логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Sinaksis.-.jpgПлодоносна девственост


Што да Ти принесеме, Христе, за тоа што заради нас како човек се јави на земјава? Секое Твое создание Ти принесува благодарење; ангелите – песна; небесата – ѕвезда; мудреците – дарови; пастирите – радоста своја; земјата – пештера; пустината – јасли; а ние – Мајката Дева…

            Ме замисли, деца, оваа стихира од вечерната служба за Рождество Христово и ми беше повод да ги напишам редовите што следуваат. Барам голема прошка и од Бог и од вас што воопшто се осмелувам да пишувам на тема Богородица; знаете дека ми е полесно да пишувам за што било друго. За некои работи, едноставно, треба достојност – како реално и континуирано покајание. Но, таква е учителската служба – нож со две острици: човек бланко потпишува дека ја прифаќа пресудата за него, согласно критериумите што ги проповеда.

            Ние, целото човештво, во личноста на Пресвета Богородица и Секогашдева Марија Му го принесуваме на Бог нашиот највреден дар. Таа, за нас, е сѐ што имаме, односно, ние и ништо немаме освен Неа. Оваа последна (претходна) реченица ќе ја оставам секој од нас да ја размисли и да си ја доживее на свој личен начин, во зависност од односот со Неа. Што се однесува до мене, ќе звучи малку соблазнително без толкување, ама ќе го речам: мене ништо и не ми треба освен Неа...

            Што е теолошка и практична последица од фактот дека ние, целото човештво, во личноста на Пресвета Богородица и Секогашдева Марија Му го принесуваме на Бог нашиот највреден дар? Богословска и аскетско-исихастичка последица од тој факт е дека ние сепак не се спасуваме безлично, како цело човештво или како цела човечка природа, туку лично-соборно, како единствени и неповторливи личности во Црквата на Богородица и на сите свети: предавајќи, односно, принесувајќи се, евхаристиски, самите себе, еден со друг и целиот наш живот на Христос Богочовекот, во благодатта на Светиот Дух.

            Се поставува прашањето: Што е тоа што ние како личности конкретно, подобно на Богородица и Секогашдева Марија, треба да Му го принесеме на Бог за да имаме надеж дека нашиот принос може да биде примен од Него? Не дека Бог нема да го прими нашиот принос; но, зошто велам, за да имаме надеж дека може да биде примен? Заради непреминливиот, од наша страна, онтолошки јаз што постои помеѓу Создателот и созданието, што само Божјата љубов може да го премине. Значи, тоа што ние треба да Му го принесеме на Бог, подобно на Богородица, за да може Христос да се роди во нашето срце е девственоста на нашите души, и тела. Согласно погоре кажаното, Он се раѓа во нас кога сака и затоа што сака, а не просто заради нашата девственост. Затоа Неговото раѓање во нашите срца е дар, а не заслуга – дар пројавен конкретно и недвосмислено како аскетска умносрдечна молитва.

            Самиот дар на аскетска умносрдечна молитва е сведоштво дека нашата душа, и нашето тело, се во одреден степен девствени, целомудрени. Формулацијата, одреден степен на девственост значи исто што и (кога ќе се изразам) дека срцето е доволно очистено и ослободено од страстите, а со тоа и ние, од пресудното влијание на демоните во нашиот живот. Јасно ви е дека ви зборувам за вториот степен од духовниот раст – просветлување на умот. 

            Девствен ум има човек кој енергијата на својот ум молитвено ја соединил со суштината на својот ум, која се наоѓа во неговото срце. Бидејќи ова соединување е дејство на благодатта Божја и молитвено-аскетски се случува внатре во неа – во срцето, девствен ум во соодветна смисла е исто што и просветлен ум. Доколку ова соединување е постојано благодатно, а не времено аскетско, тогаш девствен ум е исто што и обожен ум. Обожениот ум е ум од Духот воведен во сета вистина (види Јован 16, 13). Затоа, во библиско-антрополошка смисла, поклонувањето во дух и во вистина значи себепринесување со девствен, целомудрен ум.

            Следувателно, само за оној којшто има исцелен, обожен ум, можеме да говориме дека е вистински целомудрен и девствен и дека вистински љуби, во една човечки достапна димензија на овие поими, во овој свет и век. Само оној што вистински љуби ја има љубовта како непогрешлив ориентир во својот живот. Ние другите треба да се раководиме според трите ориентири што претходно ги посочив, за да не се испомеша: аскетското со благодатното, душевното со духовното, еросот со пријателството и вистинската љубов – оти тогаш многу ќе лутаме по беспаќа.

            А сега да се приземјиме малку, сепак нашата душевна, и телесна, девственост е редовен услов за пројава на благодатта на Крштението во нашето срце и за дарот на аскетската умносрдечна молитва. Сме го добиле ли тој дар, имаме сведоштво од Горе дека во соодветна мера сме девствени, макар и да сме ја изгубиле некогаш девственоста – телесно. И обратно, го немаме ли тој дар, немаме сведоштво од Горе дека сме девствени, макар и да сме ја сочувале девственоста – телесно.

            Гледате, деца, колку е голем дарот Божји на покајанието: тој од развратници прави девственици и од разбојници прави жители на Рајот. Но, покајанието е многу конкретен подвиг, тоа е восогласување на начинот на нашиот живот и подвиг со степенот на духовниот раст на кој се наоѓаме. Колку и да се труди некој филозофски и практично да го избегне ова восогласување кое постојано го повторувам, тој сепак на крајот, ако не се покае, ќе се судри со суровата реалност на отсуството на стекнатите Божји дарови во својот живот; а животот полека поминува. Деца, нека не ве лаже демонот, едно е вроден дар Божји или талант, а друго е стекнат (или усвоен) дар Божји – како што е, на пример, девственоста. Со првото најчесто го храниме нашето тровидно самољубие, а со второто се надѕидува Црквата Божја.

            Девственоста е знак на благодатно восиновување. Оној чиј Татко е Бог, нему Мајка му е Богородица, животот во духовната младост му е игра; демоните му се играчки, а вештината и опитот во справувањето со нив му помагаат да расте и созрева. Но, еден ден играта престанува, играчките не се веќе интересни и зрелиот човек ја презема одговорноста на борбата за спасението на сите луѓе. Тогаш лично-литургиската молитва се претвора во безнадежно-надежен нем плачовен крик за простување и разрешување на гревовите и прегрешенијата на секој еден човек, што само преку Богородица, од Христос Бог го просиме. И просто знаеш дека ако молитвата не го опфати целото човештво, ништо не ти вреди. Но, кој денес би се осмелил за сите свои ближни, како некогаш светиот апостол Павле, вака да каже: Ви зборувам вистина во името на Христа, не лажам – тоа го сведочи мојата совест преку Светиот Дух, дека ми е многу жал и срцето ме боли постојано; оти повеќе би сакал јас да бидам одвоен од Христа за браќата свои, моите сродници, по плот, кои се Израилци, на кои и им припаѓа посинувањето и славата и заветите и Законот, и службата кон Бога и ветувањата; нивни се и отците, од нив по плот е и Христос, Кој е Бог над сите, благословен во веки. Амин! (Рим. 9, 1-5).

            Сега ни останува да поставиме нов почеток на покајание влегувајќи во целосрдечно послушание на нашиот духовен отец, трудејќи се да Му принесеме на Бог нерасеана, чиста, молитва. Расеаната молитва е блуд на умот, а чистата молитва е девственост на умот. А Марија Богородица е љубов – апсолутно остварена љубов во апсолутна девственост. Сите Нејзини чеда плачат кога само Името ќе Ѝ се спомне.

            Пресвета Богородице, спаси нѐ!

 

Митрополит Струмички Наум

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

« »

Православен календар

 

18/01/2025 - сабота

+Водокрст; Преподобната мајка Синклитикија; Светиот свештеномаченик Теопемт и маченикот Теона; Светиот пророк Михеј I; Преподобна Аполинарија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Тропар на св. Христова девственица блажена Синклитикија 5 јануари / 18 јануари 2025

Блажена, целомудрена мајко наша Синклитикио, смиреномудрието дишење ти стана, милосрдието – солза со којаги миеше душите на натажените,подвигот телесен ја...

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари  2025

Тропар на Соборот на Светите седумдесет Апостоли 4 јануари / 17 јануари 2025

Глас 3Апостоли свети, молете го Милостивиот Бог, да ни подари простување на нашите согрешенија.

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Во вечниот ден Господов,лице в лице проповеда Апостолот да се видиме, а ти Пророче на Христовото доаѓање,со Ангелот вазден собеседеше, благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная