Грчката православна црква ги поткопува добрососедските односи помеѓу Грција и Македонија со наивни и неодговорни повици за прекројување на границите, се посочува во реакцијата од Обединетата македонска дијаспора по новата изјава на грчкиот митрополит, солунскиот епископ Антимос дека „Македонија е грчка... и нејзините делови што недостасуваат треба да и' се вратат“.
Со оваа изјава грчкиот митрополит алудира на територијата на Република Македонија, но и на делови од Македонија што се во Бугарија.
„Повикот за поделба на најмалку две балкански земји од грчките црковни лидери е неприфатлив и во секој случај не придонесува за добрососедски односи, за какви што Грција тврди дека ги посакува со Македонија“, соопштија од Дијаспора.
Во реакцијата се посочува дека изјавата на митрополитот Антимос е во време кога Грција ги зголемува неоснованите и политички мотивирани тврдења за „иредентистичка пропаганда“ на Македонија против Грција, кои произлегуваат од таканаречениот спор за името помеѓу двете нации.
Извор: ДНЕВНИК
Уште еден грчки митрополит сака дел од Македонија
Атина /14/11/ 16:43
По скандалозната изјава на солунскиот митрополит Антимос во врска со Македонија и митрополитот на Калаврита и Аигалеја, Амбросиос смета дека делови од територијата на Македонија и припаѓаат на Грција.
Амбросиос изјави „бидејќи најдобрата одбрана е нападот, многу добро направи митрополитот на Солун потсетувајќи дека Монастири (Битола) е грчка територија, од која скопјаните имаат корист“, пренесуваат грчките медиуми.
„Ако Антимос е националист, тогаш зашто некои други да не се ,продале’ на странски планови и интереси”, прашува реторички митрополитот на Грчката православна црква/крај/фокус/ил
Посети: {moshits}
Архимандрит Рафаил Карелин
Во болницата умре старец. Дијагнозата на неговата болест беше слична на судска пресуда со која е изречена смртна казна. Неговото име беше познато по целиот свет но никаква човечка сила не можеше да го спаси. Единствената помош која неговите колеги лекари можеа да му дадат беше доза морфиум во вената од која тој повеќе не ќе може да се разбуди. Но, во тоа време докторите, исто така атеисти, потсвесно сфатија дека животот и смртта припаѓаат на Божјата одлука, а не на решението на луѓето, затоа им преостана само беспомошно да го гледаат пациентот како тоне во агонија. Пациентот имаше рак на вилицата и јазикот. Тој старец запамтен како чесен рабин, цел живот се обидуваше да докаже дека човекот има само сексуална природа, дека религијата, културата, и искуството се само контрола над неговите гени, дека љубовта на родителите и децата едни кон други е само потсвесна желба за родоосквернување. Во неговите академски лекции и научни дела, се наоѓа многу богохулење и презир спрема човекот. Како да го имаше собрано целиот талог на злото и гревот, кое човештвото го создаде од своето постоење и сето тоа го нарече ‘наука’. Светот беше спремен да го прими неговото учење. Луѓето далеку од прашањата на психијатријата, со восхит ги читаа неговите книги, бидејки во нив наоѓаа апологија на демонизмот и на сопствените гревови.Тоа учење не беше причина за морална катастрофа на човештвото, но доведе до вриење на злото, донесено во декадентната култура на 20-от век. Германскиот философ Шпенглер ја напиша книгата ‘Заоѓање на Европа’. Ако би можеле да нацртаме слика со такво име тогаш еден од главните ликови на таа слика би бил и тој старец, кој умираше од рак на јазикот.Тој како да стана духовен отец на науката на 20-от век за човекот. Стана следбеник на демонскиот суд на сексуалниот ѕвер. Веројатно го претпоставувате името на пациентот-тоа е Сигмунд Фројд. Ако културата во изминатите два века беше ‘фаустовска’ култура, кога човекот ја отфрлаше вечноста поради минливите моменти, кои не може да ги запре, тогаш културата на 20-от век можеме да ја наречеме ‘фројдовска’ култура-со тоа исмевање на се што е свето и кое сеуште се чуваше во човекот. Човекот е изгубен, главното во животот се состои од два силни инстинкти-секс и убиство-совеста, со која е човекот оптоварен како во првобитниот хаос. Фројд повеќе не може да зборува, тој објаснува со покрети на прстите, јазикот му е изеден од болеста како на црв. Се зборува дека најголем ужас е да се видиш самиот во гроб. Тој себеси се гледа како распаднат мртовец. Метастазите на раката веќе го покрија неговото тело како пајакова мрежа, на лицето му се појавија гангренозни чиреви, образите му потемнеа, од устата капе плунка, целото негово тело околу себе шири неподнослива миризба. Околу него нема роднини, никој не може да му пријде поради миризбата, која како да се шири од гроб. Фројдовото лице го прекриваат комарци, кои ги привлекува миризбата на гнојот-тој не може да се одбрани од нив. Тогаш неговото лице се покрива како покривач со газа. Изгледа поради неговата миризба и сатаната се воздржува да му пријде, за да му ја земе неговата душа. Агонијата продолжува. Фројд имаше омилено куче од кое никогаш не се одвојуваше. Сега и тоа не издржувајки ја миризбата побегна од собата, тоа беше последен удар за Фројд: остана сам со себеси, односно со тоа што остана од него. Секогаш се плашеше од смртта, но сега немо ја повикуваше со своите очи. Се зборува дека поголема доза на морфиум би ставила точка на историјата на неговата болест.
Фројд-тоа е еден од лошите символи на нашето време. Неговата смрт исто така е символична:таа како да го олицетворува распаѓањето на таа култура, која е изградена на секс и крв, и култ на изопачено насладување и насилство. Таа миризба на загноеното тело има име “разврат”. Но тој веќе почна да ги труе како гангренозни чиреви сите пет континенти.
Богохулниот јазик на Фројд се распадна во устата на својот сопственик, се претвори во гној кој капеше од устата и се враќаше во неговот грло. ФРОЈД, КОЈ ГО ПРЕДИЗВИКА НЕБОТО, УМРЕ КАКО НЕМОЌЕН ЦРВ НАПУШТЕН ОД СИТЕ. Но и самата смрт на Фројд има симболично значење, би рекле пророштво за тоа каков крај може да очекува човештвото.
Превод: Б.Ч.
Посети: {moshits}
Архимандрит Рафаил Карелин
Што е православно христијанство? –Тоа е пред се непоколебливо чување на апостолското и светоотечкото Предание, верност на содржината и формата која свое потекло води од Божественото Откровение. Православие е чистота на верата и цврстина на преданието.
Веќе во првите векови еретиците-гностици кои се обидуваа да го усогласат христијанството со паганизмот тврдеа дека тие се духовни ‘елитни’ христијани наспроти останатите верници, кои ги нарекуваа профани и кои поседуваа тајни знаења со чија помош може да се сфати длабочината на христијанството и да се дешифрира целото Свето Писмо. Но, вистината за гностиците се состоела во тоа што Христос Го прогласија за еден од космичките еони, Кој слезе на земјата привидно во облик на човек.
Окултистите во нашето време- теософите, антропософите, исто така изјавуваат дека сакаат да им помогнат на луѓето да го сфатат Евангелието подобро од Црквата и завршуваат со тоа што Христос и Луцифер ги прогласуваат за двојници.
Ако човек праша астролог, кој живее во православна земја од која вера е, најчесто ке добие одговор: “православeн христијанин”. Зошто тогаш Црквата на која тој формално и припаѓа ја негира астрологијата? Веројатно астрологот ќе одговори дека тоа е плод на незнаење и неинформираност, додека најдобрите преставници на Црквата немале ништо против астрологијата.
Тогаш ќе го прашаме астрологот за какви ги смета светителот Василиј Велики или светителот Јован Златоуст - за најдобри преставници на Црквата или за суеверни и необразовани луѓе. Зошто тогаш тие не се занимаваа со астрологија туку се трудеа да ја искоренат заедно со демонското наследство на паганизмот? Зошто тогаш Црквата нив ги нарекува големи светители и вселенски учители?
Гласот на Православието се Вселенските Собори. На петтиот Вселенски Собор астрологијата беше осудена заедно со другите лажни учења. Познатиот астролог Јован Агирик поради своето погубно учење беше отстранет од Црквата и анатемисан. Ако астрологијата е вистинско учење кое се сложува со Православието зошто тогаш таа не влезе во црквеното Предание? Црквата никогаш не сокри ништо од тоа што и го пренесоа Апостолите. Ако астролозите историјата на Црквата ја сметаат дека била време на незнаење, необразованост и заблуда, тоа значи дека тие го негираат и самото Православие и создаваат нова религија, спекулирајќи со името Христово кое не им е многу важно. Многу Свети Отци немаа само религиозно образование туку и фолософско. Самата нивна борба против астрологијата зборува за тоа дека тие биле запознаени со ова учење и сведочеа дека астрологијата е една од многубројните непријатели на Црквата.Да се сомневаме во нивната светост значи да се сомневаме и во Црквата,која по зборовите на Апостол Павле е столб и тврдина на вистината (1 Тим 3,16). Значи, астрологијата за да го оправда своето постоење мора да ја уништи верата во Црквата, да го уништи Православието и да создаде ново учење слично на гностицизмот и теософијата. Астрологијата го дискредитира православното учење, со други зборови го отфрла, заради тоа што дискредитирана религија не може да биде предмет на почитување и на вера. Ако астролозите тврдат дека нивното учење е ново откровение на Црквата, тогаш пак доаѓаме до противречност. Астрологијата не е ново туку старо учење кое го имаа Вавилонците, поклониците на Астарта-божицата на небото и ѕвездите.
Зошто тоа учење постана популарно во наше време кога гледаме катастрофален пад на моралот, бездуховност и егоцентризам? Дали овие појави не се во меѓусебна врска? Ние овде не се обидуваме да ја анализираме астрологијата како учење, туку сакаме да кажеме дека тоа е исто такво одрекување од Христос како и поклонувањето на идолите. Нека астролозите бидат храбри и нека кажат дека ја прекинаа врската со Преданието на православното христијанство и дека создадоа нова религија со своите женски и машки врагови.
По зборовите на пророкот Осија оние кои истовремено се поклонуваат на Јехова и на Ваал ползат на двете колена (1 Царств. 18, 21). Вистината е една. Таа не може да се промени и да го менува својот облик.
Во Стариот Завет Бог го казни Авирон кој во светилиштето внесе туѓ оган. (3 Мојс. 16, 12–35).
Православието има своја мистика, тоа е внатрешната Исусова молитва за очистување на умот и срцето од грешни помисли. Православната мистика има љубовен карактер, таа е поврзана со аскетизмот, оваа мистика за цел има вечен живот како вечно Богоопштење и е заснована на љубовта према Бога. На земскиот живот таа гледа како на време на искушение и пат кон вечноста. Христијанскиот мистичар целта на своето постоење не ја утврдува во себе, туку во Бога. Тој умира за себе предавајки ја својата душа на Божествената волја, како би ја добил препородена и преобразена, затоа христијанската мистика е смрт и воскресение на душата. А окултистичката мистика има егоистичен и егоцентричен карактер. Таа бара сладострастие, задоволување на страстите, а пред се гордост, а исто така и опивање со демонски чувства, кои човекот ги смета за духовна состојба. Оваа мистика е преполна со грев и страсти, и ако понекогаш, на пример, во системот на јогата се бара вежба споена со воздржување, центар во неа останува самиот човек. Суштината на оваа мистика е служење на сопствените чувства и доживувања, а средствата на кои се потпира мистичарот-окултист се поседување магиски знаења, сликовито зборувајки тоа се шифрите на пеколот. Човекот кој се утврдува во духовниот свет преку окултните знаења, а во видливиот свет за потчинување на другите кон својата волја, има агресија како ‘Пророк’ на окултизмот и астрологијата кој се занимава со претскажување обични секојдневни работи бидејки за тоа се интересира неговиот муштерија, а за друго не е ни способен. Во Библијата се зборува за големо безумие на луѓето кои се одвратија од Бога и почнаа да му служат на златното теле (2 Мојс. 32, 1–8). Плутократијата го потпомага развојот не само на нихилистичкиот материјализам, туку и мистичниот окултизам и морализам кој е лишен од Бога.
Астролозите премолчуваат многу места во Библијата, каде се осудуваат магијата и окултизмот, вклучувајки го и гатањето по ѕвездите, обидувајќи се да извлечат бесмислени заклучоци за тоа дека Христовото раѓање зависело од положбата на ѕвездите. Меѓутоа ученикот на Св Јован Богослов, свештеномаченикот Игнатиј Богоносец, за чии посланија дури и рационалистите признаа дека се оргинални, пишува дека Витлеемската ѕвезда за разлика од другите ѕвезди била ангелска сила. Ниту една ѕвезда не можела да застане над Витлеем над местото над кое се роди Христос. Оваа ѕвезда го покажувала патот, ама никаде не се зборува дека таа ја предодредила судбината. Таа беше ангелска појава за исполнување на древните пророштва, а никако елемент на ѕвездената карта. Ниту еден од Светите Отци ова место во Евангелието не го толкувал во астролошка смисла. Астролозите тврдат дека Црквата своевремено, поради незнаење го отфрлила нивното учење, сведочејки со тоа дека тие самите не се во таа Црква. А во која Црква се тогаш? Светиот Дух не може да греши и да лаже. Но, според мислењето на астролозите, тајните и обредите на Црквата се само историска профанација и дека нема друга варијанта. Кога човековиот живот би можел да биде одреден преку ѕвездена карта на бебињата кои би се родиле во исто време и во ист крај, би имале ист карактер и иста судбина. Зошто тогаш луѓето кои ја здогледаа светлината под разни созвездија, кои се родија во различни земји и на различни меридијани загинуваат заедно,на пример во бродолом? Зошто двајца близнаци имаат различни способности, различни таленти, различни карактери и различна судбина?
Астролозите се обидуваат да дадат контра аргументи и да кажат дека ни двајца близнаци не се раѓаат истовремено, но како тогаш тие не пазат на составувањето на звездените карти на луѓе кои се родени пред десетина години? Значи ако се следи нивната логика во првиот случај астрологот за да биде звездената карта точна, мора да седи на покривот на породилиштето и да чека детето да се роди (ако помине само минута ке се промени и небесната карта) а во другиот случај знаејки го само приближно местото и денот на раѓањето, тие смело составуваат таблици и го одредуваат според нив човековиот живот. Да направиме едноставен експеримент, да предложиме да се основа ѕвездена таблица на непознат човек и да се одреди неговиот тип и судбина. Грешката е неизбежна, бидејки демонската сила незнае за човековите мисли и не може да учествува во таков експеримент, и ќе залута на ѕвездената карта како дете кое не ги знае поимите на географската карта на светот.
Зошто некои астролошки прогнози некогаш се остваруваат? Обично овие прогнози се даваат во многу неодредена форма така што ситуациите кои се наведени- непријатности, среќавања, победи, порази, обавезно се случуваат во некои прилики во животот. На пример потполно е возможно ближниот да ме излаже, возможно е и да се добие неочекувана помош, возможно е да се мачам поради болест,а потоа да оздравам и да умрам (ако оздравам нема да се жалам кај астрологот, ако умрам нема да можам да се жалам).
Но ние не сакаме да ја претставиме астрологијата како невина шега. Овде се вклучени и демонските сили кои имаат одредени информации за конкретен човек и незнаејки ја иднината можат само да претпоставуваат каква ќе биде. Меѓутоа демонот секогаш е лажливец и човекомразец, дури и кога очигледно зборува нешто што личи на вистина. Во Делата апостолски се зборува како опседнатата со бесови слугинка одејки по апостол Павле и неговите сопатници викала:овие се Божји луѓе нив слушајте ги’(Дап. 16, 16–17).меѓутоа апостол Павле не го одобрил ова сведоштво, ‘тој се вознемири во духот’ односно негодуваше како демон сведочи за вистината, и му забрани, после што слугинката престана да ‘пророкува’.
Свештеномаченикот Кипријан Картагински во својата книга "Суетата на идолите" (3. в.) пишува за римските конзули кои поверуваа на претскажувањата дека ќе победат појдоа во битката и беа убиени и заробени, напротив, конзулот Цезар, кој ги отфрли претскажувањата кои му забрануваа да плови пред зимата во Африка, многу лесно доплови и победи. Во оваа книга Св Кипријан претскажувањата ги нарекува лага, која ја помрачува вистината. Христијанството не признава учење за ‘судбината’ зашто со се раководи промислата Божја, со почитување на човековата слободна волја. Тоа ја негира астрологијата како лажна окултна наука, која тврди дека човекот зависи од планетите, и која човекот не го смета за слободно суштество туку како еден од преметите т.е. го негира обазот Божји во човекот. Поради тоа Светите Отци на Црквата, а особено Св. Василиј Велики ја разобличуваа астрологијата како паганско учење во кое владеат судбината и неопходноста, каде што нема слободна човекова волја и каде што не постои разлика помеѓу доброто и злото. Црквата не ја прифаќа астрологијата во никаков облик, сметајки ја суштински како еден вид на паганска магија.
Превод: Б.Ч.
Посети: {moshits}
Николај Николаевич ЛИСОВОЈ
Археолозите тврдат дека улиците по кои чекорел Христос, и улиците на денешниот Ерусалим, ги дели слој со дебелина приближно девет метри. Во изминатите 2000 години Ерусалим неколку пати речиси целосно бил уриван и повторно возобновуван. Па сепак, ние можеме со сигурност да кажеме каде се местата на евангелските настани. Врз основа на што?
Во наше време се навршуваат приближно 3000 години од основањето на Ерусалим, но денешниот град има малку заеднички нешта со градот каков што бил при неговото основање, или со градот во времето на Христос, или, дури, со Ерусалим пред само петстотитни години. Историјата на Ерусалим е „богата“ со разурнувања. Набргу по евангелските настани, дошло до востание на Евреите против римската власт. Како резултат на тоа, во 70 година градот бил речиси целосно разурнат од војсководачот (идниот император) Тит Флавиј. Потоа, во 135 година по задушувањето наредниот бунт на Евреите, предводени од Бар-Кохба, императорот Адријан целосно го возобновил Ерусалим, или, подобро кажано, изградил сосема нов град. Ерусалим повторно бил разурнат во почетокот на VII век од страна на персијанците, а во XIII век – од крстоносците.
Па сепак, и Евреите и христијаните велат дека точно знаат каде се нивните свети места во Ерусалим. Но, зошто христијаните се уверени дека токму таму, каде што денес стои храмот на Господовиот гроб, бил погребан Христос? Или, како се уверени дека местото, за кое денес тврдат дека е Голгота, е она вистинското? Вакви примери може да се редат без крај...
Одговорот лежи во фактот дека во историјата на религиите постои еден феномен: една религија секогаш се труди да ја прикрие другата со свои храмови, празници, споменици итн. Односно, се стреми да ја избрише другата религија од свеста на нејзините верници. Парадоксално е, но токму поради тој феномен христијаните точно ги знаат местата на евангелските настани. Кога религиозната традиција сака да се вкорени на одреден простор, таа обично како основа за своето вкоренување ги користи постарите религиозни традиции. За нас е важно дека една паганска религија се обидела да се изгради врз темелите на евангелската, библиска традиција, но притоа претрпела неуспех. Римјаните како народ се одликувале со прецизност и со педантност. Тие уредно ги запишувале сите настани. Кога империјата за време на Константин Велики станала христијанска, требало само да се отворат архивите и да се види што се случувало во II век во Ерусалим.
Кога во 135 година во Ерусалим пристигнал императорот Адријан, тој решил на местото на Ерусалим да изгради нов град и да го преименува во Елија Капитолина (Aelia Capitolina). Така, Ерусалим му бил посветен на Јупитер Капитолски. Стариот Ерусалим бил возобновен според нов план. На, всушност, воопшто не се работело за сосема нов план. Ако ја погледнете картата на современиот Њујорк, ќе разберете како Римјаните ги граделе своите градови. Широки „авении“ и „улици“ што ги сечат – тој принцип при градењето градови воопшто не им припаѓа на современите американци... Постои доволно цврст стереотип дека Адријан целосно го разурнал сето она што останало од стариот Ерусалим, па дури наредил и да се изоре местото пред да се отпочне со изградбата на новиот град. Да, императорот навистина го изорал градот. Но, во која смисла? Во древноримскиот ритуал за основање нов град задолжително влегувало следново дејствие: градот по периферијата задолжително требало да се изора со плуг во кој биле впрегнати црн вол и бело јунец. Така е направено и при основањето на Рим во 753 година пред Христос. На тој начин, новиот гувернер на Ерусалим, облечен во бела ритуална облека, го впрегнал волот и изорал бразда околу новиот град.
Римјаните ги граделе градовите исто како што тоа се правело во христијанското средновековие, почнувајќи од храмот (или од храмовите). Местата на кои требало да се градат светињи, кај Римјаните ги одредувале жреците. А што направиле жреците на императорот Адријан? Своите претскажувања за местата на идните пагански храмови во Ерусалим сосема свесно ги поврзале со древните светињи на градот. Тие постапиле така за да ја втемелат својата религиозна традиција на веќе постоечката – библијска. Ако се погледне топофрафијата на градот, може да се забележи дека низ паганските светињи може да се повлече права линија: од Елеонската гора, преку Светињата на светињите на Соломоновиот храм, до Голготата.
Што требало да направи Адријан за да изгради пагански светилишта на местата на Господовиот гроб и на Голгота? За да одговориме на ова прашање, треба да се потсетиме што претставувале местата на кои бил распнат и погребан Христос? Макар што тие места денес се наоѓаат во центарот на Ерусалим, во почетокот на I век и Гологотата и Господовиот гроб се наоѓале надвор од градските ѕидини. Петстотини години пред Христос, местото на кое е погребан Христос претставувало каменолом. За времето на Христос, тоа било запуштено. Таму сега се наоѓала мала градина, надвор од градот, во која богатите луѓе можеле да си направат гробници. Интересно е дека современите археолози ги потврдуваат евангелските податоци дека местата на Распетието и на погребувањето на Христос се наоѓаат надвор од градот. А поинаку и не можело да биде. Евреите секогаш ги погребувале своите надвор од градовите, зашто секое мртво тело според Мојсеевиот Закон се сметало за нечисто, и човек дури не смеел ниту да се допре до мртовец. Кај Евреите не постоело почитување на могилите.
Голготата и Господовиот гроб претставувале извишени места коишто се наоѓале блиску едно наспроти друго. Меѓу нив се наоѓала мала долина. Приближно во 44 година – веќе по евангелските настани – овие места влегле во составот на градот. Така, за времето на Адријан местата на Распетието и на погребението на Христос веќе се наоѓале во рамките на градот. Жреците на императорот сакале да го избришат сеќавањето на Христос и да го прошират паганството. Адријан ја израмнил долината меѓу Голготата и Господовиот гроб. Адријан наредил да се донесе земја на местото каде што се наоѓал гробот Господов, и на добиената платформа изградил светилиште на Јупитер Капитолиски. На Гологота Адријан изградил храм посветен на Венера. На местото на Светињата на Светињите на разурнатиот Ерусалимски храм исто така било поставено паганско светилиште. Во наредните двесте години на тие места биле принесувани жртви на паганските богови. Освен тоа, на местото на кое Понтиј Пилат го извел христос пред Евреите и им рекол: „Еве Го Човекот“ (Јован, 19:5) стоел лак со истиот текст. Адријан на тоа место изградил свој лак.
Понатаму следува нов период во животот на градот. Во 313 година излегува указот на императорот Константин за слободата на вероисповеста. По своја суштина, овој закон го извлекува христијанството од подземјето. Прогоните од страна на властите престанале. Империјата постепено станувала христијанска. Во 325 година Константин го свикува Првиот Вселенски Собор во градот Никеја. Оден од спонтано покренатите прашања на тој Собор било и прашањето за Ерусалим, на кој повторно му било вратено старото име. Каква била состојбата со евангелските свети места во тоа време?
Во Ерусалим доаѓа мајката на Константин – Елена. И сега станува очигледен одговорот на поставеното прашање: како се утврдени светите христијански места? Тие биле утврдени, пред сè, благодарение на тоа што Римјаните биле мошне прецизен и педантен народ. Сè било запишано. Било запишано дека жреците на Адријан се обидувале да го избришат од сеќавањата на народот сето она што било поврзано со библиските светињи во Ерусалим. А својата улога тука ја одиграла и споменатата тенденција секоја религиозна традиција да наспојува да се изгради врз темелите на постарата религија. Жреците не наложиле просто да се урнат јудејските и христијанските светињи, туку на нивни места да се изградат нови, пагански. И тоа, исто така, било запишано: кога и на кои места биле изградени римските пагански храмови.
На св. Елена ì преостанало само да ги најде тие убави и монументални градби, за да под нив ги најде евангелските светињи. Постапувајќи на таков начин, царицата Елена ги открила Голготата и Господовиот гроб. Над нив сега биле изградени христијански храмови. Освен тоа, цркви биле изградени и на Маслиновата гора, каде што се случило Вознесението Господово, на местото на „Сионската горница“, во која се оджала тајната вечера, симнувањето на Светиот Дух и Успението на Богородица. Исто така, постои и основа да се смета дека Константин и Елена изградиле храм во Гетсиманската градина над гробницата на Богородица, и на местото на некогашниот лак со натпис „Еве Го Човекот“ на кое сега стоел лакот на Адријан.
Подоцна започнува т.н. „византиски период“ на историјата на Ерусалим. Таа траела триста години, сè додека градот не бил освоен од арапскиот Калиф Омар. Но, тоа е веќе сосема друга сторија.
Судбината на христијанските свети места во Ерусалим јас би ја нарекол „уверување на оние што не веруваат“. Римјаните сметале дека ќе го избришат сеќавањето на Христос така што ќе изградат свои храмови на местата на евангелските настани. Но, се случило нешто што христијаните го нарекуваат Божја Промисла. Императорот Константин не морал долго да ги бара местата на евангелските настани, зашто Самиот Бог се погрижил за тоа. Кога настапило соодветно време, паганските храмови биле разурнати и под нив, целосно зачувани, биле пронајдени светињите поврзани со Спасителот, со Богородица и со апостолите.
Статијата е објавена во 5(22)-от број на журналот "Фома", 2004 год.
Подготви: д-р Драган Михајловиќ
Посети: {moshits}
Архиепископ Хризостом Салама
(авторот е клирик на Антиохиската Православна Црква, кој бил мисионер во Бразилија)
преземено од Православие БГ
Посети: {moshits}
По стапките на ангелите во карпестите цркви
Легендата вели дека црквите биле издлабени под површината на земјата откако Господ му наложил на кралот Лалибела да изгради цркви какви што светот дотогаш не видел и му испратил ангели да му помогнат
Додека странецот во близина црта, етиопскиот свештеник Месганав Таркгн ја мести извезената капа и го подига крстот во совршена поза. Наместо благослов, туристите повеќе сакаат фотографија од религиозниот живот во црквите издлабени во црвените карпи во Лалибела, што многумина ги нарекуваат осмо светско чудо. Етиопија е втората најстара христијанска земја на светот, но поседува и богатства од муслиманските кралства, па властите се надеваат дека ќе ги привлечат туристите заинтересирани за религијата. Легендата вели дека овие цркви биле издлабени под површината за земјата на крајот на 11 и почетокот на 12 век откако Господ му наложил на кралот Лалибела да изгради цркви какви што светот дотогаш не видел и му испратил ангели да му помогнат.
Директорот на УНЕСКО за Етиопија, Нурелдин Сати, вели дека нема простор за паника.
- Лалибела се' уште не е локација во опасност, но сепак размислуваме за итна акција за црквите што се загрозени. Ситуацијата е многу сериозна - вели тој. Зачувувањето на античките споменици е само еден од проблемите со кои мора да се соочи етиопската влада во борбата за туристи со Кенија, Танзанија и Јужна Африка. Тука очајно се потребни хотели, подобри транспортни врски и банки во кои туристите ќе ги сменат странските валути во бири, етиопската национална валута. На малиот аеродром во Лалибела постојано можете да видите фрустрирани туристи што го критикуваат редот на летање, односно недостигот од него поради одложените и откажани летови и техничките проблеми на авионите.
- Посетата на Лалибела ми го потврди чувството на гордост со мојата држава. Без оглед што ќе видам во иднина, никогаш нема да ја заборавам убавината на оваа света земја - напишал еден Етиопиец во минатиот месец.
Извор: Дневник
Посети: {moshits}