Скопје, 7 април 2012 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица
На празникот на Свето Благовештение; (Лазарова сабота)
ЛАЗАРЕВА САБОТА
Пред Твоето доброволно страдање, Христе Боже, си им дал на сите луѓе уверување во општото воскресение: зашто во Витанија си го подигнал Лазара четвородневниот со Својата семоќна сила и како Светлодател, Спасителе, си направил слепите да прогледаат. Со своите ученици си влегол во Светиот град, седејќи на осле како на Херувим и така си ги исполнил зборовите на пророкот. Децата еврејски, земајќи палмови гранки, Ти излегоа во пресрет. Затоа и ние, носејќи палмови и маслинови гранки, благодарно Ти воскликнуваме: Осана во висините! Благословен е оној, кој доаѓа во името Господово!
Утрена, Лазарева сабота
На 7 април 2012 година, во шестатта недела од Великиот пост, кога Светата Црква го слави споменот на Свето Благовештение и (Лазарова сабота), во храмот посветен на Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје, во присуство на многубројниот верен народ меѓу кој и Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, со сопругата г-ѓа Маја Иванова, се отслужи Божествена Литургија.На Литургијата верениот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Преминпортал
Лето Господово 2012
Друго:
Акатист кон Пресвета Богородица во храмот Рождество на Пресвета Богородица, Скопје (30.04.2012)