НЕДЕЛА НА МИТАРОТ И ФАРИСЕЈОТ
Вчера Евангелието не учеше на упорна молитва, а сега не учи на смирение или чувство на лишеност од правото на сослушување. Не си го присвојувај за себе правото дека мораш да бидеш сослушан, туку пристапувај и на молитвата како некој кој што не е достоен за никакво внимание, и кој себеси си дава право и смелост да ја отвори устата и да вознесе молитва кон Бога единствено поради бескрајната снисходливост на Бог према нас бедните. Нека не ти доаѓа ниту мислата: „Јас го направив тоа и тоа. Затоа дај ми го тоа и тоа.“ Што и да направиш, сметај се себеси за должник, затоа што си бил должен да направиш (добро). Да не го направеше ќе беше подложен на казна, а затоа што го направи нештото, нема за што да очекуваш награда, бидејќи не си направил ништо посебно. Меѓутоа, фарисејот ги преброил своите права за сослушување за да излезе празен од црквата. Лошото кај него не било тоа што правел како што рекол: тој така и требало да прави. Лошото е што тоа тој го претставувал како нешто посебно. Меѓутоа, на такво нешто не требало ни да помисли. Избави не Господи од овој фарисејски грев! Иако ретко кој така вешто се служи со зборови, во срдечното чувство ретко кој е сличен на него. Зошто луѓето лошо се молат? Затоа што се сметаат себеси исправни пред Бога.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: