логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


 ѓ. Васко Голабоски - Света Гора Атонска историја и живот

Vasko.Sv,Gora2.jpg

1. КРАТКА ИСТОРИЈА НА МОНАШТВОТО НА СВЕТА ГОРА АТОНСКА


Животописниот Атос со својoт долг и тесен брег, кој на јужната страна се издигнува од морето кон небото и на чиј врв снегот се меша со облаците, поседнува исконска убавина. Во таа убавина видни се старите шуми од костен и маслинка, од каде проникнува габаритниот камен кој е како со рака нареден до самото небо. Тој полуостров од три страни е удиран од морските бранови, а посебно од потполно отворениот југ. Додека ветровите продираат од север и исток за кој ги бие лош глас, тој необичен па дури по малку див полуостров, стана најславен од трите полуострови на Халкидики.
Тој станува расадник на неоскудниот и богат калуѓерски живот и култура, најславна манастирска колонија на православниот свет и е наречен Света Гора Атонска.1
Атон, со уште двата други крака на полуостровот Халкидики- Лонгос и Касандра, клинесто се забива во Егејското море, за од северната страна да срасне со Европскиот континент преку двете познати копнени области: Тракија и Македонија.
Полуостровот зафаќа површина од 389 км2, долг е околу 60 и широк од 7 до 16 км, додека во својот јужен дел завршува со врвот Атос кој со својата височина од 2033 м. над морското ниво, доминира над целата територија.
Територијата на Света Гора претежно е шумовита, со стрмни карпести површини, пештери и длабоки долини, па одтука е и исклучително погодна за аскетски живот.2
Што повеќе се навлегува во внатрешноста, теренот станува сè понеправилен со шуми, потоци и брда, додека од страните на морето пристапот во минатото бил отежнат поради длабочината, ветровите, брановите. Поради тоа бродоломите не биле реткост.
Со овие природни карактеристики се олеснува, па дури и наметнува неговата изолација.


_______________________   
1.Владимир Ћоровић, Света Гора и Хиландар, Београд, 1985, 7-8.
2.Ѓорѓи Поп Атанасов, Света Гора, Скопје, 2007, 5.
                                                                       


Климата е многу поволна и не многу различна од нашата, со сета онаа пролетна убавина на зеленилото и цветовите, заедно со умилните песни на птиците, додека топлото лето е освежувано од  морскиот ветер и прекрасните плодови. Во есента пак, продолжува бербата на плодовите,сè додека не се спушти маглата и врнежите, за после некој месец да дојде зимата со северните ветришта со снег па и мраз во јануари, но само за кратко време.
Хумусот, застапен доволно, е богат со сите состојки кои заедно со водата им даваат живот на дивите маслинки, јагодите, глогот, капината, лозата, бршленот, дивиот хмељ...На одделни места се среќава јаворот, дивото јаболко и крушите, додека по насевер се забележуваат боровите.
Фауната е составена од мал број волци, но затоа позастапени се лисиците и шакалите, куните и јазовците, потоа се среќава и мечката, но и срната, а на небесните висини надлетуваат орелот, соколот и јастребот.
Изворска вода, на овој полуостров, нема баш во изобилие, но најдобрите извори се слеваат од подножјето на брдото Атос.
Старите Грци овој полуостров го нарекувале Акти (Ακτή-обала), а од средниот век Атос (Άθως).3
Овој полуостров во својата историја претрпел и обиди за освојување. Во V век пред Христа се случиле походите на персискиот цар Ксеркс. Со тоа Атон доаѓа на сцената на светската историја.
Имено, познат е каналот ископан од царот Ксеркс. Тој, прокопот го прави со учество на домашното население. Целта била, тогаш наречената Аполонијада да се одсече од континентот,  и на тој начин персиската флота безбедно да помине. А за постоењето на тој канал сведочат остатоците во малата долина наречена „Ксерксово“.
Следните хронолошки периоди ја расчистуваат политичката положба на островот. Автономните мали градови на полуостровот, ќе влезат во составот на Македонската држава на Филип Ι и Александар Велики, а неколку стотици години подоцна, полуостровот, заедно со Грција и Македонија, ќе стане дел од Ромејската провинција, преку Римската окупација.
На крајот од IV век по Христос, Атон се наоѓа во границите на Византоското царство. Неговото население почнува да се хриситијанизира. И политички и административно да се врзува за Солун и Цариград.
______________________________
3. Монах Сава Хиландарац, Света Гора, Београд, 1898, 1-14.
                                                  
Поради тоа Атон, духовно ќе се идентификува со грчкото православно Христијанство, поточно со историјата на атонското монаштво и Вселенската патријаршија.4
Духовното раѓање на Атон ги поминувал сите фази на познанието, благословени од Бога. Нив, стариот народ ги минувал историски, уште пред Христовото овоплотување, со што ја исполнувал својата исконска потреба од Богопознание.
Првото име на полуостровот Аполонијада, било добиено по името на богот Аполон, чиј идол сограден од чисто злато бил поставен на самиот врв. Тоа сведочи за значењето на местото.
Потоа името Атос, го добива по истоимениот бог, чиј мермерен идол бил поставен во храм изграден на врвот од гората. Неговото име се користи до ден денес.
Сето ова ни ја открива потрагата по „Непознатиот Бог на Елините“. Со настапувањето на полнотата на времето, во овоплотувањето на Логосот, ќе се роди Бог кој станал човек. Токму за Христос, најголемо сведоштво добиваме од небоземните ангели, светите подвижници, населени низ Атонската пустина.
Но сето тоа се случува со благослов на Пресвета Богородица. Според монашкото предание, при распоредувањето на апостолската  проповед на Синот Божји и при фрлањето на ждрепка, на Богородица и паднала во дел Атонската гора.
По силата на Нејзината благодат и молитва, Атон станува „Градина на Богородица“.5
Развојот на монашкото средиште е тесно поврзано со потеклото на подвижниците, но и со соседните области. Историски извори за тоа наоѓаме во „Житијата на светиите“, но и во историјата на Византиското царство. Тогаш монаштвото било бројно и често патувало. После примањето на монашкиот образ, подвижникот се упатувал кон некој монашки центар, манастири или испосница, но и кон пусти места.
   Атон, често напаѓан од варварите, и со доаѓањето на Словените, не бил најсигурно место. Поради што, и доколку се случело да го населат некои монаси, тие доаѓале оддалеку, преку море или копно, ем мачно пробивајќи пат среде Словенските племиња.


     _____________________________
     4. Атанасије Ангелопулос, Монашка Заједница Свете Горе, Хиландар 1997, 13-16.
        5. Стефан Санџакоски Отец, Богомислие, Скопје, 1993, 53-54.

                                                  
Но, при крајот на VIII век, со христијанизација на Словените и со порастот на населението на Халкидики, се забележува благосостојба и создавање на  вистински услови за монаштво. Тогаш, мноштво подвижници жедни по Бога, од сите краишта на светот, за свое место на подвижување ги одбираат пустинките на Атон. Постојат тврдења дека Атон бил монашки центар уште во IV век. Тогаш, имено, се граделе манастири со одлука на Константин Велики. Но, за тоа нема никакви историски докази. Но затоа, пак, како Византиски пишан извор го имаме записот на историчарот од X век, Генесиј. Во неговиот запис го наоѓаме податокот, дека со победата над иконоборството, на 11 Март 843 год., во Цариград, доаѓаат монаси од Атон. Исто така податокот, дека жителите на Лезвос, наспроти Атон, знаеле за монашко прибежиште на полуостровот.
Следен историски извор е житието на Ефтимиј Нов или Евтимиј Солунски. За него се знае дека бил монах на Олимп, но сакајќи осаменички живот се упатува кон Атон. Таму се доселува во 859 год. и се среќава со монахот Јосиф. Тоа ни дава до знаење, дека Атон веќе бил населен од монаси.
Во ова житие, еден од најдобрите примероци на Византиската книжевност, ученикот на Ефтимиј, Василиј, го опишува долгогодишниот подвиг карактеристичен за древното монаштво.  Без знаење на сите се затвора во пештера, вели тој, а под тоа сите, мисли на учениците на Ефтимиј.
Некогаш дивиот полуостров, сега станува извор на благодат и сокровиште на светиите, запишал Јосиф Химнограф во „Канонот за Петар Атонски“: сокривајќи се по брда и пештери и победувајќи ги страстите и лукавиот; твоите мошти многу години скриени, сега се појавија за наше спасение.
За импозантната личност на Петар Атонски, дознаваме од житието кое го составил монахот Никола пред крајот на X век. Во житието се вели, дека педесет години се подвизувал Светиот Петар во една пештера. После неговото упокоение се најдени и светите мошти, по чија благодат се случувале чуда. Сето тоа се зема како доказ, за почетоците на Светата Атонска историја и за нејзиниот броен и активен монашки живот.

Vasko.Sv,Gora2.jpg

 

Читајќи ги житијата на светите старци, го согледуваме односот меѓу духовниот отец и духовниот ученик, и заклучуваме, дека нивниот однос претставува идеален круг на древното и византиското монаштво. Основна цел на таа релација е да се постигне совршенство. Тоа, блескотно ни го опишува спомнатиот Василиј, во целосните и живи портрети на светите старци: Јосиф Ерменец, Јован Колов и Симеон, учениците на Ефтимиј.
Личноста на Јосиф, без малку, е на прагот на совршенството. Тој е наречен соработник, соборец во подвижничките борби, на Ефтимиј. А за тоа, дека го достигнува совршенството, сведочи животописецот Василиј, кој ја почувстувал светоста на нетлените мошти на Јосиф кои источувале миро.
За Јован Колов, Василиј дава помалку хронолошки податоци. Него го претсравува како еден од монасите кои со восхит го следат Ефтимиј по неговото излегување од пештера. Нешто подоцна и самиот ќе стане духовник на група монаси. Заедно со Симеон станале свети луѓе кои биле достојни за горниот Сион и кои стекнале доблестен живот и  целомудреност.
Исто така, од голема важност се и манастирите во Врастам, денешното село Враста и манастирот во Перистер, на југот од Халкидики. Тие се издигнати и управувани со благослов на старецот Ефтимиј, како и манастирот на Јован Колов во местото Сидирокавсија, кој е наречен манастир Колов. Истите се изградени во втората половина на ΙX век.
Најстариот документ кој се однесува на целокупното Атонско монаштво и е сочуван во архивата на Протатонот е сигилионот (σιγίλλιον) на Василиј І, составен во 883 год. Во него ја наоѓаме забраната упатена до сите државни службеници, од највисок до најнизок ранг, за земање данок од монаштвото, како и втората забрана упатена до селаните и властниците, која има за цел да го штити мирот на монасите и прашањето за атонското земјиште, кое се обработува. Со оваа заповест, добиена по молба на Јован Колов и истата испратена до манастирот Колов, Василиј І станува првиот цар кој се застапува за Атон. Тоа го потврдува постоењето на вистинска монашка заедница.Аналогно со развитокот на монашката заедница, доаѓа и утврдувањето на имотно-правните ставки и границата на Атон, наспроти земјата на власниците и селаните од областа Јериса, во  југоисточниот дел на Халкидики.
Имено во Солун, во месецот Мај 942 год., по наредба на царот Роман е донесен Протокол на согласност. Со протоколот се  одредува границата помеѓу Атон и Јериса. Таа се протега од Сингитикијскиот залив до заливот Јериса, а започнува со нивите на манастирот Света Христина кои се надвор од територија на Атон. Тоа значи, дека преку царските привилегии на Византиската империја, Атон се здобива со административна и економска независност, при што, отшелничкиот живот се преобразува во живот воден во Големи Манастири.
Се верува дека четворицата Атонски потписници на овој документ, Јован, Павле, Варда и Теодор, го основале првиот општежителен манастир Атон. Денес местото на неговото постоење не е познато. Се претпоставува, дека се наоѓал до манастирот Ивирон. Но, во 980 год., Иверците го купиле и го припоиле. Во контекст со ова тврдење оди и Климентовиот манастир (името Климентов, по основателот). За него се споменува во Житието на Петар Атонски, но и во Житието на преподобните Јован и Ефтимиј Ивирски, каде стои, дека Грузијците од темел ја обновиле црвката на Свети Јован Претеча и подигнале нова, посветена на Богородица. Потем таа ќе стане католикон на Ивирон.
Во овој период на растење на монашката држава, како градител на светата Атонска историја и разгорувач на монашкиот подвиг се јавува Атанасиј, основачот на Големата Лавра. За тоа дознаваме од трите текста напишани од Атанасиј и од двете негови житија напишани во првата половина на XІ век. Од овие документи дознаваме, дека на Гората веќе функционирал потполн систем на управа: прот, советници, три општи собори во Кареја, од кои се добивала дозвола за повлекување на тивко место, во тихување. За тоа кандидатот бил обвразан да помине неколку години во заедница со некој одговорен старец. Тоа го поминал и Атанасиј по неговото доаѓање во 957 година.
Иако, жеден за пустински живот и подвиг, во пост, пролевање солзи, избегнување на секое задоволство и удобност, светиот Атанасиј, поминува некое време покрај искусен старец, пред кого го сокрива своето вистинско монашко име и се нарекува Варнава. Така се стремел да ја сочува својата смиреност, но и за да не се дознаат неговата ученост и доброто познанство со императорот Никифор Фока (963-969). Сите трудови да се живее анахоретски останале залудни, бидејќи тогашниот император Фока, го наоѓа својот пријател Атанасиј, а со тоа почнува и изградбата на Великата Лавра, која штедро ќе ја помагаат и подоцнежните Византиски императори. Во централниот дел се наоѓа соборната црква посветена на Светото Благовештение, додека во самиот манастир и околината има и други помали цркви и параклиси, како и неколку монашки ќелии и скитови.
Големината на овој манастир е и во тоа што на личноста на свети Атанасиј и се придружувале и луѓе од сите народности и  општествени слоеви.6 Така на пример, меѓу нив се наоѓале и славните Грузијци Јован, Ефтимиј и Торникиј, кои потекнувале од бележита  аристократска фамилија. Како такви, тие одиграле главна улога во развитокот на Атон, во втората половина на X век. Тогаш тие го градат манастирот Ивир, во чиј центар се наоѓа соборната црква „Успение Богородично“, која датира од XІ век. Се верува и тоа дека манастирот Вељуса, кај Струмица, бил метох на Ивир. Со ова  започнала епохата на големите Атонски манастири. За нив ќе треба да се каже по некој збор.
Веднаш после Великата Лавра, на второто место од хиерархиската лествица се наоѓа манастирот Ватопед. Тој е сместен во североисточниот дел на полуостровот помеѓу манастирите Есфигмен и Пантократор. Според едно предание, синот на императорот Теодосиј Велики, Аркадиј, доживеал бродолом, паднал во море, но подоцна бил пронајден жив во капините на брегот каде што денес се наоѓа манастирот. Името Ватопед, на наш јазик се понашува со: дете во капината. За угледот на монаштвото ни говори фактот за бројните светители кои се подвизувале во Ватопед. Меѓу нив среќаваме мноштво истакнати личности, идни патријарси, писатели, како и српските светители од аристократско потекло: св. Сава и св. Симеон Немања, кои богато го дарувале манастирот. Со тоа се поставуваат темелите на идните добри односи со средновековната српска држава. Сето тоа, непоткупливо упатува на манастирот Хиландар.7
Хиландар е втемелен врз духовниот камен св. Сава, кој уште како Растко, од својата 17 година копнеел по Бога и Атонскиот аскетски живот. По силата на верата добива храброст рамна на најголемите светила на Црквата, и го напушта семејството и својот татко, жупанот Немања, за тајно да прими потстриг, и како сведоштво за тоа на неговиот татко, да му ја испрати потстрижената коса и расото.8 Со дозвола на императорот Алексиј ІІІ Ангел, кој бил роднински поврзан со српската кралска династија, во 1198 год., започнува градењето на Хиландар, на местото од еден стар манастир основан во 982 год., од монахот Георгиос Хилендариос.
______________________________
6. Дионисија Папахрисанту, Атонско Монаштво Почеци и организација, Београд, 2003, 22-161.
7. Ѓорѓи Поп Атанасов, цит. дело, 17-39.
8. Монах Сава Хиландарац, цит. дело, 46-49.


Нешто подоцна, метоси на Хиландар ќе станат и македонските манастири Лесново и Полошкиот. Занимлив е фактот дека некои монаси од нашите македонски предели стануваат светогорски игумени. Таков е примерот со Лаврентиј од Банско и Калистрат Зографски. Заедно со дедо Калистрат, се замонашуваат уште четворица стружани, негови добри браќа, пријатели и другари. На Света Гора се замонашил и Кирил Пејчиновиќ, но и мноштво македонци од малешевскиот и пиринскиот дел, во периодот помеѓу XVΙΙΙ и XΙX век.
Важно е да се спомне дека веднаш после завршувањето на градбата на Хиландар, св. Сава оди во Кареја и таму гради келија доволна за двајца или тројца браќа и мала црква за молитва. Келијата го добива името по св. Сава Освештен по кого, што и младиот Растко го добива името Сава. Од голема важност е и книжевното дело на св. Сава, Карејски типик. Тој претставува монашки устав, т.е. содржи правила за живот во келијата како и правниот однос на Хиладар кон неа. Со тоа се создава нов тип на самостојно управување.9
 Следен извор на жива вода е манастирот Дионисијат. Тој е сограден во 1374 год., со финансиска поткрепа на трапезунтскиот император Алексеј ІІІ Комнен. Манастирот е создаден од монахот Дионисиј и неговиот брат Теодосиј. Тие биле по потекло од костурското село Горенци. Околу подвижничката личност на Дионисиј се собираат мноштво монаси. Тие црпат од неговата благодат, која, според кажувањата на мноштво поклоници од нашево време и денес е силна и делотворна преку подвигот на бројното монаштво.
 Потем, следен манастир е Кутлумуш. Според едно предание Кутлумуш е основан од хрисијанизиран Арапин. Постојат индикации кои, историското постоење на манастирот го поместуваат во XІІ век. Императорот Алексиј Комнин, се препознава како ктитор на манастирот.
 Следен столб на монашката држава е Дохијар. Една од најстарите киновии создадена во времето на св. Атанасиј Атонски. Нејзин основач е монахот Ефтимиј, кој бил дохијар, односно домаќин во Великата Лавра.
Во 1363 год., е основан манастирот Пантократор. Тој е сведоштво за тогашниот копнеж на аристократијата, по Бога. Браќата Алексиј и Јоан, како византиски аристократи, го градат и се замонашуваат во него.

______________________________
9. Мирјана Живоинович, Светогорске келије и пиргови у средњем веку, Београд 1972, 91-103.
Еден од дваесетте манастири, сместен во близината на пристаништето Дафни, и изграден во еден сув дол, суводолица, од каде што, произлегува неговото име, е манастирот Ксиропотам. Изграден е од внукот на византискиот император Михаил Рангаве (811-813), и современикот на Атанасиј Атонски, благочестивиот Прокопиј.  По замонашувањето го добива името Павле Ксиропотамски и го основа и манастирот Св. Павле. И двата манастири се извор на светители и маченици.
Од голема национална и културна вредност за македонскиот народ е манастирот Зограф. Тој е изграден од тројцата браќа и подвижници на Атон: Мојсеј, Арон и Јоан од Охрид. Тие најпрво се подвизувале во одделни келии, а потоа го изградиле општиот храм Св. Ѓорѓи.
Името Зограф, „животописец“, доаѓа од преданието за чудото на светецот, кој сам се нацртал врз иконата приготвена за него. Порфирије Успенски, пак, тврди, дека иконата е донесена од двајца сириски калуѓери. Во секој случај, станува збор за чудотворна икона која сведочи за силата на светецот низ вековите.
Зограф е огниште на живи светии, како Козма и Пимен Зографски, но и на истакнати црковни великодостојници и монаси од македонско потекло. Тие се истакнуваат како црковни композитори, автори и преведувачи. Ќе ги спомнеме: владиката Партениј Зографски од Галичник, епископот Натанаил од Скопско Кучевиште, митрополитот Мелетиј од Струмица, епископот Доситеј од Прилепско Дабница; архимандритите Лазар од Прилеп, Анатолиј од Лазарополе, Калистрат Зографски од Струга по чиј благослов и денес, родот и потомството негово ја гради свештената историја на Струга.
 Следен манастир во кој, во XІV век, живееле монаси од словенско потекло е Ксенофонт. Изграден е од истоимениот монах во X век. Еден век подоцна е изграден и Каракал. Постои верување,  дека негов прв ктитор бил римскиот император Карал. Од тука одејќи кон север, се доаѓа до Филотеј, основан во 990 год., од монасите Филотеј, Арсениј и Дионисиј. Во овој манастир многу словени се подвизувале во XІV век.
 Кон крајот на X век Атон станува аскетска дестинација и за русите. Тие во втората половина на XІІвек го населуваат запуштениот манастир Св. Пантелејмон и го обновуваат. Во 1349 год., кралот на српската држава Стефан Душан го прогласува за царски манастир.
Есфигмен, „притиснат“, од стрмните ридови околу него, е стожер на монашки подвизи, на кои им бил целосно предаден Св. Григориј Палама пред да постане Солунски митрополит.
Сличен на овој манастир по позицијата, но изграден на карпа е СимоноПетра. Името го добива според аскетот Симеон кој го гради на карпа- Πέτρος, во XІV век. Патем, со помош на денешните технолошки достигнувања, потврдено е дека манастирот е изграден на самиот врв на таа карпа, која има форма на пирамида со висина од 10 километри.
Во близина на Симонопетра, е манастирот Григоријат, кој се наоѓа на југозападниот дел, изграден врз карпестиот брег, високо над морето. Тој станал идеална позиција за монашка заедница. Според едно предание, српскиот монах Григориј го основал во XІV век, но според друго предание, негов основач е родоначалникот на исихазмот, Григориј Синаит.
За разлика од местоположбата на овие манастири, Констамонит е распрострен во централниот дел на Света Гора, среде ливади и шуми, а постои и хипотезата, дека името го добива по костенот, дрво кое изобилува по Атонските шуми.
Како потврда, за победата на Крстот Христов над паганството, стои манастирот Ставроникита. Тој е изграден на место на паганско светилиште, а името во буквална смисла значи Крст Никитин. Се вели, дека монахот Никита се подвизувал тука и изработувал крстови. Но не само Никита, туку целата монашка држава сè до ден денес, твори крст, духовно распнувајќи се, за со Христос да воскресне во Нова Твар.10
   _____________________________

10. Ѓорѓи Поп Атанасов, цит. дело, 17-90.

(Продолжува)

ѓ. Васко Голабоски - Света Гора Атонска историја и живот

 

 Stefche.3naoganje.jpg

УНИВЕРЗИТЕТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ - СКОПЈЕ , 2011

ПРАВОСЛАВЕН БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

Дипломска работа  на ѓакон  Васко Голабоски      

На тема:СВЕТА ГОРА АТОНСКА ИСТОРИЈА И ЖИВОТ

 Ментор:
 о. д-р Стефан Санџакоски

 

СОДРЖИНА:

I. Предговор ................................................................. .....................1
II. Кратка историја на монаштвото на Света Гора Атонска ................................. .3
III. Карактеристиките на Атонското монаштво (монашки живот на Атон) ............... .13
IV. Духовни и теолошки постигнувања на Света Гора Атонска ............................ 22
V. Заклучок .................................................................. ...................30
VI. Библиографија ........................................................ .....................32
VII. Содржина ................................................................ ...................33

 

 Stefche.3naoganje.jpg

(Од одбраната на дипломскиот труд на г. Васко Голабоски)

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

24/11/2024 - недела

Св. великомаченик Мина; Св. маченик Стефан Дечански, крал српски; Св. маченици Виктор и Стефанида; Св. маченик Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная