HRISTOS.POGRBAN1.jpg

 Денес е во гробот Оној Кој на дланка ја држи сета твар. Камен го покрива Оној, Кој небесата ги покри со слава. Животот спие, пеколот се тресе, а Адам е ослободен од оковите. Слава на твоето благоустројување со кое сè си исполнил, дарувајќи ни ја вечната сабота, Твоето пресвето Воскресение од мртвите. 

 Утрена, Велика  Сабота

Igor.V.Sabota.jpg

Песна 9

Ирмос:Немој да редиш за мене, Мајко, за Синот што Го зачна во утробата бессемено, зашто ќе воскреснам и ќе се прославам и, како Бог, со слава ќе ги вознесам оние што со вера и љубов те величаат.

Igor.V.Sabota.jpg

Igor.V.Sabota.jpg

 Igor.V.Sabota.jpg

Igor.V.Sabota.jpg

Igor.V.Sabota.jpg

Igor.V.Sabota.jpg

Igor.V.Sabota.jpg

Во храмот на св.вмч, Димитриј, во Скопје, отец Игор Калпаковски  отслужи  Света Василиева   Литургија со Вечерна богослужба. Многубројниот верен народ на Литургијата се причести со Светите  Христови Тајни. Во својата бесета отецот покрај останатото исткна дека,  покрај телесниот, во нас постои  и духовниот човек кој претставува организам ама во духовна смисла, и има се: раце, очи, уши...се,  и должни сме  еднакво и уште повеќе да внимаваме на него. Телесниот човек е од распадлива природа и тој пропаѓа според својата природа, но  духовниот човек должни сме  грижливо да го негуваме. Со крштевањето ние се потопуваме во Христа, стариот човек умира, првородниот грев се измива, новиот, измиен од грев,човек се раѓа.Постоеле и постојат во светот многубројни мудреци, умни луѓе, но никој од нив, не успеал да воскресне и да седне оддесно на Отецот. Христовиот крстовоскресен пат, е патот кој Христос ни го покажа, и  кој пат неибежно мора да го изодиме ако сакаме да стигнеме и до нашето духовно Воскресение.

Igor.V.Sabota.jpg

Igor.V.Sabota.jpg

Igor.V.Sabota.jpg


 

Chudo.Plashtenica.jpg

Igor.V.Sabota.jpg

 

 Преминпортал

Лето Господово 2012