ВО ШТО СЕ РАЗЛИКУВА СОСТРАДАНИЕТО ОД СЕНТИМЕНТАЛНОСТА
Состраданието е основано на љубов кон човекот - љубовта го прави другиот единствен со себеси, како со свое второ ''јас''.
Сентименталноста е заснована на љубов кон себе: нејзе ја огорчуваат не страданијата на другиот човек, туку сопственото расипано расположение, таа се стrеми не да го уништи страданието на светот, туку да ги тргне сликите на страданието од сопствениот видокруг.
Уметноста и литературата ја прават душата на човекот склона кон имитирање и емоционална вклученост во ситуацијата.Човек, навикнувајќи да ја преживува душевната состојба на ликовите од пиесата, телевизиските сериали или романите, како резултат на тоа самиот почнува да ''игра во животот'' , како артист на сцена. Уметноста развива висока пластичност на психата, која неретко стигнува до патологијa, и емоционално возвраќање на ликот што му се претставил на сознанието.
ЉУБОВТА - боледува за другиот, нејзе ја боли затоа што го боли човекот.
СЕНТИМЕНТАЛНОСТА - боледува за себе, нејзе ја боли затоа што негативниот (образ) лик на страдање пробил во сознанието и предизвикал негативни емоции.
ЉУБОВТА - Е ЗАСНОВАНА НА ЖЕЛБА ЗА ДОБРО НА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ .
СЕНТИМЕНТАЛНОСТА - Е ЖЕЛБА НА СОПСТВЕНИОТ КОМФОР.
Страданијата на другите таа ги восприема како непријатна дисонанца на својот душевен мир. Сентименталниот човек не може да љуби, тој може да се заљубува, да си создава идоли, да им служи и со тие идоли да си ја исполнува душата. Обратната страна на сентименталноста е - жестокоста. Она што лежи зад границите на непосредните чувства, на сетименталниот човек му е туѓо и сеедно му е за него. Во приказните на Егзипери ''Малиот принц'' авторот вака се искажува: ''Ако угасне мојата ѕвездичка, што да правам во цела Вселена'' , со други зборови - ѕвездичката, во која сум јас заљубен, помила ми е од сета Вселена.
Сентименталниот човек е готов да плаче кога ќе види болно куче и во исто време ќе остане глув и рамнодушен за страданијата на милиони луѓе, само да не ги гледа нивните страданија. Сентименталноста не е љубов, туку болна возбуденост (чувствителност), тоа е хронична, заглушена хистерија, што ја заменува љубовта. Сентиментализмот го создаде либерализмот со неговата луциферска седозволеност. Веќе во минатиот век еден писател рекол: нема полут ѕвер од либералот. Ние би додале од сите ѕверови најсличен на либералот е крокодилот, кој јадејќи ја својата жртва, горко плаче.
извадок од книгата:Тајната на спасението.
Архимандрит Рафаил Карелин
9-ти мај 2018 лето Господово
Избор од ФБ профилот на:
Владимир Белчовски