"Делото на Исусовата молитва не трае два или три дена, туку цел еден долг временски период и многу години“, забележува Свети Јован Златоуст, бидејќи потребни се многу борба и време за да се истера ѓаволот и Христос да го заземе Своето престојувалиште. Значи, посветете се на молитвата и чекајте додека Господ Бог не ве помилува. Не барајте ништо, освен милоста на Господ на славата и барајте ја смирено и со скрушено срце. Плачете од утрото до вечерта, а ако е можно и во текот на ноќта: ‘Господи Исусе Христе, помилуј ме!' Сè до својата смрт присилувајте го умот на ова дело. (Старец Ефрем Филотејски )
Матка, 16 март 2012 год.- Манастир Успение на Пресвета Богородица
На 16 март 2012 година, во третата недела од Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на Светите маченици Евтропиј, Клеоник и Василиск и света Пијамука Мисирска, во манастирската црква посветена на Успение на Пресвета Богородица, во Матка, се ослужи Литургија на Претходноосветени Дарови. На Литургијата верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
Не давај да застрани срцето мое кон лукави зборови и да врши грешни дела. Да се исправи молитвата моја како кадило пред тебе, воздигнувањето на моите раце – жртва вечерна.
Псалм 140, 4; 140,
Преминпортал
Лето Господово 2012