логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Нови книги во издание на ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:

- Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867

- во Струмица:  тел. 075 490 655

-во Скопје: тел.  070 276 721

Цена: 300 ден.

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуцијата на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација


Архимандрит Софрониј (Сахаров)
Извадок од книгата ,,Да се види Бог каков што Он е”

За покајанието и духовната борба


Сиот наш земен живот, од раѓањето до последното воздивнување, во својата конечна форма ни изгледа како еден единствен, краток акт. Неговата содржина и квалитет може да се види во еден миг. Претставете си сад од идеално чисто стакло, исполнет со вода. Еден поглед е доволен за да можете да кажете дали водата е чиста или не е, и во која мерка. Така ќе биде со нас при преминувањето во другиот свет. Секое, па дури и краткотрајното, движење на срцето или мислите, остава некој траг во општиот збир на нашиот живот.
Да претпоставиме дека во сето траење на моето земно постоење низ моето срце само еднаш прелетела зла мисла, на пример за убиство (сп. Мт. 15, 19). И таа единствена мисла ќе остане како темна дамка врз телото на мојот живот, доколку не биде отфрлена преку покајно самоосудување. Ништо не може да се сокрие: ,,Нема ништо сокриено што нема да се открие, ниту тајно што не ќе се дознае” (Лк. 12, 2).
Ние често се успокојуваме себеси мислејќи дека никој не н# видел или дека никој не знае што мислиме или правиме. Но, кога ќе се исполниме со грижа за подготвување за вечноста, тогаш с# се менува и ние се стремиме да се ослободиме од секоја темнина внатре во нас.


,,Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас. Ако ги исповедаме нашите гревови, Он е верен и праведен за да ни ги прости гревовите наши и да н# очисти од секаква неправда” (1 Јн. 1, 8-9). Преку искрено каење со решително самоосудување пред Бог и луѓето, внатрешниот човек се очистува, и водата во садот, пропуштена низ духовниот филтер на покајанието, ја обновува својата чистота. Оттука, кога се исповедам, се обвинувам себе во секое зло, зашто во сиот свет не наоѓам таков грев кој јас не сум го направил, макар со миговна помисла. Самата можност за такво движење на мојот дух е јасен показател за мојата гревовна состојба. Кој може да биде совршено уверен дека се наоѓа надвор од власта на страсните идеи кои го посетуваат? И каде е гаранцијата дека моментот во кој злата помисла го допрела мојот ум нема да се претвори во вечност? 
С# додека живееме постои можност за исправување. Но, што ќе биде со нас после нашиот исход од тука, ние уште не знаеме. Во материјален план: масата која добила доволно силен импулс теоретски, по излегувањето од сферата на влијанието на земјината тежа, може вечно да лета во бескрајноста на космичките пространства. Дали истото тоа ќе биде и со душата? Обземена од љубовта кон Бога, напуштајќи го телото, душата ќе појде кон Бог; или, напротив, завртувајќи се од Бога, таа ќе се задвижи ,,во темнината најкрајна” – кон бесконечните страдања во состојбата која е спротивна на љубовта? По мерата на нашата способност да се согледаме себеси, неопходно е чисто да ги исповедаме нашите гревови, за да не ги понесеме со себе по смртта.


За да се победат злите помисли или барем суетните помисли, не е секогаш успешно да се применува методот за директно спротивставување. Често е многу подобро да се потсетуваме за величието на предвечната замисла на Отецот за нас. Да знаеме за себе дека уште пред создавањето на светот ние сме замислени како полнота на совршенство, неопходно е за да живееме како што треба (сп. Мт. 5, 48; Еф. 2, 10; 1, 4-5). Да се намали иницијалната идеја на Бог за нас не е само грешка, туку и навистина голем грев. Да не се види во самиот себе, а со тоа помалку во својот брат, неминливото достоинство, луѓето во своите взаемни односи стануваат ѕвероподобни и лесно се убиваат еден со друг. О, каква парадоксална мешавина е човекот: од една страна предизвикува восхитување, а од друга – тажно недоумение со својата жестокост и дивјаштво. Душата се определува за молитва за мир, но оваа молитва никогаш не ја достигнува својата крајна цел, бидејќи никој и ништо не може да ги лиши луѓето од слободата да се склони кон злото, темнината да ја претпостават на светлината (сп. Јн. 3, 19).
Молитвата, принесена на вистинитиот Бог на соодветен начин: ,,во дух и вистина” (Јн. 4, 23), е нетлено и неразрушливо битие. Психолошки ние можеме да заборавиме на неа насреде животната суета, но Самиот Бог неа вечно ја сочувал (сп. Лк. 10, 42). Во денот на воскресението и судот, с# што сме направиле добро во текот на нашиот живот, ќе излезе заедно со нас, оправдувајќи н#; и обратно, с# што сме направиле лошо, ќе н# разобличи, ако не било принесено соодветно покајание. Лошите постапки и злите зборови може да се избришат од нашата душа со покајни солзи, па колку и да изгледа тоа чудно, или дури, логички невозможно. Се лекуваат, се разбира, негативните последици од гревот, исчезнува негативната сила на делата кои сме ги направиле во односот спрема ближните. Со Божествената сила се обновува полнотата на животот, иако не со едностран Божествен поттик, туку секогаш заедно со покајание и подготвеност на луѓето, зашто Бог со човекот не прави ништо без човекот.


Учетвото на Бог во нашиот личен живот го именуваме Промисла. Оваа Промисла воопшто не наликува на незнабожечката судбина. Во некои одлучувачки моменти ние навистина сами избираме меѓу она што е возможно. Кога пред нас се откриваат различни патишта, сосема е природно да бидеме должни решително да тргнеме кон крајното Добро кое го бараме. Овој избор неизбежно ќе биде поврзан со подготвеноста на жртва. Во таквите случаеви особено јасно се пројавува нашата духовна слобода. За жал, луѓето почесто се раководат од минливите побуди, скршнувајќи од патот кон Царството Небесно на кој ни укажал Бог. Таквиот човек впаднува во круг на лажливи страсти, кои му попречуваат да го согледа саканото изгревање. При секој избор неизбежни се страдањето и жртвата. И кога ја избираме волјата Божја, секоја жртва н# прави слични на Христос: ,,Оче, кога би сакал да ја тргнеш оваа чаша од Мене! Но нека не биде Мојата волја, туку Твојата” (Лк. 22, 42).


Неопходно е сите ние да поминеме низ тајната на смртта, заради поголемо вподобување на Христос. Од онаа страна на овој, за нас уште непознат праг, Бог и Отецот ќе н# воведат во областа на невечерниот ден. Таква е нашата надеж во Христос која ќе се оствари, бидејќи сите Негови ветувања се вистинити и неизменливи, како што покажало илјадагодишното искуство на нашата Црква.
Евангелието – благата вест – и започнува и завршува со повикот на покајание. И учењето на светите аскети, Отци на Црквата и наши Отци, проникнато е со свеста дека молитвата на човекот кој не се смета за грешник не допираа до Престолот Божји, бидејќи Синот Божји не дојде да ги повика оние кои за себе мислат дека се праведниви (сп. 1 Јн. 1, 8), и кои следствено на тоа се надвор од вистината, туку оние кои се свесни дека се грешници (Мт. 9, 13).
,,Смрдливото море кое лежи меѓу нас и мислениот рај, можеме да го поминеме само на бродот на покајанието, кој го управуваат веслачи на стравот. Ако бродот на покајанието, со кој го поминуваме морето на овој свет одејќи кон Бог, не го управуваат веслачите на стравот, ќе потонеме во смрдливото море… Покајанието е бродот, стравот е негов кормилар, а љубовта – Божественото пристаниште… Кон ова пристаниште приоѓаат сите кои се трудат и кои се обременети со покајание, и кога ќе ја достигнеме љубовта, сме Го достигнале Бога” (Преп. Исаак Сирин, слово 83).

Покајанието е основен тон на севкупниот наш аскетски живот. Преп. Ефрем Сирин ни оставил неопходна молитва: ,,драувај ми да ги видам моите прегрешенија”. Повторно и повторно: да се види својот грев – е духовен акт од исклучителна вредност за сите кои Го бараат Лицето на Живиот Бог. Повеќе од тоа: овој акт е последица на  дејствување во нас на Самиот Бог, Кој е Светлина.
Во текот на неколку децении од моето духовничко служење јас со тага се уверив дека се ретки луѓето кои со срцето ја сфатиле вистинската природа на гревот. Луѓето обично стојат на нивото на човечкиот морал, а ако некогаш се подигнат над него, не одат далеку.


Од патиштата кои водат во познание на нашите гревови најважен е верата во Божеството на Христос, заради која на човекот се спушта љубовта на Светиот Дух. Оној кој низ искуство го познал светиот оган на Божествената Љубов природно тежнее да остане во таа благодатна состојба. И ако направи што било (дело или само внатрешно движење), што го ослабува чувството на љубовта Божја, самото смалување на благодатта, без никакви рационални психоанализи, ќе се покаже како наше отстапување од Правдата Божја. Тогаш нашиот дух силно му се обраќа на Бог во покајна молитва преку која доаѓа простувањето, како обновување на љубовта. И колку подлабоко била доживеана благодатта во време на посетата на Светиот Дух, толку поболно и подлабоко бидува покајанието. Таквиот човек живее пред Бога во простота, без разумски размислувања, воден од љубовта и стравот Божји. Таквиот може да се воздигне дури до совршенство во светоста, самиот тоа не насетувајќи го (сп. Лк. 17, 20).

Другиот пат кон познанието на гревот се состои во тоа човечкиот дух да се постави себе пред суд на Словото Божјо. Со разумна контрола на својата внатрешна состојба тој се убедува дека не ги чува заповедите, и заради тоа принесува покајание. Овој пат за да доведе до целта неопходно е човекот срдечно да го учи законот Господов, бидејќи ,,безгранични се заповдите Божји” и бидејќи ,,многу се длабоки помислите Господови” (сп. Пс. 118, 96; 91, 5).
Умот и совеста човечка по својата способност да проникнат во областа на Духот, стојат многу пониско од дадените ни заповеди (сп. 1 Јн. 3, 20). Заради полнотата на покајанието неопходно е да се оди по овие два патишта – срцето и умот, кои потоа, во актот на изворниот вечен живот, се слеваат во едно. ,,Бог е љубов” (1 Јн. 4, 8), и Он се познава Себе и нас на апсолутен начин; и с# во Него е едно. Така и човекот пред с# е должен да ја постигне состојбата на љубовта Божја, а потоа богопознание (1 Јн. 4, 7-8), и самопознание: проникнување во предвечната идеја на Бог за човекот.
Мојата мисла за да биде појасна ќе наведам пример: преподобниот Симеон Нов Богослов пишува за себе, дека многупати му се јавувала некаква светлина, и дека ја сакал. Таа го привлекувала, но долго време тој не знаел: Кој е таа светлина? Најпосле, во еден од моментите на видение на светлината, тој нашол во себе смелост да праша: Кој си Ти? И добил одговор, и дознал дека Исус Христос му се јавува како Светлина. После ова тој не само што пребивал во љубов, туку и ,,ја знаел” таа љубов. Соединението на доживувањето и познанието внесува веродостојност во нашиот живот.
Слични искуства и на други аскети се положени во темелите на учењето на Црквата за несоздадената природа на Светлината којашто ни се јавува.
,,И им рече: така е напишано и така требаше да пострада Христос и да воскресне од мртвите во третиот ден, и да биде проповедано во Името Негово покајание и простување на гревовите кај сите народи” (Лк. 24, 46–47). Неискажливо е велик дарот на покајанието: со него е сврзано проникнувањето на нашиот дух во Тајната на беспочетниот Бог, Отецот наш. Само преку покајание можеме да го восприемеме битијното Откровение: каков е пред создавањето на светот замислен човекот во предвечниот Совет на Света Троица.

Познанието на секадеприсутниот Бог разумната твар може да го оствари на секое место. Но, за да се стекне тоа, не е доволно посредништвото на богословските школи и книги. Вистинското познание на необјаснив начин проникнува во самото наше суштество кога е Он со нас. Дејственото пребивање на Бог во нас означува дека сме воведени во самиот Акт на Божественото Битие. Токму по тој пат на нашиот дух му се соопштува живото, неоттуѓиво знаење за Него (сп. Лк. 10, 42). Најсигурно средство за да се достигне ова богатство е покајната молитва, дарувана нам заради верата во Христос.
Без согледувањето на првобитната творечка идеја на Бог за човекот, без доживувањето на светоста на Бог, нема во потребната мера да зажалиме за загубата која сме ја претрпеле во падот. Ние можеме да страдаме заради состојбата во која се наоѓаме; можеме делумно и како на растојание да го чувствуваме Огнот Божји и да се каеме во мерата која одговара на нашето разбирање. Но, сосема друго покајание, тотално покајание, силно го зафаќа целото наше суштество кога Нетварната Светлина ни дава да го видиме својот внатрешен ад и заедно со тоа да ја почувствуваме Светоста на Живиот Бог.
Во состојба на длабок плач наш за гревовите, на чуден начин внатре во нас делува Самиот Бог, кој отечки н# прегрнува во Својата љубов. Овој тенкосетен Дух не може да се задржи со наши напори. Кога Он заминува од нас, ние повторно тонеме во мракот на смртта. Ние Го бараме, но Он, Кој с# исполнува, веќе е на недостижна далечина.
Кога себе се мерам со Христовите заповеди: љубете Го Бог со сето свое суштество, и ближниот како самиот себе, тогаш јас немам можност да судам: толку сум далеку од целта која стои пред мене. Тогаш ми се чини дека уште не сум го достигнал покајанието, иако ме допрел неговиот пламен, и ми дал да знам за него. Во свое време ме поразија зборовите на преподобен Сисоје Велики, кога претсмртно му се јави беспочетниот Господ: ,,Дај ми, Христе, време да се покаам”… Браќата кои стоеле околу одарот прашале: ,,Зарем ти уште не се покаја?” Светиот одговорил: ,,Верувајте, браќа, јас уштен е сум ни почнал да се каам”. За браќата зборовите на Сисоје значеле дека го достигнал највисокото возможно совршенство на земјата.

Може да изгледа парадоксално, но токму така ние ја примаме Божјата беспочетност. Надминувајќи ја мерата на нашата издржливост, страшната жед за Живиот Бог го откорнува нашиот дух од с# што е тварно и го воведува во некоја неискажлива бездна на духовно пространство, каде нема ништо и никој освен Бог на љубовта и видението на Неговата безграничност. Таму не се гледа Светлината како таква, но таму нема ни мрак, бидејќи оваа бездна на чуден начин е прозрачна, и умното око без пречки заминува во бескрајот, и никогаш не го достигнува крајот.
На оние кои слободно од сомнеж веруваат во Христос како Бог Творец и Бог Спасител наш, во покајниот порив им се дава доживување и на адот и на воскресението пред телесната смрт. Покајанието не е само мислено дејствие, како промена на нашиот интелектуален пристап кон с# што се случува во светот. На таа промена, на тоа обраќање, нормално му сопатува чувството на горчина заради самиот себе, заради состојбата во која сме, жалење на срцето заради раскинувањето со Бог Светиот. Нема поголема жалост од ова сознание, во кое навистина се гледам себе полош од сите и од секого. Сите земни доживувања се привремени, а нашиот однос спрема Бог – е вонвременски. Исфрлени во просторот на вечниот Дух со молитвата, која никнува од омразата спрема самиот себе, ние се молиме без обраќање внимание на себе.
Секое созерцание на Божествените реалности возможно е единствено ако духот човечки дојде во состојба која во некоја мера соодветствува на созерцуваното. И навистина: може ли некој приклештен од канџите на гордоста да го има внатре во себе Смирениот Дух Свет? Може ли во грчот на омразата и останатите мрачни страсти да ја види незамисливата Светлина на Божеството? Или како ,,оној што презира макар едно од овие малите” (сп. Мт. 18, 10) – може да богослови за Божествената љубов? Според тоа, само оној кој забележливо пребива во благодатта на Светиот Дух ќе може да се удостои на видението на бесмртната слава и незалезната Светлина.
Секое вистинско боговидение е дар од Великиот Бог, кој н# прави причесници на Својот живот: на смирението и мирот, премудроста и знаењето, љубовта и благоста. Преку вселувањето во нас на Нетварната Сила, ни се соопштува нам беспочетниот живот. Заради тоа спасените луѓе стануваат ,,беспочетни” (не по суштина, туку по благодат).
Во рамките на Земјата, судењето за степените на даровите се заснова на мерата на нашето подобие со Христос во нашето мислење, доживување, во нашите молитвени воздишки: ,,Бидејќи вие треба да ги имате истите мисли, што ги има Исус Христос” (Флп. 2, 5), Кој ,,во деновите на Својот земен живот, со силен вик и солзи принесе молитви и молби кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта” (Евр. 5, 7). Пребивајќи во Духот Христов – ние стануваме синови на Отецот Беспочетен, и богови уште одовде.
Можеби нема да биде одвишно да се нагласи дека за надворешен набљудувач кој не го познава опитот на христијанскиот живот нема ништо достојно за внимание во таквиот носител на Нетварната Светлина. Верниот човек – најчесто аскет во пустина – може да биде јаден сиромашник во својата физичка појава, облечен бедно, беспомошен пред лицето на кнезот од овој свет, но по својот внатрешен дух тој е вистински велик. Царството на кое тој припаѓа по дарот Одозгора, не е од овој свет.

Во почетокот на покајанието преовладува тага, но наскоро потоа гледаме дека во нас проникнува енергија на новиот живот, произведувајќи чудесна промена на умот. Самото покајно движење се покажува како наоѓање на Бог на љубовта. Пред нашиот дух с# појасно никнува неописливо великолепниот образ на првосоздадениот човек. Гледајќи ја оваа убавина почнуваме да осознаваме каква страшна изопаченост во нас доживеала првобитната идеја на Творецот за човекот. Светлината, која исходи од Отецот, ни дава ,,познание на славата Божја во Лицето на Исус Христос” (2 Кор. 4, 6). Самиот Он за тоа рекол: ,,Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот” (Јн. 6, 44). Благодатта на покајанието го открива во нас образот на Синот Очев. О, колку е болен овој процес. Во нашето срце продира меч со својот вжарен врв. И како да се зборува за ужасот кој нас во таа прилика не опфаќа? Како да се опише ова Божјо дело на наше пресоздавање? Образот на Единородниот и Единосушниот Син и Логос на Отецот разгорува во нас силна желба да се вподобиме на Него во с#. И повторно се наоѓаме во парадоксална положба: ние страдаме, но со некое друго, порано непознато страдање. Ова страдање нас не н# убива, туку н# вдахнува. Во него е соприсутна нетварна сила. Ние сме фрлени во Божјата безграничност. Восхитени сме заради она што внатре во нас се случува. Надминати сме од величието (на тоа собитие). Се собираме, се намалуваме до крајност во свеста за самите себе, но, заедно со сето тоа – Бог доаѓа да н# прегрне, слично на евангелскиот Отец (Лк. 15, 20). Стравот и трепетот н# напуштаат, давајќи му место на ,,восхитувањето на Бога”. Он н# облекува во скапоцени облеки; Он н# украсува со високи дарови, а најдобар од нив е – сеопфатната љубов. Нашето прво покајно страдање преминува во радост и сладост на љубовта. Сега љубовта прима нова форма: сострадание со секое суштество,  лишено од Светлината Божја.

Голем е восхитот уште и од тоа што почнуваме да ја восприемаме волјата на Бога за нас. Ние се гледаме себе вовлечени во творечкиот процес на Самиот Бог. Ние сме Му биле соработници во нашето сопствено станување од падот и изопаченоста. И погледни: Он н# поставува за Свои ,,соработници” на Неговата ,,нива”. Таков е текот на нашиот препород во Духот преку покајанието.
Господ во деновите на Својот земен живот со силен крик и солзи принесе молитви и молби кон Оној Кој можеше да Го спаси од смртта, и беше услишан заради Своето благоговение. Иако Он беше Син, преку страдањата се научи на послушност, и откако се покажа совршен, стана за сите кои Му се послушни пример за вечното спасение… За тоа би можеле да говориме многу, но тешко е да се објасне длабочината на христијанскиот живот на луѓето кои во оваа сфера го немаат неопходниот опит (сп. Евр. 5, 7–11).

Христос за ,,сите кои Му се послушни” стана единствен пат и не ги лишува од можноста да се вподобат на Него во молитвата. Што да кажам јас, најништожниот од сите луѓе? За време на мојот долг живот ,,му принесував молитви и молби со силен крик и врели солзи”. На таква молитва ме наведуваше моето очајание за самиот себе кое се појавуваше кога се ставав себе пред судот на заповедите Христови. Се случуваше мачителен јад на омраза кон себе самиот да ме фрли во неискажлива бездна, за потоа да отстапи, давајќИ  &   место на светлоносната љубов. Мислев дека мојата љубов станува бесповратна; ми се чинеше дека лежам пред прагот на влезот ,,во внатрешноста, зад завесата” (Евр. 6, 19), откаде никако не би сакал да се вратам на Земјата која сум ја напуштил. Господ, сепак, не благоволеше да ме земе.

Безброј пати мислев на пророкот Мојсеј кој после Откровението што му беше дадено во ,,несогорливата капина” беше испратен во Египет каде во текот на четириесет години се исцрпуваше во мочуришната тиња на ситните страсти на оние кои требаше да ги спаси; оние кои тоа самите не го бараа. Говорејќи вака, јас ни најмалку не се споредувам ниту со пророците, ниту со апостолите или Отците, туку само ловам некоја доза аналогија без која би било невозможно да се ориентираме на нашиот пат. Бог, по Своето безмерно смирение не ме отфрли, туку ми даваше да ја созерцувам Неговата Нетварна Светлина. Христос стана мој живот. Го возљубив Него и не можам да замислам никаква паралела на Него: Он за мене е единствен Господ и Бог. Речиси непрестајно ми се стега срцето во страв да не го изгубам Неговото милосрдие заради мноштвото мои сопнувања. И покрај спорот со Него, и покрај многубројните обиди да го избегнам Неговиот Крст, јас сепак го целивам Крстот Христов, и како – така го носам пратениот за мене, мој крст (сп. Мт. 16, 24).
И сега Го благословувам мојот Бог, Кој благоволи да ми подари препород во горкото покајание.

7-ми декември, лето Господово 2015

Друго:

Нови книги во издание на ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

  • За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или тел. 078 384 867
  • Во Струмица: информации на тел. 075 490 655
  • во Скопје:
  • Марјан - тел. 070 276 721
  • Христијан  - моб: 078/335-863;
    E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.;

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуцијата на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација

 

сестра Харитина е задолжена за севкупната организација на дистрибуцијата на најновите изданиа на едицијата „Небесни цветови“:

1. Свети Теофан Затворник- ,,Писма на вечното спасение”,

Цена: 300 ден.

2. Архимандрит Софрониј (Сахаров)-  ,,Да се види Бог каков што Он е”

 Цена: 300 ден.

07.12.2015 год.

Преминпортал



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3143
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7622
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная