логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

vozdvizenie.jpg

1100 ГОДИНИ ДУХОВЕН ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК И ИМЕ

презвитер Горан Стојчевски


Вестите на ТВ ги запоставувам, весниците исто така, заради претераното „плетење на пајакова мрежа“ од ставови во кои секојдневно нè убедуваат да се „налепиме“ на неа, со тоа што треба да смениме име кое е ознака /nomen est omen/ за просторот, и за народот што живее на овој простор кој се вика Македонија, по тоа и народот, македонски. Ова медиумско натурање ме потсетува на Џек Николсон во улогата на Џокер, кога 24 часа преку медиумите ги убедуваше граѓаните на Готам Сити да почнат да користат комбинација од нови козметички производи кои ќе им овозможат да се чувствуваат подобро со ново лицe истo со неговото, но таа нова комбинација предизвика сериозни, да не кажам смртни последици. Под тоа насмевнато лице на Џокер се криеше смртта. Не разбирам, иако сфаќам, како некој може да се гордее со наследство на древната елинска философија, што во романтични историски рамки се смета за темел на европската цивилизација – а која пак, барем декларативно е постулирана на римското право, право-основа за сите денешни декларации и норми за владеење на правото – а при сето ова да се бара од некој друг, т.е. конкретно од нас, да направиме нешто што е спротивно на сите тие од нив возљубени философски, правни и економски принципи спротивни на љубовта Божја, бидејќи пред Бог, Дарителот на животот, сите сме еднакви и сите стоиме во слободата со која Христос нè ослободи. И бидејќи стануваме жртва на тие човечки мудрувања и философија, а за што сме предупредени од апостолот Павле, и упатени да го испитуваме низ постојана молитва секој дух, нам очигледно ни омилеа симулираните празнословни експертизи за уште попразните, односно, без присуство на љубов човекови права, меѓународни права, економски права итн. права, резолуции, конвенции, спогодби, договори, совети – велам, без присуство на љубов и без суштина, бидејќи очигледно и фактички не важат подеднакво за сите луѓе, народи, групи, организации, држави. Веднаш, по ова сеќавање на сите овие секуларни дострели од (не)право и (не)правда, повторно ми доаѓа Павловата мисла, дека Бог за нас предвидел нешто подобро, а молитвата која се кажува при погребение и помен, Боже (на духовите)... Твојата правда е вечна правда и Твоето Слово е вистина..., завршува со возгласот со кој сите во Црквата ја очекуваме таа вечна Божја правда, па велиме: Зашто Ти си воскресение, живот и покој... Христе Боже наш... Е, заради ова спомнувајќи си за смртта, живееме за воскресение, напуштајќи го овој свет, кој лежи во зло, не заради тоа што е таков како создание, туку лежи во зло заради нашите гревови и страсти, и заради нашите „права“ и „правда“ станува извор на секоја неправда. А, Христос донесе блага вест за Царството Божјо, воскресение, живот и спокојство подеднакво за сите луѓе и народи, за сиот свет, а од нашата љубов кон ближните зависи дали ќе воскреснеме за вечен живот и спокојство во Бог, или ќе воскреснеме за осудување и вечно неспокојство. И повторно од нашата љубов зависи дали овој свет, кој лежи во зло заради нашиот грев, страсти, човечките мудрувања и тактизирања, ќе го преобразиме и воведеме кон вечност или пак кон целосна истрошеност; „Одата на радоста“ од Бетовен не е за радост ако на некого му внесуваш тага, страв, уцени и неизвесност. Но, нејсе, некој со коли, некој со коњи, но ние да се фалиме со името на Господа, и со слабоста своја, како што вели Апостолот. Овој македонски простор и овој македонски народ, можам слободно да кажам, дека преку континуитетот на духовниот живот и личностите кои произлегле и произлегуваат од него, а во кои свети Христовата светлина, низ тоа нивно просветлување со сведоштво за Христовото Воскресение и вечниот живот, го продолжуваат до денес повикот на спасение во Богочовекот уште од времето на свети апостол Павле. Во Црквата, од секого лично, и од сите соборно како Тело Христово, сето тоа време и сиот тој простор се користи евхаристиски да се приведе кон вечност, кон Царството Божјо.
Очигледно е дека ние луѓето времето сакаме да го заробиме или со униние, или пак сигурно мислиме дека ќе го зафркнеме заради некоја наша „голема“ потреба, а таа голема нужност која ја имаме кон и од времето, од ништо друго не е побудена освен од славољубие, среброљубие и сластољубие. Истото е и со просторот: што друго правиме со него освен што сакаме да го освоиме со интерес, тргнувајќи кавгаџиски од меѓата на првиот сосед со кого ќе се влечеме по судови, до освојување на територии и територии, побудено повторно од гореспоменатите страсти. Литургиски гледано, животот е дар Божји, времето е дар Божји за спасение на човекот и светот, и просторот е дар Божји за исполнување на подвигот за спасение. А што се однесува до името, да се потсетиме дека по име Бог го повикал Авраам со ветување дека ќе го преумножи неговиот род; по име го повикал Јаков, Мојсеј, Давид; исто така, предвестил под кое име ќе бидеме повикани за Негово сведоштво; па се потсетуваме на светиот Претеча и Крстител Јован, на зборовите упатени кон неговиот татко Захариј; за праведните Јоаким и Ана, за Пресветата Владичица Богородица и благовеста дека ќе роди Син и ќе Му стави име Исус, зашто Он ќе го спаси народот Свој од неговите гревови, па и тоа дека во Христовото име ќе бидат благословени сите народи. По име и сите народи се повикани да го чинат народот Божји во Црквата Христова, по име и на светиот Павле му се јави човек-Македонец, со молба да ја пренесе благата вест за Царството Божјо во Македонија. Гледаме дека повикот кон спасение е личен, бидејќи спасението се гради врз основа на личниот однос кон Бог како Личност; но, спасението истовремено е и соборно во Црквата, каде постојано како на Педесетница, преку Светиот Дух секаков јазик под небото во Телото Христово го чини народот Божји, новиот Израил. И бидејќи Христос не се засрами да нè нарече браќа, зарем сега ли дојде времето на овој простор да се срамиме самите од себе, или некој да се срами од нас, или пак некој сака да го сокрие сопствениот срам.
Да се потсетиме и на светиот Наум, охридскиот Чудотворец, кој соединувајќи се со Христа, се стремел да се подвизува како апостолите, и како ученик на рамноапостолните солунски браќа, претрпел маки и страдања од застапниците на тријазичната ерес, кои сметале дека јазикот што го говорел не е достоен за благодарење на Бога и за принесување на молитви, молби и бескрвна жртва за сите луѓе... Тријазичниците се именувале себе за христијани. И денес, имаме христијани кои на други христијани, значи браќа и сестри, им кажуваат дека името и јазикот, помесната Црква со кои се идентификуваат не им приличат и, како такви, не можат да постојат, бидејќи не било достојно. Свети Наум не се откажал, и со постојан подвиг од Крст до Воскресение, од понижување до Вознесение, од образ до подобие т.е. Преображение, со постојаното споменување на името Христово го продолжил делото на неговите учители и ги поставил темелите на македонското општожително монаштво, приведувајќи безбројно мноштво кон спасение, а времето и просторот – кон вечност. Сиот тој негов подвиг е сведоштво за нас, низ сите овие векови и по неговите молитви поткрепени со благодатта на Светиот Дух да го продолжиме подвигот на спасение во Црквата Божја, во Литургијата, каде преку единството со Христос Богочовекот временото и просторното и секој миг тече во вечност, сета историја, сите народи, сите простори и сите личности повикани по име на спасение – тоа е делото на Црквата кое приведува кон единството со Неспознатливиот, Недостижниот, Неопфатливиот... Творец, познаен, достижен, дофатлив... во името Христово, преку верата на нашите свети подвижници, во кои Самиот Христос се изобразил. Знаеме дека како христијани нашата цел е единството со Бог и вечниот живот во Царството Божјо, во кое нема ниту Јудеец, ниту Елин, ниту машки, ниту женски пол...; но, исто така знаеме дека во овој подвиг на спасение треба секој во какво призвание е повикан, во него и да остане и пред Бог (1. Кор. 8, 24).
Соединувајќи се со Христа, личноста низ подвиг повикува и цел народ кон спасение, со сведоштвото на верата за тој народ и простор на кој се подвизува, а преку тој подвиг се повикува и сиот свет кон спасение. Затоа, во Црквата пак и пак се потсетуваме на тие свети подвижници, кои верата ја зачувале и го добиле венецот на славата – а кога нешто е вечно не може да смести во граници – затоа и си споменуваме за сите нив, прославени од Христос, преку благодатта на Светиот Дух, во слава на Бог Отец. Нивното прославување налик на Воскреснатиот Спасител не е веќе врзано за време и простор, или земна припадност, туку слободно за вечност. Ова е и нашиот повик за нашето време и простор, за ближните и светот околу нас, затоа нема потреба бесполезно да го трошиме времето, да го узурпираме просторот, да ги повредуваме ближните и да го влечеме светот во пропаст со набивање на страв и неизвесност; а од друга страна, многу да не се трудиме да бараме правда во овој свет, туку да стоиме во слободата со која Христос нè ослободи, и во призивот со кој сме повикани да застанеме пред Светотроичниот Бог. 
1100 години историја во спомен на монашкиот подвиг на свети Наум Охридски на овој македонски простор, меѓу овој македонски народ и личности кои си спомнуваат за него и кои сведочат во Црквата дека сето тоа изминато време на овој простор и меѓу овој народ и личности се приведени кон вечноста во Царството Божјо. Останува да продолжиме да го подражаваме светиот Наум во нашиот христијански подвиг, за да го потврдиме овој наш идентитет, јазик и име растејќи во Христовата благодат, та зборовите Негови упатени кон Натанаил да бидат упатени и кон нас, бидејќи Христос не се срами од нас: оној во чие срце нема лукавство, тој е и вистински Израилец, Македонец..., Христијанин.

 

Извор: ПРЕМИН бр.65-66

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2029
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2550
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная