На 08. 12.2011 година, во дваесетт и петтата недела по Педесетница, по повод патрониот празник и основоположникот на Македонска Православна Црква и на нашата писменост - свети Климент Охридски Чудотворец, во соборниот храм во Скопје, кој го носи името на светитлот, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Преспанско-пелагониски г.Петар и свештенството од Скопската епархија, отслужи Божествена Литургија. Многубројниот верен народ на Божествената Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Тропар на свети Климент Охридски чудотворец
Со зборови си ги упатил народите кои верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кои божествен и блажен живот. Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија. Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.
За значењето на св. Климент Охридски чудотворец, беседа одржа Митрополитот Преспанско - пелагониски г.Петар:
„Дали сме ние народ кој ја знае верата - ќе речам не. Недозволиво, но има дури и интелектуалци кои не ја знаат верата. Должност на секој од нас е да сфати и да разбере дека во однос на верата, не сме на нивото на кое треба да бидеме“, порача владиката Петар.
„И ние сме веќе традиционалисти, доаѓаме во црквата божја, во храмовите, на големите празници, но неподготвени во верата. А да не зборуваме за оние кои само еднаш, само двапати или трипати ќе дојдат на богослужбите за големите или најголемите празници за црквата како Божик, Велигден или Богојавление“, додаде владиката Петар.
Без подвиг нема просветление, Свети Климент е првиот епископ кој на македонски јазик го проповедал Светото слово во Македонија, а неговата паства, свештениците и верниците биле меѓу најупатените во верата, рече Владиката Петар. Имал посебен стил на проповедање за проповедта да допре и до неуките, но и до оние кои го разбирале само со слушање.
Свети Климент Охридски е основач на првиот универзитет на Балканот, лоциран на Плаошник со 3.500 ученици. Бил средновековен писател, преведувач педагог. Панонските легенди,чиј автор е тој, важат за најбогат и најавтентичен документ кој ги содржи активностите на светите Кирил и Методиј како негови учители. Денеска се слави именденот на Свети Климент, кого македонската православна црква - охридска архиепископија го чествува како патрон празник. Името светителот го зел од третиот римски папа Климент, кого го славел додека овој бил уште жив. “
Преминпортал
Лето Господово 2011