логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Нови книги во издание на ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:

- s.haritina@yahoo.com или тел. 078 384 867-

- во Струмица:  тел. 075 490 655

-во Скопје: тел.  070 276 721

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуцијата на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација

Свети Теофан Затворник
Извадок од книгата ,,Писма на вечното спасение”



Писмо 10

,,Никако не можам да управувам со молитвата, мислите постојано ми бегаат. Некој ме посоветува да ги научам молитвите напамет, уверувајќи ме дека кога ќе почнам да ги кажувам напамет мислите помалку ќе скитаат. Јас ги научив и ги кажувам напамет, но расеаноста не се смалува; ни два збора да кажам, а мислите се оддалечуваат од молитвата, така што мора да се вратам назад. Многу сакам да се научам да бидам нерасеана во молитвата” .


   Нерасеаната  молитва е дар Божји, кој се дава на упорните молители. Така барајте и ќе најдете. Вие, можеби го знаете правилото на свети Макариј Велики, дека ако сакаш да стекнеш некоја добродетел, тогаш треба да се принудиш себеси на неа, или да се вежбаш упорно во неа, и Господ, гледајќи го твојот труд и гледајќи со каква сесрдност ја бараш таа добродетел, ќе ти ја даде да ја привиеш кон твоето срце, така што таа кај тебе ќе биде како природно чувство и расположение. Истиот закон важи и за стекнувањето нерасеана молитва. Извршувајте го, без да ве мрзи, секој за вас можен молитвен труд, и Господ на крајот ќе ви подари нерасејана молитва. Посетувајте ги црковните служби; тие подобро од се го развиваат молитвениот дух; дома молете се според молитвеникот или напамет, читајте готови молитви или свои сопствени, изговарајте ги според состојбата на вашиот дух - и стоејќи, и седејќи, и одејќи, и работејќи, секогаш повторувајте која било молитва или кој било стих од псалмите, но сето тоа сесрдечно, желни за молитва, со страв Божји и со скрушеност на срцето, без никакво попуштање на расејувањето на мислите, и притоа непрестајно така исполнувајте се за веќе и самите да тежнеете, не попуштајќи и не отстапувајќи, додека не дојде вистинската молитва, која произлегува од срцето.


Учењето молитви е еден од начините на молитвен труд. А, вие помисливте дека само ако подобро, побрзо ги научите и почнете да ги кажувате напамет, тогаш молитвата ќе се прелие од срцето. Сега гледате дека таквото очекување не се оправдува со дело. Но, за тоа не е виновно учењето молитви и нивното кажување напамет, туку начините кои притоа се употребуваат, начини кои зависат од оној кој ги научил и ги изговара напамет.


 Молитвите не треба да се учат толку напамет колку со умот и срцето. Потребно е да се  влезе во духот на молитвата, да се црпат мислите кои таа ги дава, да се усвојат и да се почувствуваат: така што кога ќе почнете да ја кажувате молитвата научена напамет, мислата и чувството да одат напред, а по нив зборот на молитвата. Како што гледате, и овде е потребно напрегнато внимание, и некојси притисок на срцето, заради предизвикување на потребните чувства. И тогаш таквото молитвословие ќе биде силно средство за воспитување на молитвениот дух. Научената молитва веќе е на некој начин внатрешна и од неа е побрз преминот на молитвата во срцето и од срцето. Обидете се да кажувате молитви напамет, насочете го нивното мисловно читање внатре во срцето. Ако тоа ви успее, тогаш и навиката на нерасеаната молитва кај вас ќе тргне поуспешно.
 Но, сето тоа е начин за стекнување вистинска молитва, а не самата молитва која е вознесување на умот и срцето кон Бога. Пристапувајќи кон молитвословие, секогаш е потребно  претходно да се насочуваат умот и срцето кон молитва, покренувајќи ги на страв Божји и скрушеност на срцето. Свети Василиј Велики советува секоја молитва да се започне со сеќавање на големите доброчинства Божји и со благодарење за нив, а кон тоа да се присоединува сеќавањето на гревовите, кои го навредуваат Добротворот, и срдечното скрушување поради нив, и потоа дури да Му се вознесуваат на Бога своите молења за своите внатрешни или надворешни потреби, и тоа со мисла с# да се обраќа на слава Божја. Мислам дека ако така се подготвува некој за секое молитвословие, тоа ќе протекува со помалку бегање на мислите.


 Но, и тоа е молитвен труд, а не самата молитва која доаѓа од срцето. А, таква молитва барајте, кон неа стремете се и ревнувајте да ја стекнете. Но, запомнете дека без долг труд, непрекинат  и  упорен, ништо нема да добиете. Во ,,Добротољубието” се пишува за еден старец кој две години се борел барајќи ваква молитва и таа насила се запалила. И запалувајќи се, продолжила непрестајно да гори. Тогаш дошол и крајот на бегањето на мислите. Одете и вие по овој пат и ќе дојдете до истото.

 6-ти декември, лето Господово 2015

 Друго:

Нови книги во издание на ,,Небесни цветови" при манастирот св. Атанасиј Велики

  • За дистрибуција на книгите можете да се информирате на:
  • s.haritina@yahoo.com или тел. 078 384 867
  • Во Струмица: информации на тел. 075 490 655
  • во Скопје: тел. 070 276 721

п.с-  За секое проширување на  мрежата на дистрибуцијата на книгите, ќе ја надополнуваме оваа информација

 

сестра Харитина е задолжена за севкупната организација на дистрибуцијата на најновите изданиа на едицијата „Небесни цветови“:

1. Свети Теофан Затворник- ,,Писма на вечното спасение”,

2. Архимандрит Софрониј (Сахаров)-  ,,Да се види Бог каков што Он е”

 

07.12.2015 год.

Преминпортал

 

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2074
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2092
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 537
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Митрополит Струмички Наум: Непотребен судир на формата со суштината

Првото, е она на Богочовекот Исус Христос, Кој вообичаено слободно ги „прекршува“ правилата, ако тоа значи спасување на конкретниот човек од страдање; притоа, не мислејќи на последиците по Себе, поради...

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

13/05/2026 - среда

+Светиот апостол Јаков; Свети Донат; Светата маченичка Аргира; Свети Игнатиј Брјанчанинов;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик; св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2026

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная