логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 Zlatko.Ru.jpg

Трпението
 Погледнете ја мирната вода, чија површина е рамна како огледало. Но фрлете во неа и најмало нешто и таа истиот час ќе се раздвижи по целата површина. Тоа е слика на малодушноста, која штом ќе дојде некоја непријатност, веднаш се вознемирува и тагува. Но, тука е и – карпата! Брановите ја бијат, а таа стои. Не обрнувајќи на нив никакво внимание, како тоа воопшто да не ја загрижува. Ова е слика на великодушноста и трпението.
 Трпението треба да биде совршено, то ест, треба да се издрже како што треба, што би тоа во ништо не би било меко. Совршенство на трпението е – да се трпи спокојно, дури и со радост, и да се благодари на Бога за околностите кои тераат на трпение, како за вистинско и суштинско богатство. Верувајте дека трпејќи клевета земате учество во соборот на мачениците и радувајте се за тоа. Зашто навистина е така. А допуштајќи тага и самосожалување, вие ја смалувате вредноста на она што Господ ви го дава в раце.
 ... Трпете. Со трпение се задобива душата, како да се купува на лицитација.
Трпението е пространа област. Не треба да ја бараме: таа е на секому под нозете и на плеќите во доволна мера.
Кој претрпи до крај, ќе биде спасен (Мт. 10, 22). А имаме ли што да трпиме? Тука никој не е сиромашен. Секој има широк терен за трпение; значи и спасението ни е на дофат на рацете. Претрпи сè до крај и ќе бидеш спасен. Сепак, треба да се умее да се трпи; зашто може и да се трпи, а од тоа да се нема никаква корист. Како прво, чувај ја светата вера и води беспрекорен живот по верата; секој грев кој ќе се случи веднаш очистувај го со покајание. Како второ, сè што треба да претрпиш, примај го како од рацете Божји, имајќи непрестајно на ум дека ништо не станува без Божја волја. Како трето, верувај дека сè што потекнува од Господ, Тој го испраќа за добро на нашите души, искрено благодари на Бога за сè, благодари и за неволјите и за утехите. Како четврто, засакај го страдањето заради неговата голема спасоносност и жеднеј за него како за горк но исцелувачки напиток. Како петто, размислувај за тоа дека кога ќе се појави неволја не треба да ја фрлиш како тесна облека, туку да претрпиш. Дали ќе ја претрпиш христијански или не – секако ќе мораш да ја претрпиш; тогаш е подобро да ја претрпиш христијански. Роптањето не избавува од неволја, само ја отежнува; а смирената покорност пред одлуката на Промислата Божја с спокојството ја олеснуваат неволјата. Како шесто, за себе сметај дека не заслужуваш таква неволја; зашто кога би сакал Господ да те подложи на правдата, зарем таква неволја би требало да ти испрати? Како седмо, над се моли се и милостивиот Господ ќе ти даде цврстина на духот, со која ќе ти изгледа, додека другите се чудат на твоите неволји, дека всушност и немаш што да претпиш.
Секој од нас е врзан со свој круг на обврски – и кон Црквата, и кон власта, и кон општеството, а некој, покрај тоа и кон семејство.Исполнувањето на овие обврски е круг на добри дела кои Господ од нас ги бара. Но совесното исполнување од нас бара труд и трпение, за не само да би почнеле добро, туку и да продолжиме и да го доведеме до крај.
... Кога ќе стапиш во борба со страстите за да би угодил на Бога, сметај за себе дека си распнат на крст и спокојно пребивај на него, не офкај и не оттргнувај се, а особено отфрли секаква помисла да слезеш од него, се додека не настапи час и сам да кажеш: Оче, во Твои раце го предавам духот мој.
... Ништо не започнувај ако не промислиш и не пресметаш дали ќе имаш доволно сила започнатото да го доведеш до крај. Така Господ заповедал во приказната за оној кој започнува војна и пристапува кон подигнување на куќа. Во што се состои таа пресметка? Во тоа човек однапред да се вооружа со самоодрекување и трпение. Погледај дали постојат кај тебе тие потпори на сите кои се трудат во доброто и ако постојат зафати се за работа, а ако не, тогаш однапред подготви се на нив. Ако се подготвиш, што и да сретнеш на патот по кој си се намерил, сè ќе претрпиш и совладаш и започнатото ќе го доведеш до крај. Пресметка не значи тоа, дека треба да го отфрлиш делото ако е тешко, туку да се вдахновуваш на секаков напор. Од таму потекнува цврстината на волјата и постојаноста на работењето. И никогаш нема да ти се случи да кажеш „одам“, а потоа да не дојдеш до крај.
Трпете и трпете! И уште: бидете спокојни! Утврдете се во верата дека сè е од Бога и дека сè ни е на добро, иако ние тоа јасно и не го гледаме. Верата и е потребна за невидливото, а за видливото: што ќе ни е вера? Нека се смилува Господ над вас! Нека ве утеши Господ со невидлива, духовна утеха. Господ нека ве излечи, и Неговата Премилосрдна Мајка, и Ангелот-Чувар. Сеќавајте се на страдалниците и тешете се со нивното трпение. Сеќавајте се на гонетите и мачените и вдахновувајте се со нивното трпение.
Кога поднесувате зло, значи – трпите. А што тоа е болно, како и да биде поинаку? Кога не би било болно, не би имало ни што да се трпи. Вашето срце сигурно е многу погодено и длабоко поразено со она што се случува. Тоа не се случува волно, затоа и нема да се припише како кривица. Виновноста доаѓа од одна што се појавува како последица на чувства. Ако сте расрдливи, раздразливи, кавгаџии, ако роптате. А доколку и она што е болно го трпите без роптање, тогаш не може да биде поинаку, туку според вашето расположение.
Пред сè вежбајте се во љубовта – на дела и во чувства – не исклучувајќи никој од оние кои се допираат до вас, ма колку и да биле неугледни.
Кој претрпи до крај, тој ќе се спаси (Мт. 24, 13). Но нема да се спаси секој кој трпи, туку само оној кој трпи на патот Господов. Овој живот е наменет за трпение, секој нешто трпи и ќе трпи до самиот крај. Но трпението не е од корист ако не е заради Господ и заради Неговото свето Евангелие. Застани на патот на верата и на евангелските заповеди па поводите за трпење ќе се умножат, но трпението од тој момент ќе почне да донесува венци и тоа трпение кое дотогаш било пусто, ќе стане плодоносно. Како нè заслепува ѓаволот, кога како тешко и неиздржливо го претставува самото тоа трпение кое се сретнува на патот кон доброто, а она кое тој сам им го наложува на служителите на страстите го представува како лесно и безначајно, иако е тоа потешко у пожално од трпението кое го поднесуваат борците против страстите и ѓаволот! А ние сме слепи и не го гледаме тоа... Се трудиме, трпиме и омалаксуваме заради ѓаволот, а на своја погибел.
Говорете: слава на Бога за сè! Слава на Бога што испраќа нешто да претрпиме, зашто тоа е исто што и да се пружи прилика да се заслужи Царството Божјо, кое е ветенп на оние кои трпат и се спокојни во трпението. Ако треба да претрпите, претрпете, но придодајте и спокојство на душата... Она е од Бога, а ова е од вас – и ќе имате допирна точка со Господа.

 

 

(AdamiEva.jpgПродолжува)

Подготви: З. Д.

 

   Св.Теофан Затворник : 1.Молитвата – дишење на духот (Речник на христијанскиот живот - 69)


 Stefan.LIt.Bogorodica.jpg

Подготви: Златко  Дивјаковски

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2020
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2536
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная