логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 За мене критериум за духовноста на еден човек не е тоа да проповеда, како мене, ниту да зборува многу, туку да има сочувство, благост и снисходливост кон другите. Тоа означува дека тој Го почувствувал Христос. Кога ќе Го почувствуваш Христа, чувствуваш во себе дека сите луѓе имаат причина да го прават тоа што го прават. Ги разбираш сите. И животот ти е убав. Зашто, кога го гледаш татко ти да се напива, ако ти си среќен во Бога, тоа не те дразни, туку го разбираш.  Има една поговорка која гласи: „Можеш ли да влезеш во чевлите на другиот?“ Тогаш ќе го разбереш. Ако јас ги обујам твоите чевли и се научам да одам заедно со тебе, ќе пројавам снисходливост во мојот однос со тебе. Ќе кажам дека татко ми пие, но реално тоа не ме нервира, немам намера да го направам таков, како што јас сакам. Разбирам дека искусил болка, дека е разочаран од нешто, дека има финансиски проблеми. Наместо да му се налутам и да си го направам животот безрадосен затоа што тој пие, се обидувам да му помогнам, давајќи му ја мојата среќа. Тоа е она што го барам – да постигнам баланс и да го разберам другиот, а не постојано да му се лутам. Повеќето луѓе водат безрадосен живот, затоа што не се задоволни од другите дома. „Не ми се допаѓа овој човек! Сакам друга жена!“ Ама не ти се другите виновни. Ако се видиш себе си и имаш мир со Бога, тогаш сите се совршени за тебе. Ти си света, а мажот ти игра карти до полноќ. Тоа не те разболува, туку го гледаш како можност од Бога да му помогнеш, да го укрепиш и да го разбереш.


Молитвата за другите е најсилен израз на христијанската љубов

Мислам дека тоа е суштината на духовниот живот. Денес некој ми прати меил и ми напиша: „Многу те молам, отче, кажи нешто за Третата светска војна!“ Добро де, луѓе, да кажам и за неа. Но јас сум сигурен дека многу од тие кои прашуваат, нема да ја доживеат Третата светска војна како што се плашат, но ќе успеат до вечерта да ја преживеат нивната светска војна со жената и со децата! Зошто не ме прашаат да кажам нешто за тоа? Да кажам: „Отче, кажи нешто за жена ми, како да се однесувам благо со неа?“ Зошто ме прашуваш за антихристот, а денес во домот ти „танцува“ искушувачот со други проблеми? Го сметаме за духовен живот тоа постојано да се занимаваме со нешта кои се надвор и далеку од нас. „Некои доаѓаат, некои војуваат со нас, некои го сакаат нашето зло!“ Не е лага тоа, тие нешта постојат, но како ќе се соочиме со сето тоа, доколку не станеме свети? Да се утеши нашата душа, да почувствуваме среќа близу Бога. Јас го сфатив следново: човек треба да се сосредоточи на тоа да погледне во себе, каков однос има тој со Бога.

Според мене духовноста означува да почувствуваш голема благодарност за множеството дарови кои Бог ти ги дал. Повеќето од вас сте оженети, помните ли какви бевте пред да се ожените? Велевте: „Што ќе правам, што ќе се случи, како ќе се справам во животот сам?“ Сега, кога се оженивте, помните ли за тој дар? Кога навечер легнуваш да спиеш, се прекрстуваш ли и велиш ли: „Христе мој, Ти благодарам што имам друштво? Таа е тежок човек, и јас сум тежок! Па што, не сме ангелчиња! И таа е човек, со мајка и татко, кои и предале проблеми, и јас исто!“ Или имаш формален однос кон бракот? Завчера некој го нарече детето магаре, затоа што не поминувало добро на училиште, добило ниска оценка. За тоа детенце, кога си бил во породилиште, си треперел сѐ да биде во ред со раѓањето. Како плачеше тогаш и се фалеше дека си станал татко и го испи целиот ресторан, а сега одеднаш го нарекуваш твоето дете магаре? Како се случи тоа? Така се лишуваме од радоста во животот. Се навикнуваме со даровите, ни тежат, се изморуваме, не ги живееме тие големи нешта што Бог ни ги дарува во животот. Потребни ни се не зборови, туку внатрешна преобразба.

Животот ми е убав кога со помошта Христова гледам промени, а не само зборови, формални зборови, механички повторувања. Да размислиме добро за тоа во нашиот живот, како поминува тој доколку се промениме, бидејќи блиску до Христа. Како вели Свети Јован Златоуст? Влегуваш во црквата волк и треба да станеш овца, влегуваш јастреб, а треба да станеш галеб, влегуваш во црквата камен по душа и срце – треба лека-полека да ти омекне и од камен да стане месо. Се случува ли тоа? Се прoменуваме ли? Јас не сум се променил од волк да станам овца, уште сум волк во многу односи: завист, злоба, омраза, љубомора, каде е духовноста? Каде е светоста која очекуваме да ја имаме? Колку години си во Црквата? Некој ми рече дека од мал е близу до Бога. Сега на колку години си? На шеесет и пет? И што направи толку години близу до Христос? Но не ми зборувај повторно за поклоненија и старци коишто ги познаваш и за тоа дека си одел на Света Гора. Што постигна? Жена ти, детето така гледаат на тебе? Сопругата твоја да каже: „Колку убав дар е тоа, што го имам! Ја гледам неговата преобразба дома!“


Крајно смирение

Тоа е суштината на духовниот живот – да чувствуваме благост во срцето, снисходливост кон другите и да се наситиме од прошката и даровите, кои Бог лично ни ги дава. Сите сме оделе на исповед, таа прошка, која Бог ни ја дал, нѐ допира ли, чувствуваме ли дека ни е простено? Кога Бог ти го дава тој подарок и ти простува, ти станува ли животот убав? Да се види дома дека мајка ми, татко ми, се слободни личности, добиле прошка од Бога, дека имаат радост во себе, зборуваат благо еден кон друг! Тоа значи дека ти било простено. Ако Бог ти простува и не после долго пак те опфаќа депресија, тогаш каде останува прошката што Бог ти ја дава? Остави таа да те напои! Толку пати се причестуваме. Знаете ли дека младите луѓе влегуваат во Црквата, гледаат што се случува и одново си одат? Зошто? Велат: „Влегов во Црквата, видов црковни луѓе, но тие што ги сретнав ме разочараа, отче! Јас нема цел ден да се тргнам од Црквата, но тоа што го видов ме разочарува! Како може ем да си близу до Бога, ем да правиш нешта како да си многу далеку од Него?! Моите пријатели со кои одиме по клубовите и осамнуваме, не се такви, не прават така како вие, а се почесни. Моите пријатели нема да ми забијат нож в грб, како што се случи еднаш во Црквата, туку ќе ти кажат директно“. Тоа е многу важно. Понекогаш ги немаме дури ни цртите на световните луѓе. Некој е световен човек и те хули, но ти го кажува тоа: „Тоа го мислам за тебе!“ А во Црквата гледаш сомневање, прикриеност и луѓето се прашуваат: „Тоа ли е Бог?“ „Јас се разочарав“ – ми сподели тој млад човек. Јас му реков дека сакам прошка од мое име и од името на храмот каде што служам. „Пак е добро што сакаш прошка!“ – зашто понекогаш воопшто не сакаме прошка. Ние велиме: „Ти си виновен!“ Не другиот, туку ние секогаш ја носиме вината. Треба да се засрамиме, зашто многупати ги соблазнуваме нашите деца и општеството со нашето „претставување“. Не сме такви какви што би требало да бидеме.

Кога ќе сретнеш човек за кого си мислиш дека има тежок характер, ако го разбереш подобро, ќе видиш дека всушност тој е многу добар. Колку пати на исповед сум видел тешки луѓе, но кога ќе се обидам да ги разберам, се трогнувам од нивниот карактер.

Некој ја тепал жена си. Веднаш те фаќаат нервите штом чуеш како ти кажува дека ја тепа жена си. Но после тоа, кога ќе ти го раскаже животот – дека родителите го тепале, дека имал тетка којашто му се подбивала, дека имал втор татко, дека, воопшто, имал тежок живот… Сфаќаш дека секој човек којшто е тежок, си има свои причини. Јас не го оправдувам, но ако се обидеш да го разбереш наместо да го мразиш, го засакуваш и велиш: „Те разбирам и тебе, дете мое, и ти си се измачил во животот, сакам да зборуваме“. Многу е убаво дома да зборуваме и да се караме со тие луѓе коишто ни го прават животот тежок, но меѓу караницата да дојдеме до конкретни заклучоци. Да се скараме, но да бидеме заедно. Не се плаши да се скараш, скарајте се, има луѓе, кои преку караницата се зближиле, има жени кои се скарале со мажот си и на крај и двајцата плачеле, се прегрнувале и си велеле: „Што има да делиме? Колку сме глупави! Зошто да те мразам, како да те мразам, кога те сакав лудо пред неколку години? Некаде на друго место е причината, да зборуваме, да видиме каде грешиме, што ме нервира кај тебе и што те нервира кај мене!“ Накрај тоа ќе нѐ зближи и животот ќе ни стане убав, преку судирот, кавгата зоврива, но на тој начин Божјата благодат ќе те одведе до спасение и избавување. Не се плашете да зборувате, полошо е да ги задржувате нештата внатре во вас, да преживувате некаква драма, да не зборувате и секој од двајцата да води скриен живот. После тоа мажот ќе се принуди да прави други нешта, како и ти. Ако беа разговарале, би ја решиле ситуацијата, да си зборуваат и да се разберат.

Зборувам за овие нешта, но тешко е да ги примениме. Го знам тоа. Ти си мислиш: „Ти си монах, сам си, не си во семејство да видиш, твојот живот е еден, а нашиот е друг“. Знам. Затоа денес сум само еден жител којшто го кажува личното мислење. „Тоа што го зборуваш се философии, но ако влезеш во семеен дом и имаш расходи, ти доаѓа сметката за струја, жена ти си доаѓа и бара од тебе разни нешта, детето не ти поминува добро во училиште, тешта ти сака да се грижиш за неа и соседот те изнервирал, не можеш да го правиш тоа за кое сега зборуваш“. Добро, какво е решението тогаш? Да полудиш? Не, туку да живееме достоен живот, којшто е многу поубав од сегашниот. Заслужуваш поубав живот. Сигурно е дека Бог не те довел тука за да се разболиш од мака и постојано да сакаш нешто друго. Живеј го тоа што го сакаш. Најди што сакаш. Живеј ја – велеше некој – желбата на твоето срце. Ако сакаш да станеш пилот и на крајот имаш павилјон, страдаш цел живот. Направи го тоа што го сакаш. Тоа, што можеш да го промениш во животот, промени го, а тоа што не се променува, прифати го и помири се. На пример, имаш болно дете, имаш парализиран сопруг, тоа не се променува. Нема смисла постојано да велиш: „Зошто, Боже, зошто, Боже!“ Го повторуваш цела година, втора година, одговор не доби. Зашто не постои одговор за многу тајни во животот. Таа болка ќе ја прифатам, ќе живеам со оваа жена, која е таква, која пие лекарства, мажот ми е парализиран, детето ми е болно, но нештата кои можам да ги променам, ќе ги променам. Нешто не ти се допаѓа во животот? Најди начин да го смениш, не се помирувај. Животот не е само Голгота, туку има и среќа. Направи некаква промена.

 

Извор: Бигорски манастир

Друго:

6-ти август 2018 лето Господово



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная