логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 

Весна Никчевиќ-
Повест за Раѓањето Христово

 

Мили дечиња,

Знаете ли што значи името Исус Христос?
Исус значи – Спасител, а Христос – Помазаник Божји или Цар.

 
Но, Исус Господ бил сосема необичен цар: немал ни дворец ни златен престол ни златоткаени одежди ни војска витешка... Се родил не во дворец туку во  пештера, а и пештерата не била од оние најубавите и најудобните за луѓето: во нејзиното зимско студенило Го грееше здивот воловски и јаслите за стоката со боцкавата слама беа Неговата царска постела...
 
Сепак Исус беше вистински Цар. Беше не некој друг туку Синот Божји, единствениот Син на Отецот Небесен, семожниот Творец на небото и земјата и на сî видливо и невидливо. Тој беше Бог Кој смирено ја понизи семоќта Своја и стана човек како и ние и откако поживеа со нас во сиромаштијата наша и откако пострада до смрт поради нас и воскресна од мртвите, нí ги откри големите тајни на животот и смртта и на сите нí отвори пат за живот вечен со Него во Неговото Царство кое ќе нема крај...

  А како тој небичен Цар се најде меѓу нас?

Пред многу, многу години, во дамнешни времиња, кога во древната еврејска земја наречена Јудеја владееше свирепиот владетел по име Ирод и кога со целиот свет царуваше лошиот кесар римски Август, слезе тихо од небесата и се роди во тело, од Духот Свети и од Пречистата Еврејка Девојка, Дева Богородица Марија...
 
Сакате ли да ви раскажеме како се случи тоа големо и прекрасно чудо? Ние за него дознавме од Книгата над книгите која се нарекува Свето Евангелие, како и од другите книги на богомудрите луѓе на нашата Православна Црква.
 
Ајде заедно да ги отвориме пожолтените страници и да видиме што тие нí кажуваат!...


Чудесната ѕвезда
 

Пред да се роди нашиот Спасител Исус Христос, далеку, далеку на Исток се беше појавила нова и сосем необична ѕвезда. Необична била по тоа што се не јавувала ноќе, стоејќи на едно место помеѓу другите ѕвезди, туку баш среде ден, кога сонцето најјако сјае. Посветла од сонце, таа час се покажувала час се сокривала, на големо чудење на оние кои ја виделе...

 А велат дека прво ја здогледале тројцата мудри и учени цареви од источните страни, кои се разбирале во ѕвездите. Еден од нив бил од Персија, друг од Арабија, трет од Етиопија. Првиот бил стар и сед и се викал Мелхиор. Вториот бил млад и се викал Гаспар. На третиот црномурестиот Африканец со густа црна брада името му било Балатазар.
 
- Каква е таа чудесна ѕвезда, се чудеа тие.

- Да не е можеби метеор што како молња го сече воздухот или опашеста ѕвезда која велат, наговестува несреќа!?, се прашуваа.


Побарале и ги прелистале книгите староставни и во нив го пронашле древното пророштво на пророкот Валаам:

-Ќе излезе ѕвезда од Јакова и ќе стане цар од Израилот!

 Во истиот тој момент Бог им ги просветлил срцата и тие разбрале дека се приближило времето во кое треба да се исполни Тајната над тајните – Раѓањето на Бога облечен во човечко тело и човечка природа и со својата човечност на луѓето во сî еднаков, само не во гревот нивен.

Маѓепсани од сознанието, мудрите цареви одлучија веднаш да појдат на поклонување на единствениот Безгрешен, Царот на славата на чиешто доаѓање ќе се зарадува сета земја...

Секој на пат тргнал со караванот од својата земја а, Бог со ѕвездата ги раководеше така што најпосле се сретнаа сите тројца и заедно го продолжија патувањето кон заедничката цел.

Кога се движеле, ѕвездата патеводителка се појавувала и се додека се движеле таа одела пред нив, покажувајќи им го патот, а кога ќе застанеле да се одморат, ќе застанела и таа, како да не е ѕвезда туку битие разумно...
 
Богомудрите оци на Црквата наша кажуваат дека тоа и не била ѕвезда туку невидлива сила небесна која на себе го земала обликот на ѕвездите, поточно Ангел од Бога повикан да ги доведе мудреците поклоници од Исток до Новородениот Цар.
 
Додека значи мудреците така патуваа, се приближуваше часот на Христовото раѓање...

 

Витлеемските овчари


Истата таа ноќ во полето недалеку од Витлеем, под ведро небо, тројца овчари си чувале стража покрај своите стада. Сî било тихо, црна темнина, кога одеднаш ги огреала јарка неземска светлина и во неа им се јавил Ангел Божји, говорејќи:
 
- Не плашете се зошто ви јавувам радост голема која ќе биде на сиот народ. И ова ви е знак: ќе најдете Дете каде лежи повиено во јасли!

Само што тој го изговорил тоа, пред изненадените овчари се прикажале во сјај мноштво од Ангелски војски кои го фалеле Господа:

 - Слава во висините на Бога и на земјата мир, меѓу луѓето добра воља!

 Потоа ангелите исчезнале и повторно завладеала темнина. Овчарите побрзале да се уверат во вистинитоста на своето видение. Откако ја пронашле некако пештерата со новороденчето тие Му се поклониле на Богодетето и со трепет има раскажале на Јосиф и Пресветата Дева за она што го беа доживеале. Пресветата Богомајка во молчење ги сохранила нивните зборови во своето смерно срце...


Големата тајна


Во тие денови кесарот римски Август беше издал наредба за задолжителниот попис на жителите во целото Римско царство. И сите навалиле да се запишат, секој во својот град.

Во јудејскиот град Назарет живеел еден  праведен старец по име Јосиф. Тој бил сиромашен дрводелец, но по потекло припаѓал на лозата на светиот цар и пророк Давид. Праведниот Јосиф бил вдовец и имал четири синови и две ќерки и живеел свето пред Бога. Поради сето тоа Господ и го избрал како вереник и старател, со стравопочит да í послужи на Пречистата Дева Марија, кротката слугинка Господова која требаше да стане Мајка Божја, бидејќи Ја осени Силата на Светиот Дух...
 
 Кога царевиот указ бил обзнаен, Јосиф со Пресветата Дева, на Која времето да роди í се беше приближило, тргна во Витлеем, за да се запише во градот на предокот свој Давид. Сî било така премудро уредено за во градот на лебот што на еврејски значи  името Витлеем (Бетлехем) да се роди Оној Кој ќе говори за себе:

 - Јас сум Лебот на животот!...

Кога стигнале, Јосиф почнал по градот да бара некакво преноќилиште, но сите госторимници биле преполни со надојдениот народ, а и во ниту еден дом витлеемски не се најде место за нашите патници. Кога ноќта започна да паѓа, тие конечно се засолнија во една пештера во околината на градот, која инаку им служела на овчарите да ја сокријат стоката кога времето е лошо.

Така во таа пештера, токму на полноќ, молејќи се и радувајќи му се на Својот Бог Кого како човек го раѓала, Пресветата Дева Марија во тело го родила Господа нашиот Исус Христос. Синот Божји Единороден се родил на земјата како Син Човеков онака како што во дамнина го прорекол синот Давидов, царот Соломон:

-Кога сî се прекри со безгласна тишина и ноќта во текот свој до половина дојде, од Небесата од Царските престоли, насреде нагибнатата земја слезе семожното СловоТвое, како војник страшен!

О прекрасно ли чудо, највелико од сите – Дева родила Син и останала Девојка! Го родила и во тенки ленени повои го повила и на раце го зела, целивајќи го и шепотејќи:

- Чедо мое преслатко, како можам во прегратките свои Тебе да Те држам Кој во десницата Своја сета вселена ја држиш!?

Пештерата во тој час со небесен сјај се исполнила и со Ангели кои со радост и восхит го опкружиле Творецот Свој и Господ и Му се поклонувале исто така, пеејќи умилни песни...

Откако го виделе Божественото Дете, Ангелите Божји и светлењето на Славата Божествена која се изливала во пештерата, на Новородениот и на Неговата Пресвета Мајка им се поклонил потоа и старецот Јосиф, воодушевувајќи се на исполнувањето на великата Тајна...

Во пештерата покрај јаслите стоеле и животни – едно кротко волче и долгоушно магаре. Тие сосвојот топол здив го грееле Детенцето и Му служеле, како што и му доликува на созданието со љубов да му служи на Створителот свој.


Поклонувањето на мудреците


 Тројцата цареви од исток со својата чудесна патеводителка стигнале во Светиот град Ерусалим на самиот ден на Раѓањето Христово. Кога влегле во Градот, ѕвездата по заповеста Господова, се сокрила. Тројцата поклоници почнале да се распрашуваат кај минувачите:

 - Каде е новородениот цар јудејски? Ја видовме ѕвездата Негова на исток и дојдовме да Му се поклониме!

Минувачите се погледнувале се со чудење и одмавнувале со рака, не разбирајќи за што зборуваат чудните странци.

Веста за нивното присуство брзо стигнала до ушите на самиот цар Ирод и тој се исплашил да не го турне некој од престолот. Во дворецот се случила потполна вознемиреност. Немир ги зафатило и верските старешни еврејски. Ирод брзо околу себе ги собрал книжниците и свештениците и почнал да ги прашува каде треба според Светото Писмо да се роди Божјиот помазаник, Месија или Христос, кого што по ветувањето на Бога го чекаат Евреите. Тие му одговориле:

-  Во јудејскиот град Витлеем, како што претскажаа светите Пророци!

Тогаш Ирод им наредил на слугите да му ги доведат дојденците кои го бараат новородениот цар. Откако подробно ги испитал, сватил дека работата е сериозна, па лукаво им рекол:
 
- Појдете во Витлеем и распрашајте се добро за Детето, а кога ќе го најдете, вратете се кај мене и кажете ми, па и јас да одам да Му се поклонам!...

 Тројцата гости пред разделба во знак на покорност му се поклониле и тргнале за Витлеем, а штом излегле од Ерусалим чудесната ѕвезда повторно им се јавила и ги одвела право во пештерата на Раѓањето на Богодетето.

 Откако го здогледале Новородениот, Тие непогрешливо познале преку благодатта Божја дека тоа Дете е навистина Бог... Затоа со уште посилна љубов од своите патнички сокровишта пред детенцето извадиле, и поклонувајќи се положиле дарови со кои тргнале да го даруваат: првиот – Мелхиор како на цар над царевите Му принел злато; вториот - Гаспар Му подарил како на Бог Господ темјан миомирисен, а третот – Валтасар му дарувал како на смртен човек измирна. Бидејќи уморните поклоници отишле на починка, Господ им го пратил Својот Ангел да ги упати дома, никако да не се враќаат по истиот пат и да не го известуваат Ирод за Детето, затоа што овој веќе наумил да го погуби....така мудреците од Исток отишле во својата земја по друг пат, оставајќи го Ирода во неизвесност....

 

Плачот во Витлеем

Ирод пак, прелажан во својата надеж дека ќе дознае каде се наоѓа Божественото Дете, страшно се разгневил и пратил во Витлеем до заби вооружена војска да ги убие сите витлеемски деца од две години и помлади. О, каков плач и какво ридање се разлеа тие денови и ноќи во градот Давидов! Тоа мајките витлеемски жалеа и неможеа да се утешат во својот бол...

Сепак, свирепиот цар детеубиец го стигнала неизбежна казна; умрел од непозната болест, во сташни маки, а душата му се урнала во адската бездна. Душите пак, не невините дечиња–светите Младенци витлеемски, точно четиринаесет илјади, убиени Христа ради, оттогаш живеат во вечна радост со Ангелите на Небесата...

Бегството во Египет

 Божественото детенце, пак, останало живо и здраво–пред Божјата сила и премудрост злото е секогаш немоќно. Всушност пред да започне страшната погибија, Ангел Господен му се беше јавил во сон на Јосиф:

- Стани и земи ја мајката Господова, па бегај во Египет и остани таму додека не ти кажам, бидејќи Ирод го бара Детето да го погуби!

Откако набрзина го земаа она што им е најнеопходно за пат, светите патници се упатија тајно во земјата египетска. Јосиф со себе го беше понел својот син Јаков, за да му биде од помош на неизвесниот пат. Затоа тој подоцна бил наречен брат Господен, затоа што патувал со светото Семејство во Египет. Се зборува дека за време на нивното патешествие и престој во Египет се случиле многу чудесни настани. Така на едно пусто место ги нападнале разбојници, кои имале намера да им го земат магарето на кое седела Пресветата Богомајка со своето Божествено чедо. Но, еден од разбојниците забележувајќи ја чудесната убавина на Богодетето, рекол воодушевен: 

- Кога Самиот Бог би се облекол во човечко тело, би бил прекрасен како ова Дете!

Го изрекол тоа и не им дозволил на другите разбојници да му нанесат никакво зло на светото Семејство. Пресветата Богомајка, пак, му ветила на благоразумниот разбојник дека Синот Нејзин некогаш Самиот ќе му се заблагодари за доброто дело, што подоцна се обвистинило....

Откако пристигнале во египетската земја, во краевите тиваидски, Патниците застанале кај градот Ермополис во близина на едно големо и убаво дрво.
Тамошните жители-незнабошци го почитувале тоа дрво како храм на лошиот дух кој живеел во него и кому тие ми се клањале како на божество. Кога Пресветата Дева со Богодетето на раце му се приближила на дрвото, лошиот дух побегнал, а тоа ги свиткало своите многулисни гранки до земја, поклонувајќи му се на Створителот свој. Дрвото останало така свиткано, а неговато бујно лисје од Божественото Дете добило чудесна моќ, по која се прочуло надалеку....

Кога светите Патници влегле во Ермополис, по целиот град од своите места паднале и на ситни парченца се искршиле сите незнабожечки идоли. И не единствено во овој град, туку и во целиот Египет, навидум сами од себе, се кршеле статуите во кои пребивале злите дуси и тие безглаво бегале пред силата Божја која одела по земјата...

Во една прилика светото Семејство застанало во близина на некое село. Праведниот Јосиф ја оставил пречистата Дева со детето под едно смоквино дрво, а самиот отишол во селото да бара преноќиште. Тогаш гледај чудо! Дрвото смоквино како шатор се надвило над Дева и Богодетето, штитејќи го од сончевото печење, а корените во земјата се растргнале и под дрвото се отворила пештера, која нив бездомните ги примила во својот ладовен преграт...

Во близината на истото дрво се случило и друго чудо: од вжарената од сонцето земја, по молитвите на Богомајката, избил извор на жива вода, со која таа го напоила своето жедно Чедо. Од тоа време до денешен ден водата од овој извор ја лекува секоја болка, по верата на човекот.

Во тие краеви светите Патници престојувале, се додека не умрел лукавиот Ирод. Кога пак, овој умрел, Ангелот Господов повторно го посетил Јосиф и му рекол:

- Земи го детето и мајката Негова и врати се во земјата Израилева, бидејќи умреа оние кои го бараа да го погубат!

Така светото Семејство тргна назад  но, не во Витлеем, каде што сеуште се виеше злотворната сенка на Ирод, туку во градот Назарет, во краевите Галилејски, со што се обвистини уште едно древно пророштво – дека Исус ќе се нарече Назаретјанин.

Ете така се роди на земјата Господ наш Исус Христос, Кој дојде од гревот да нî спаси и од смртта и повторно да нî направи послушни и смерни деца на нашиот Небесен Татко.

Да се поклониме затоа и ние овој Божиќ, мили дечиња, со благодарност на Богодетето Христос и на Пресветата Богомајка, смерната слугинка (раба) Господова која на спасение нí Го родила, принесувајќи им пофална химна до крајот на векот и во вечноста.

 

Подготви: Маја Белева

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1909
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2422
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная