национално будење и организирање во Колумбос и неговата околина.

Големо е нашето дело, не само по изградувањето на катедралната црква, туку и по улогата што ја имаме во запазувањето на православната вера, на православната традиција и македонските народни обичаи, на јазикот, културата, песната и орото и на се’ што е македонско. Затоа, ни најголемите пожари, ни најсилните непријатели, ни било што - не можат да го уништат нашето богоугодно дело, зашто тоа е посилно и подлабоко, и повисоко од сите сили на овоземното зло. Нашето дело е небоземно, е дело на вечност, дело, кое што “ниту молци го јадат, ниту рѓата го нагризува”
Овој прекрасен катедрален  храм е наша слика, но и наша икона и храм споменик за Македонија и за Мајката МПЦ. И само така: со дела, со делотворна вера се чува се’ што е наше; и прадедовската вера православна, и црквата наша македонска, и нацијата наша и татковината наша, и нема сила што може вечно да го оспорува нашето постоење, нашето право да сме тоа што сме - Македонци, како и нашето право да имаме своја македонска црква. Нема подобра одбрана на нашата вистина од тоа - да создаваме богоугодни и родопотребни дела.

Овој катедрален храм овде во Колумбос е најсилната апологија на македонската вистина, е дело, кое секому му порачува - кои сме, какви сме, што сме и од каде сме! Ова велелепно здание е незамолчив гласноговорник за тоа сега, како народ и црква, знаеме - кој е вистинскиот пат, вистина и живот, и дека имаме сили и ќе опстоиме пред сите неправди. Овој храм е храм на нашата вистина, храм на нашето минато и храм на нашата иднина! Тој е храм што ја разгласува нашата црковна и национална победа! - нема сили што можат да не вратат назад, да ја урнат вековната македонска духовна тврдина, која се гради и надградува секаде до каде  што не’ има.

Со изградбата на овој велелепен храм не престанува нашето градење. Нам ни престои и понатаму уште градење на градби, но и оној најтешкиот дел од градбата, а тоа е градбата во сите нас самите! Да се гради и надградува духовната градба е постојано потребно, особено во душите на нашите млади генерации, ни останува обврската да вградуваме во душите на македонската иднина, постојано потсетувајќи - зошто сме го изградиле овој храм, за што тој треба да ни служи? Непрестајно да вградуваме во душите на младите генерации - кои сме и од каде сме дошле како народ, кои се нашите дедовци и прадедовци, која е Македонија, која е МПЦ. - Да ги учиме на зборот наш мил Македонски, на песната и орото и на се што е наше македонско.

Пресветата Мајка Божја, која е наш патрон, како и досега, како и по молитвите на Свети Климент Охридскиот чудотворец, патронот на МПЦ, нека бидат нашите постојани заштитници и молитвеници пред престолот Божји, за да расте и напредува ова семакедонско и богоугодно дело. Нека е честит и вечен и од Бога благословен овој наш јубилеј и да живееме на многу години. Амин.


                                                                                                  Подготвил
                                                                           прота-ставрофор Душко Ѓорѓиевски
                                                                                           Рејнолдсбург, Охајо

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

14/05/2026 - четврток

+Светиот пророк Еремија; Преподобниот маченик Акакиј Влечкар; Свети Пафнутиј Боровски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная