На 21 март 2012 година во Велес во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ се одслужи големо повечерие со Великиот канон на Св. Андреј Критски и во пресрет на споменот на Светите четириесет маченици во Севастија и Преподобен Филор Исповедник. Повечерието го одслужи протоереј Ристе Јанушев во сослужение на отец Драги Гаштарски, отец Игор Пармачки и псалт Драган Тасевски.
Од прекрасните фрескоживопис и иконостас светиите нè подсетуваа дека нашиот Човекољубец Цар и Господ Исус Христос спасително чека пред портата на нашите срца но и дека клучот се наоѓа од нашата страна на портата. Затоа да го искористиме Великиот пост и секојдневните служби во храмовите на Македонската православна црква за да се отвориме за љубовните дарови на Христовата откупителна жртва.
Повеќе информации:
Преосветување на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес (20.02.2011)
http://preminportal.com.mk/content/view/7840/138/
Акатист кон Пресвета Богородица во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=1198&Itemid=32
За Преминпортал
Ратислав Кардалев
во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, од понеделник до четврток, се служи големо повечерие со Великиот канон на Св. Андреј Критски.
Во првиот петок од Великиот Пост на вечерната служба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештеници, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Св. Спас“ и „Св. вмч. Пантелејмон“ во Велес, како и во останатите поголеми храмови во градовите на територијата на Повардарската епархија. Во присуство на Митрополитот Агатангел во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес, од понеделник до четврток, се служи големо повечерие со Великиот канон на Св. Андреј Критски, а секој петок од Великиот Пост, попладне од 17, 00h. ќе се отслужи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица.