Скопје, 23-ти септември 2017 год.
Најпоследниот враг за уништување е смртта (1.Кор 15,26)
На човекот прв непријател е ѓаволот, втор гревот, и трет смртта.Господ Исус Христос ги победи сите три овие непријатели на човечкиот род. Со своето понижување го победи горделивиот ѓавол.Со својата смрт го победи гревот, а со своето Воскресение ја победи смртта, победувајќи ги сите наши непријатели.
Тој нас не повикува да земеме учество во Неговата славна победа. Не да ние победиме, туку само да се прилепиме покрај Победителот.
Само Неговата сила победува, само Неговото оружје руши. Ние сме без сила и без оружје, а нашите непријатели се силни.Но со Него и покрај Него ние ги победуваме и посилните од нас,
По која цена Тој нам ни ја нуди Својата победа? По евтина цена браќа и сестри; по многу евтина цена браќа и сестри мои.Тој нам ни ја дава најскапоценат победа. Да се понизиме и покориме на Божјата волја- тоа е цената која Тој ја бара за да би победил ѓаволот за нас.да живееме за Него, а не за себе си, да го вселиме Него во своето срце - тоа е цената која Тој ја бара да би ја победил смртта за нас.
Он ги победил сите непријатели јавно и потполно, но ова е цената по која Тој ја нуди Својата победа. за секој од нас.
Апостол Павле говори: „Да Му благодариме на Бога, кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.
О Воскреснат Господе, осветли не и осили не и излечи не.со Твојата победа.
Ти воздигнуваме слава и благодарност и благодарност во вечни векови. Амин
Протопрезвитер Зоран Стаменковиќ
на празникот на преп. богоотци Јоаким и Ана
[youtube height="350" width="650" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=cIsNjmuYBhU[/youtube]
Храм на св. пророк Илија, н. Аеродром
Преминпортал (к.т.)