Скопје, 25 март 2012 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
На празникот на преподобен Теофан Исповедник, преподобен Симеон Нов Богослови свети Григориј Двоеслов
Поминувајќи ја средината на ова свето време на Постот, радосно да поитаме кон преостанатото, помазувајќи ги душите со елеј на милосрдие, за да се удостоиме да се поклониме на Божественото страдање на Христа, нашиот Бог, и да го дочекаме Неговото страшно и свето Воскресение.
Вечерна, Средопосна Недела
Во Четвртата недела од Великиот пост која е посветена во спомен на преподобниот Јован Лествичник, светителот кој ни го оставил учењето за духовнаите скалила, односно лествицата која го соединува небото со земјата, во храмот посветен на Рождеството на Пресвета Богородица во Скопје, се отслужи Божествена Литургија.На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
-Преминпортал ;
-Раттислав Кардалев.
Лето Господово 2012