Прославен св. Прохор Пчињски во Пјаченца (01.11.2015)

На 1 ноември 2015г., во Дваесет и втората недела по Педесетница, кога Црквата го празнува споменот на светиот Прохор Пчињски, во истоимената црква во Пјаченца (Италијанска Република) Неговото Високопреосвештенство, европскиот Митрополит г. Пимен, во сослужение на Високопреосветениот кумановско-осоговски Митрополит г. д-р Јосиф отслужи Архиерејска Божествена Литургија.







По молитвите на Св. Прохор, Господ да му дарува здравје и духовни сили на отец Гаврил уште многу години да го просветува и насочува кон Бога верниот народ.


Како што телото, умирајќи се одделува од сè што е живо така и умот, умирајќи во дејствието на совршената молитва, се отсекува од сите светски мисли. Зашто ако не умре со таква смрт, тој не може да биде со Бога и да живее со Него.

































