СОВРЕМЕНИ ЧУДЕСНИ СВЕДОШТВА ПОВРЗАНИ СО
ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМ САРОВСКИ
Старецот спасува од рак
Многу поклоници одат кај моштите на Серафим Саровски во надеж да се излечат од страшни болести. Од запишаните случаеви на исцелување во манастирот создадоа архива на чудеса. Ние ви цитираме само мал дел.
- Серафим помага дури и кај онколошките болести- вели раководителката на манастирот, Игуманија на отец Сергеј. – Човек со рак на желудник дојде пред неколку години заедно со сопругата од Москва. Ревносно се молеше и исповедаше. Бог ја услиши неговата молитва, Серафим го заштити: болеста се повлече.
***
Еве една од записите на друг излечен поклоник:
„Јас, слуга Божји Иван, се исцелив од онколошко заболување со вера. Пред неколку години лекарите ми поставија дијагноза: рак на желудник. Заедно со својата сопруга, слугинка Божја Олга, ние отпатувавме во Светите земји- во Саровската пустина и во Дивеевскиот манастир. Неколку недели поминавме во непрестајни молитви со вера дека Бог нема да нé напушти. Пристигнувајќи дома јас одеднаш почувствував дека ми е подобро. Ракот се повлече. Докторите рекоа дека подобрувањето е очигледно, а веќе после еден месец во нашиот дом дојде голема радост: Бог целосно ме излечи од страшната болест.
Слава ти, Серафим!
Слуга Божји Иван, Самара. 2006 год.’’
Хрониката на Дивеевскиот манастир е полна со чуда.
***
„Од чудата на Серафим Саровски ќе спомнам за олеснувањето на предсмртните страдања на мојот татко Алексеј Фјодорович’’,- пишува д-р.Алексеј Јурков од Одеса.- Мојот татко боледуваше од рак на мочниот меур. Три дена се оперираше, но болеста не се повлекуваше. Туморот растеше во лимфните јазли, а како резултат на тоа, левата нога отече и се појавија многу силни болки. Летото 1991 година, светите мошти на преподобниот Серафим беа во Богојавленскиот храм во Москва. За да им се поклонат во храмот отидоа мојата сестра, која живее во Москва, со три деца. Сите силно му се молеа на Саровски чудотворецот за помош на нашиот татко и дедо. И тој помогна. Во тој миг кога беа кај моштите, татко ми почувствува дека болката во нозете одеднаш исчезна. Тој можеше да стане од постела и да оди без бастумчиња и без постојана помош. Тој можеше да ја користи повредената нога сé до својата смрт. Велик преподобен Серафим!’’
***
Друг поклоник, Олег Кудрјавцев од Чебоксар, исто така оболи од тумор. Лекарите со ултразвук открија рак на мозокот и му предложија операција. Но, постариот негов брат, Игор, го донесе во Дивеево на изворот на преподобен Серафим. После капењето, болките во главата поминаа уште вечерта, а после една недела исчезна и туморот.
***
„Да го напишам ова писмо ме поттикна и тагата и радоста’’,- сведочи Кузменкова, жителка од Краснодарскиот крај.
- Мојата ќерка Валентина беше однесена со брза помош во најтешка состојба. Ноќта и’ беше направена комплицирана операција. Надеж за оздравување немаше. Сретнувајќи ја слугинката Божја Галина, и’ раскажав за својата тешка тага. Таа ми даде едно шамиче, осветено на моштите на преподобен Серафим и ме посоветува да го врземе на главата на болната ќерка. Истиот ден, со вера и олеснување во душата отидов во болница и го врзав шамичето на ќерка ми. После една недела, таа почна да дава знаци на живот, а по шест месеци ја пуштија.
Ксенија Књазева, Евгениј Круглов
Извор: http://www.diveevo.ru/127/
Подготви: Снежана Корнет