логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

 

Господа, соочете го проблемот за смртта со која било философија, стара или нова. Гледајте, сета логика на сите философии се слева во еден принцип: категориите на човечкото мислење ја докажуваат невозможноста за победа над смртта; смртта е логична последица на трошноста на човековото битие, затоа смртта е неизбежна неопходност... Ваквиот одговор ме поттикнува на прашањето: како философијата може да му даде смисла на човековиот живот, кога така го решава кобниот проблем за смртта? Всушност, разните философии не се ништо друго освен аритметика на песимизмот. Кога човек од ивицата на гробот го набљудува светот, тогаш ниту една философија не може да ја заслади горката тајна на смртта.

            Соочете го проблемот за смртта со европската хуманистичка култура. Многу работи наивната европска култура ги окрилила со надеж. Но слаби се тие крилја за да може да го издигне човекот над смртта. Смртта немилосрдно ги сосекува во корен. И културниот човек се чувствува трагично немоќен пред страшниот факт на смртта. Застани на ивицата од гробот и измери ја културата на вагата на својата совест; гледај, полесна е од ништо. Пред смртта таа се свива во згрчена нула. Смртта полека ги нагризува сите нејзини текови и ги втиснува во својот мрачен амбис. Зарем културата што не е во состојба да ја победи смртта, во самата суштина претставува сила што многумина ѝ ја припишуваат? Каква корист од тоа што човекот е културен, културен во воденицата на смртта, која што денес – утре ќе го сомеле и него и неговата култура?

            Ставете го проблемот на смртта пред нехристијанските религии. Сите тие се мачат со него; и решавајќи го, тие или го заобиколуваат, или го негираат, или го прескокнуваат. Најкарактеристични од нив се: браманизмот и будизмот. За браманизмот смртта е како и сиот видлив свет: Маја, измамлива реалност, небитие, неегзистенција. Проблемот за смртта спаѓа во некој вид самонаречена реалност, која треба да се надмине со силата на волјата своја. Сиот видлив свет е – изложба на привиденија, кои се изродуваат во нереални фантоми. – Решавајќи го на таков начин проблемот за смртта, браманизмот не го решава, туку го негира. А будизмот? Будизмот е полнолетство на очајанието; тоа не е само философија, туку и религија на песимизмот. Тајната на небитието е попријатна од горката – прегорка тајна на битието. Смртта е ослободување од оковите на ова страшно чудовиште што се нарекува свет. Зад смртта – блаженството е нирвана. – Така, будизмот не го решава, туку го прескокнува проблемот за смртта; не ја победува смртта, туку очајно ја проколнува. На сличен начин и другите религии не претставуваат ништо друго освен банкрот пред проблемот за смртта.

            Господа, вредноста, вистинската вредност на секоја наука, секоја философија, секоја религија, секоја култура ќе ја пронајдете ако ги прочитате во контекст со смртта. И преку науката, и преку философијата, и преку многубројните религии човекот се обидува да ја победи смртта, и никако не успева... Човекот е сам, а околу него подмолно ќути безбреговниот океан на смртта... Заробен од смртта, човекот рика од воздишките на срцето свое, и никој да му одговори, никој од луѓето, никој од боговите. И ако нешто промумла науката, или философијата, или културата, сето тоа е слаба наркоза што никако не може да го успие ужасот на смртта на пробудената душа човечка. Погледнете, човекот и човештвото никаде од проклетата воденица на смртта. Нашата тмурна планета има и вишок центрипетални сили за сѐ што е смртно, па и за човекот. Сиот електрицитет на болката, на ужасот, трагичноста се собира во еден гром, гром на смртта, против кој нема громобран. Смртта е врховно зло, кое ги синтетизира сите зла; врховен ужас, кој ги синтетизира сите ужаси; врховна трагедија, која ги синтетизира сите трагедии. Пред тоа врховно зло, пред тој врховен ужас, пред таа врховна трагедија изумира во немоќ и очајание сиот дух човечки и сиот род човечки... Прогрес? О та што е секој човечки прогрес, ако не прогрес кон смртта, прогрес кон гробот? Сите прогреси во воденицата на смртта завршуваат со смрт.

            Господа, целата дејност на родот човечки низ историјата сведочи и тврди едно: за човекот е невозможно да ја победи смртта. Но, ако тоа е последниот и завршен заклучок, зошто тогаш да се живее? Зошто да се создава историја, да се учествува во неа, да се ломи по неа? Историјата на родот човечки, која е немилосрдна, тиранска диктатура на смртта, не е ли потсмев над човечкото битие и неговиот прогрес? Да не се залажуваме: смртта е триумф на тиранијата и трагичноста, и оф – пир на иронијата и комичноста... Бедно и комично е да се биде човек, кога му е судено да живее во воденицата на смртта, гледајќи како таа немилосрдно меле човек по човек, генерација по генерација, и чувствувајќи како и него самиот постепено го меле сѐ додека целосно не го сомеле... За несреќното и исмеано битие што се нарекува човек е невозможно, апсолутно невозможно да ја победи смртта. Тогаш што да се прави? Има ли излез? – Да, има. Она што е невозможно за човекот се покажало можно за само едно битие во сите светови. За Кого? – За Богочовекот Христос. Богочовекот Христос ја победил смртта. Со што? – Со Своето Воскресение. И со таа победа го решил проклетиот проблем за смртта; го решил не теориски, не апстрактно, не агриористички, туку со настан, со искусување, со факт, со историски факт на Воскресението Свое од мртвите.


TViTer668           

Господа, нема настан, не само во Евангелието, туку и во историјата на родот човечки, кој така силно, така убедливо, така непорекнувачки посведочен како Воскресението Христово. Во целокупната своја историска стварност и моќ, христијанството е основано на фактот на воскресението Христово. Со својата сепобедна сила тоа се наметнало како центар на христијанството. Ако христијанството може да се сведе на еден настан, тогаш тој настан е – Воскресението Христово. Ако христијанството има почеток во времето, тогаш тоа не почнува од Витлеем, туку од Воскресението. Темел на христијанството е Воскресението Христово. Тоа е основен факт; ако не се почне од него, не може да се одгатне таинствената личност на Исус Назареецот. Со Своето Воскресение Господ Христос се објаснил Себе на светот, Својата Богочовечка личност. До Воскресението Свое тој ги учел луѓето за победа над смртта, но дури со Воскресението ја победил смртта и на луѓето им дал сили и тие да ја победат смртта и во душата и во телото свое. Со еден збор: целокупното учење Христово дури во Воскресението Негово ја добива својата опитна, експериментална потврда и објаснување.

            Без Воскресението Христово, христијанството апсолутно не може да се објасни. Ве молам, со што ќе ја објасните неустрашивата проповед на Апостолите за воскреснатиот Христос, оние Апостоли кои, поразени и исплашени од голготската смрт Христова, кукавички се разбегале од Него? Со што ќе ја објасните, со што? – Единствено со Воскресението Христово. Ако Христос умрел, но не и воскреснал, со право прашува свети Златоуст – кој би се осудил да Го проповеда како Бог и Спасител? Кој би тргнал по Него, кој во смрт за Него би отишол? Ако Христос не воскреснал, кој би ги воодушевил Апостолите, тие немоќни очајници и преплашени бегалци, да проповедаат еден мртовец; и каква награда би можеле да очекуваат од мртовец, каква чест? Та тие побегнале од Него жив штом Он бил фатен; а после смртта Негова зарем тие би можеле да стојат онака смело за Него, ако Он не воскреснал? Не, не! Тие не можеле, ниту, пак, смееле да го измислат Воскресението Христово ако тоа не се случило. Многупати Спасителот за време на животот Свој им зборувал за Своето Воскресение, но тие ништо од тоа не разбирале. Затоа, ако Христос не воскреснал, тие, гонети од целиот народ, протерувани од град во град, најпосле би морале да се откажат од Него и би престанале да шират гласини за некакво Воскресение Негово. Ако Воскресението Христово навистина не се случило, туку го измислиле Апостолите, на што би можеле тие да се потпрат  проповедајќи една таква измислица? Дали во силата на своите зборови? Та тие биле многу неуки луѓе. Дали во богатство? Та тие немале ниту торба, ниту стап, ниту обувки. Дали во важноста на потеклото? Та тие биле сиромашни, и родени од сиромашни. Дали во знаменитоста на родното место? Та тие доаѓале од непознати села. Дали во својата многубројност? Та тие биле сѐ на сѐ единаесет. Дали во ветувањата на Учителот? Но, ако Он не воскреснал, тогаш ни другите ветувања Негови не би биле веродостојни за нив. И како тие би можеле да го скротат народниот бес? Кога храбриот Петар од страв се одрекол од Христос пред една слугинка, и сите други, видувајќи Го врзан, кукавички се разбегале, како тогаш би смееле да помислат да одат во сите краишта на светот и насекаде да ја всадуваат измислената проповед за Воскресението? Кога еден се исплашил од една слугинка, а другите и од самиот поглед на јажето, како тогаш можеле да се одржат пред цареви, владетели и народи, каде што се мечеви, вжарени казани, усвитени печки, безброј видови секојдневни смрти, како, ако не така што со божествената сила Своја ги крепел воскреснатиот Господ Христос? Да, да, сето тоа го правела силата на воскреснатиот Богочовек.

            Но, без Воскресението Христово не би можело да се објасни не само Апостолството, туку и мачеништвото на Мачениците, ниту исповедништвото на Исповедниците, ниту светителството на Светителите, ниту чудотворството на Чудотворците, ниту верата на верните, ниту љубовта на тие што љубат, ниту надежта на тие што се надеваат, ниту кој било христијански подвиг. Ако верата христијанска не е вера на воскреснатиот, и затоа вечно живиот и животворниот Богочовек Христос, кој низ толку векови би воодушевувал милиони и милиони луѓе на вера во Христос, на љубов кон Него, на живот во Него, и би ги водел низ светите добродетели и подвизи? Со еден збор: ако не било Воскресението Христово, нема да имало христијанство; Христос би бил првиот и последниот христијанин кој издивнал и умрел на крст, а со Него и Неговото учење и Неговото дело. Тогаш би биле вистинити зборовите на несреќниот Ниче: „Првиот и последниот христијанин е распнат на Голгота“.

Преподобен Јустин Ќелиски

 

21.04.2018 лето Господово

Друго:

 

Извор: МПЦ-ОА

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3221
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7715
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

« »

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

27/12/2024 - петок

Божикен пост (строг пост)

Св. маченици Тирс, Левкиј и Калиник; Св. маченици Филимон, Аполониј, Аријан и други;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная