логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

(Обновено)

ОСНОВИ ЗА СЛИКАЊЕ НА ВОСКРЕСЕНИЕТО ХРИСТОВО
Април 27, 2012
Отец Александар Јасиукович, зограф

            За да ја разбереме­­­ природата на иконата и да можеме да ги читаме нејзините содржини, треба да ја разбереме основата на определената икона. Во овој текст, испитувајќи ги изобразувањата на Воскресението на нашиот Господ, ние ќе го разгледаме изворот на канонското сликање во православната иконографија.

Празникот на Христовото Воскресение стои пред сите други празници на православната Црква. Најголемо внимание е дадено на овој настан, бидејќи ова е крајниот Господов чин во искупителната мисија за целото човештво. Според светиот aпостол Павле: „Ако, пак, Христос не воскреснал, суетна е верата ваша“ (1. Кор. 15, 17). Ова значи дека надежта на следбениците Христови низ вековите би била без вредност за нив – воскресението од мртвите, ветеното Божјо Царство би било непостоечко.

Духовно објаснување

             Ниту еден од евангелистите не ни кажува како Христос воскреснал од мртвите. Евангелистите ни кажуваат само за појавувањето на воскреснатиот Господ, тие не го опишуваат самото Воскресение. Свети Матеј најблиску го опишува моментот на Христовото Воскресение, кога ни раскажува за моментот на слегување на ангелот чија што „појава (лице) беше како молња“, кој го отстрани каменот од гробната врата „и седна на него… a стражарите, уплашени од него, трепереа и беа како мртви“ (Мат. 28, 2-4). Овој опис подоцна беше земен од иконографите како предмет за иконата на Воскресението Христово. Автентичната иконографија на Црквата ја покажува духовната страна на Христовото Воскресение, …слегувањето на победникот Господ во пеколот, ослободувањето на Адама и Ева заедно со другите затвореници на пеколот од Стариот Завет, и вистинското сведочење на жените Мироносици дека Исус повеќе не е во гробот, дека Он воскреснал.

Искривувања

           

Силното влијание на Западниот реализам (17-ти век) навлезе во домовите и црквите на Православните Христијани. Иконографијата претрпе значителен удар, од кој почна да заздравува дури во последниве децении. Една таква слика, сè уште популарна, го покажува Воскреснатиот Господ како излегува од гробот, држејќи победничко знаме. Впечатокот е дека каменот беше отстранет од гробот за да може Христос да излезе, исто како воскресението на Лазар, и војниците или стражарите кај пештерата беа толку преплашени, не толку многу од појавата на ангелот, колку што беа од самото Воскресение. Не е тешко да се види колку длабоко искривување на Евангелскиот настан е дадено, какво уметничко сликање, или поточно, каква слободна реинтерпретација.

 

Ангелот го отстранил каменот не за да го пушти Воскреснатиот Господ, туку напротив, за да покаже дека Он не е во гробот: „Он не е овде, воскресна“, и за да им даде на оние кои „Го бараа Исуса, Распнатиот“, можност да се уверат од празниот гроб, кој тие го гледаа со свои очи, гледајќи го местото „каде што лежел Господ“.

Воскресението веќе се беше извршило пред слегувањето на ангелот, пред каменот да биде поместен; беше извршено на неопислив начин, кој не е подложен на човечкото гледање. Војниците не можеле да го посведочат Воскресението. Евангелистот јасно ни кажува дека жените што носеа миро и мириси беа сведоци не само на земјотресот, слегувањето на ангелот, туку исто така и на преплашеноста на војниците кои бегаа. Жените беа таму кога се случило ова. Ангелот, разликувајќи ги нив од преплашените војници им вели, „не плашете се“ и потоа им ветува дека тие ќе Го видат Господ подоцна. Ако жените Мироносици не го виделе Воскресението, тогаш навистина е неверојатно дека војниците го виделе.

Такви искривени слики на вистината во западната фантазија не се прифатливи во јазикот на канонската иконографија во Православната Црква, бидејки тие се туѓи на Светото писмо и Предание. Фантазијата или погрешното толкување на Божјото откровение немаат место во учењето за искупувањето. Евангелијата молчат за фактот како Христос воскреснал. Ниту пак иконата го покажува тоа.

Зошто молчење?

            Ако светлината на Преображението на Господ беше пресилна за Апостолите да ја поднесат, колку посилна би била на Христовото Воскресение! Ако беше можно или полезно за луѓето да бидат сведоци на самото Воскресение, тогаш ќе им беше покажано. Сведокот не би можел да Го следи Него во пеколот, каде што се случуваше покорувањето на темнината, ниту би можел непречено да го гледа Воскресението на Семоќниот Бог во преобразеното тело. Воскресението на Исус Христос е сложено чудо над човечкиот физички допир.

Химнографија

            Нашата црква во нејзината химнографија, како и во иконографијата, секогаш останала доследна на дадените записи во Евангелијата. Химните во светите служби ни помагаат да го разбереме чудото на Воскресението.

Во Пасхалниот Канон (Песна 6, 1), пееме: „Зачувувајќи ги печатите недопрени, Христе, си воскреснал од гробот“. Не само што каменот не беше поместен, туку и печатот кој беше ставен на него беше недопрен во моментот на Христовото воскресение. И „Живот засвети од гробот кој сè уште беше запечатен“. Воскреснатиот Господ излезе од гробот исто како што Он дојде кај Апостолите „иако вратите беа затворени“ (без да ги отвори). Тој излезе од гробот без никакви надворешни знаци, кои можеби би биле забележани од надворешните набљудувачи. „Иако затворен во гробот во ограничено (тоа е ограничување од вообичаените закони на просторот и другите материјални услови на нашиот живот на земјата) тело, навистина Воскресна, Христе, Ти Кој не си ограничен (слободен од сите сегашни форми и неподложен на земско набљудување)“ (канон од неделата на свети Тома, песна 3, 2). Особено: „Војниците кои Те чуваа, не го почувствуваа моментот на Твоето Воскресение“. Како и Девственото Раѓање, Воскресението Христово останува тајна „запечатена за оние кои бараат доказ“ (неподложна за испитување на човечката наука) и како чудо, останува „тајната на Воскресението, која се открива во верата“ (стихира, глас 5). Обичните научници кои би ја испитувале тајната на празниот гроб ќе откријат ништо повеќе од она што го знаеја самите војници: дека Оној, Кој беше погребен не е таму, туку воскреснал. А како Он воскреснал е чудо, кое им е откриено само на верниците.

Тајна – Преобразено тело

                Невозможно е да се замисли дека Господ, воскреснувајќи од местото каде што го положиле, се ослободил од неговите повои како од обична облека или, како Лазар, би требало да биде одвиткан од други. Гробната облека на Воскреснатиот Христос остана во гробот, свиткана, како да била обвиткана околу телото на Оној, Кој беше положен да лежи во гробот, само што Он не беше повеќе во неа. Ова е лекција која треба да се научи од Евангелијата, како „крпата, што Му беше на главата Негова не стоеше при повојот, туку одделно, свиткана на едно место“. Ова значи дека крпата остана свиткана, како што беше обвиткана околу главата Христова. Не е тешко да се сфати зошто токму „другиот ученик“ штом ја виде напуштената гробна облека, „виде и поверува“ (Јован 20, 5-8). Toj веднаш видел дека овде се случило нешто многу необично за кое Марија Магдалена прва се посомневала: Овде не станува збор дека Господа „го дигнале… од гробот“ и Марија не знаела „каде Го положиле“ (Јован 20, 2). Невозможно било да го земат погребаниот Исус од повоите (кои, според времето на употреба, би биле натопени со леплива материја, и најверојатно, целите излепени меѓу себе) без да ја одвиткаат ленената облека и без притоа да ја искинат. Па оттука, јасно е, дека Господ заминал од гробот во воскресение за живот и дека гробната облека не можела да го задржи преобразеното тело на Воскреснатиот Господ, Кој стана дел на друг свет (Јован 5, 28-29).

 

Нашиот Спасител можеше да биде видлив или невидлив, како што Он ќе посакаше. Господ не само што можеше да бира кому Он сака да се појави туку, ако може да се каже така, го контролираше исто така и надворешниот изглед на Неговото појавување. Он ги придружуваше Лука и Клеопа на патувањето, разговараше со нив на патот, им се придружи на вечерата, и одеднаш исчезна од пред нив (Лука 24, 31). Преобразеното тело на Господ беше слободно да помине низ сите материјални препреки. Прославеното тело на Синот Божји беше, од земски аспект, толку материјално очистено, толку слободно од грубото материјално несовршенство и ограничување, на кое ние сме навикнати, така што Апостолите помислија „оти гледаат дух“ (Лука 24, 37).

Созерцанието на Христовото Воскресение е можно само за нашите духовни очи на верата, слободни од сè што може да ни го попречи погледот. Нашиот поглед мора да биде фокусиран повеќе на духовниот извор на животот, отколку на материјалниот комфорт. Затоа нашата црква ги почнува нејзиниот Пасхален Канон со зборовите: „да ги очистиме нашите чувства и ќе Го видиме Христа (духовно), блескајќи со недостапната светлина на Воскресението, и ќе Го слушнеме како јасно ни вели: Радувајте се!…“

Слегување во Пеколот

            Според православното учење, слегувањето на Христос во Пеколот беше последниот чин од искупувањето на човекот. Бидејќи првиот Адам умре во грев, Вториот Адам, Христос, Кој ја прими создадената природа требаше да стигне до истите длабочини до кои првиот човек слегна. Иако во Евангелијата не се спомнува за овој настан, св. Ап. Петар зборува за тоа на денот на Педесетница (Дела 2, 31) и во неговото послание (1. Петр. 3, 19): „Откако слезе, им проповеда и на духовите, кои беа во темнина“. Исто така, главна тема низ Пасхалната химнографија е искомбинирана со Господовото слегување во Адот и Неговото Воскресение во плот.

 

Иконата на Слегувањето во Адот ја прикажува духовната реалност на Воскресението и последиците од Неговото слегување. Настанот на иконата се случува во Адот, покажан како длабок, црн амбис. На средината на иконата е Спасителот облечен во бело. Тој се појавува во Адот, не како заробеник, туку како Победник, избавител на Старозаветните затвореници; не како слуга, туку како Господар на животот. Он е прикажан во кругот на мандорлата (символ на Божјата сила и слава) во разни сини зраци, проникнати од златни зраци, кои излегуваат од телото на Господ. Темнината на Адот е исполнета со светлината на Воскресението што доаѓа, зраците и мугрите на Пасха. Спасителот стои на две вкрстени штици од вратите на пеколот. Под вратите, во црниот амбис, се гледа врзаната фигура на кнезот на темнината, Сатаната, со делови од скршени синџири, клинци, клучеви, катанци расфрлени наоколу. Господ ги ослободува душите на Адама и Ева, заедно со душите на сите други, кои со вера го чекаат Неговото доаѓање. Христос е опкружен со две групи на Старозаветни светители, по една од секоја Негова страна. Одлево се Цар Давид и Соломон во царски облеки и круни со свети Јован Претеча; десно е Мојсеј, држејки ја книгата на законот, и другите пророци. Здогледувајќи го присуството на Спасителот во Адот, тие веднаш Го препознаваат, покажувајќи им Го на другите, Чиешто доаѓање тие го претскажаа.

Слегувањето на Христос во Адот става крај на Неговото понижување и го означува почетокот на Неговата слава. Он ни ги отвори вратите на Рајот. Он ги постави темелите на нов живот за сите оние кои се соединиле со Христа. Победата над адот е изгрејсонце на едно ново, преродено човештво. Воскресението Христово е символ на нашето воскресение.

Жени Мироносици

Враќањето на нашиот Господ од мртвите е прикажано на иконата на Жените мироносици на ист начин, како што Евангелијата го опишуваат моментот на Неговото Воскресение. Жените биле сведоци на земјотрес, виделе ангел кој слегол од Небесата и го поместил каменот од влезот на гробот, и го виделе стравот на стражарите (Мат. 28, 1-4).

Според Евангелието, на иконата се прикажува погребната пештера со празен гроб, каде што беше положена ленената облека. Обично, лево од гробот стои група од жени и ангелот во бела наметка, кој седи на каменот, јшто тој го тргнал од вратата, е на десната страна. Ангелот покажува кон празниот гроб покажувајќи им на жените дека Господ не е повеќе таму, дека Тој воскресна. Опишувањата на Евангелијата се разликуваат во однос на бројот на жени и ангели крај гробот. Во Евангелието според свети Лука бројот на жени воопшто не е ни спомнат. Ете зошто, на некои икони, бројот на претставените жените може да е пет или повеќе. На истиот начин, има икони кои покажуваат или еден ангел – според евангелијата на Матеј и Марко, или два, според Лука и Јован: „Едниот кај главата, а другиот кај нозете, каде што беше лежало телото Исусово“ (Јован 20, 12). Генерално, оваа Пасхална икона е вистинска копија на Евангелските раскажувања, точни до најмал детаљ. Дури и крпата, „што Му беше на главата Негова“ е прикажана „настрана“ (Јован 20, 7)

Идниот живот

Воскресението на Господ се случило во утрото по седмиот ден (по саботата). Ова беше почетокот на првиот ден од седмицата. Поради оваа причина, првиот ден од седмицата е празник за сите Христијани, на кој се слави почетокот на новиот живот во Исуса Христа. Раните христијани го нарекувале овој ден осми ден, или осми ден од создавањето, како што се нарекува сега богословски. Не само да го прославуваме денот во кој Христос воскресна, туку да го прославуваме почетокот и претскажувањето на вечниот живот со Бога, кој ќе дојде за обновеното човештво. Како што првиот ден од создавањето беше почетокот на деновите во времето, така и денот на воскресението Христово е почетокот на деновите надвор од времето, односно, исполнувањето на ветувањето на нашиот Господ за идното Царство, каде што Господ е сè во сè.

Превод од англиски јазик:

Дејан Белчовски, апсолвент на теологија

The Faithful Steward,

The resurrection of Christ and basis for its Iconography,

by Father Alexander Jasiukowicz, Iconographer,

issue 18, 2004

Православна светлина, бр. 5

 Извор:

Ортодоксика ортопраксија

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1887
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2394
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.бессребреници  и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Тропар на св.бессребреници и чудотворци Кузман и Дамјан 1/14 ноември 2024

Свети бессребреници и  чудотворци, Козмо и Дамјане, посетете ги нашите немоќи,   бесплатно примивте, бесплатно давајте ни.

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная