логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

raslabeniot

Денес е празникот на сите нас, раслабените. Денес, браќа и сестри, до некоја мера го славиме својот именден, својот празник. Кој од нас може да се пофали дека е силен и храбар, дека ги поднесува сите неволји на овој век и ги исполнува сите Христови заповеди? Избави нè, Господи, ако таков човек стои меѓу нас – ништо не може да биде полошо од некој кој е праведен и силен! Апостол Павле вели: „Затоа добро ми е во слабостите, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христа, оти кога сум слаб, тогаш сум силен. “ (2 Кор. 12:10). Но Апостолот не пропушти едно нешто: силна вера и несомнена надеж во Спасителот. „Силата Божја наполно се покажува во слабоста “. Како може да го сфати тоа светот, кој не верува во Бога и проповеда илузорна семоќ на човештвото ?
raslabeniot
Исцелувањето на раслабениот

Раслабени браќа и сестри! Да се радуваме што ние барем сфаќаме дека сме такви! Господ дојде во светот за да ги спаси раслабените грешници, меѓу кои се вбројуваме и ние. Силниот распнат Исус Христос – и Господ, им ја допушти таа ужасна, безумна сила да го распнат Бога. Кога  стануваме горди и самоуверени во себеси, тогаш го повторуваме ужасното злосторство на безбожните: распнувањето на Спасителот.

Да признаеме кои сме всушност ние. Апостол Јаков пишува: „оти, што е вашиот живот? Тој е пареа, која се појавува за кратко време, па исчезнува. “ (Јаков. 4:14). Без разлика колку силно се спротивставува нашата гордост против тоа, да погледнеме непристрасно кон вселената: безброј планети; илјадници поколенија, што следат едно по друго без прекин; милијарди луѓе кои се избришани од паметењето на своите потомци и ближни.

Имав еден пријател кому сум му многу должен, за мојата вера пред сѐ. Кога тој почина, пред 12 години, мислев дека никогаш нема да го заборавам, дека секогаш ќе се сеќавам на него – и особено за време на Литургијата. Па ненадејно, ужаснувајќи се сфатив дека една Литургија поминала, и втора, исто така, а јас не се сетив на него, на оној, кој беше меѓу моите најблиски луѓе. Мојата духовна раслабеност, мојата неблагодарност кон човекот кој направи толку многу за мене, ми стана ужасна. Дали се сеќаваме  на нашите родители – како на живите, така и на мртвите – секој ден, со вистинска ревност? Дали се сеќаваме  на нашето сопствено спасение секој ден? Дали се  сеќаваме што е најважно во нашите животи?

И сепак нешто внатре во нас несомнено ни кажува дека човекот е нешто повеќе од пареа … Да, нашиот живот  е минлив и венее како тревата под жешкото јужно сонце. Да се потсетиме од псалмите: како полски цвет, така прецутува тој; (Пс. 102: 15). Но душата – уникатната човечка личност, создадена од Бога – нејзината сторија во времето и вечноста е сосема поинаква. Ако душата е соединета со својот Создател и Бог, тогаш таа станува најубавото, највредното нешто од сè што е на земјата. Во помнењето на Бога, со Бога, таквата душа добива не само живот, но живот “во изобилие”, како што пишува апостол Павле (2 Кор. 10:15). Тој човечки не може поинаку да ја изрази  тајната на идниот век, која му била откриена. Истиот апостол пишува: „Што око не виде, уво не чу, ниту на човека на ум му падна, тоа Бог го приготвил за оние, кои Го сакаат.” (1 Кор. 2: 9).

Во животот на секој од нас и понатаму ќе има мигови на слабост и неуспех, на нешта што ги нарекуваме раслабеност. Тие можат да траат многу години, како што е  случајот со раслабениот во бањата, за кој зборува Евангелието. Овој раслабен лежи многу години, чекајќи исцелување. И сепак, тој верува дека Божји гласник ќе дојде и ќе го излекува.

Да не се восприемаме себеси како силни, бидејќи Христос е нашата единствена сила. Да не се восприемаме како непобедливи и имуни на гревот, бидејќи сме паднати луѓе. Единствено да се стремиме да не ја губиме никогаш својата вера во Христа, зашто Господ Исус Христос е бескрајно моќен и поседува сила да нè спаси не само од привремените страсти и неволји. Господ, Кој “со смрт смртта ја победи”, може да ни дари вечен живот, нам, кои еден ден ќе бидеме во гробот, и да нè ослободи од таа вечна и последна раслабеност.

Да немаме високо мислење за себеси; да не се изненадуваме од нашите слабости; да не запаѓаме во очај и униние заради нив. Да се стремиме искрено и со сите свои сили кон поправање, борејќи се против злото и гревот, што живеат во нас. Цврсто да веруваме дека нашиот Господ Исус Христос ќе ни помогне во тоа. Тој нè љуби, зашто ние сме Негови деца. Господ нема да нѐ остави нас, кои признаваме дека сме раслабени и кои просиме помош од нашиот Небесен Отец, а ќе ни ја подари Својата непобедлива сила. Ние сме силни само во тоа: токму како сите апостоли, исповедници, преподобни луѓе и маченици, кои само во тоа беа силни.

Извор: http://ishmaelite.blogspot.jp

Преземено од:

http://www.pppe.mk/2018/imenden-na-site-raslabeni/

 

29.04.2018  лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3226
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7718
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная