логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

4b23ecff7da49fa4741daf33f21

Предание за настанувањето на сликањето и почитувањето на свештенските икони

Сликањето на свештенските икони не сме го примиле само од Светите Отци, туку и од Светите Апостоли, и од самиот Господ, нашиот Исус Христос. Христос го сликаме како човек затоа што се јавил на земјата и со луѓето заедничарел, постанувајќи совршен човек, без грев (Варух 3). А Христос не е само Логос, туку и Икона на Отецот, Образ на невидливиот Бог (Колосјаните 1, 15), сјај на славата и образ на Божјото битие (Евреите 1, 3), според благоречивиот Павле. Го сликаме и Светиот Дух во вид на гулаб, како што се јавил на Крштението Христово, и во вид на огнени јазици, како што се јавил на Педесетница. Сликаме и икони на Богородица, на Ангелите, и на други Свети Отци. Ги почитуваме, но не богослужно (богопоклоно), т.е. честа која ја даваме на иконите се однесува на нивните оригинали (прототипови). При тоа не се поклонуваме на материјалните состојки на иконата, на дрвото и бојата, туку на ликот на Христос, Синот Божји и Логосот, како и на неговите Светии. Бидејќи честа на иконата преминува на прототипот (првообразот), по зборовите на светиот Василиј Велики.

Значи, сликаме свети икони и ги почитуваме, ги целиваме, согласно со Седмиот Вселенски Собор, кој го востановил нивното почитување и согласно со свештената и предревна традиција на Црквата, која има свој почеток во неракотворниот отпечаток на богочовечното Лице Христово на светиот Убрус, како и во иконите на Богородица и Светите апостоли Петар и Павле, насликани од раката на евангелистот ап. Лука, првиот меѓу иконописците.

Иконите, пак, ги сликаме на духовен, а не на телесен и вештествен начин и со нив ги украсуваме и со убавина ги облекуваме храмовите, за да бидат постојано сведоштво во очите на верниците за нашата свештеничка вера, и како некоја книга за прости и неписмени, поради подржување на доблестите на Светиите и радосното сеќавање на нив и поради зајакнување на верата и напредување во љубовта, и поттикнување на верниците непрекинато да го повикуваат Господа, како Владика и Отец, и Свет, како свој водич кон Бога.

 

Што пишувале Светите отци за иконите

 

Сите црковни Отци ги сакале и почитувале иконите. Свети Јован Златоуст ја имал во својата ќелија иконата на апостолот Павле, кој исклучително го почитувал и се инспирирал од него при пишувањето на своите многубројни дела.

Василиј Велики ги пофалува иконописците како и писателите на Црквата, од кои едни Вистината со зборови ја украсуваат, а други со слики ја изобразуваат. Какво почитување имал кон иконописците јасно се гледа од пофалбите за оваа уметност содржани во неговата беседа посветена за маченикот Варлаам. Бидејќи му исплетел венец од пофалби, со кој се овенчал Маченикот, се обратил на сликарите со следните зборови: Дојдете, сега, сјајни живописци, вие кои ги сликате подвизите на Светите и ја величате уметноста, започнувајќи го ликот на Христовиот војник. Неговиот венец, кој невешто го насликав, обојте го со боите на вашата мудрост. Ќе отидам победен со вашата икона, која што ќе ги претставува подвизите на мачениците. Се радувам денес што ќе бидам победен со вашата сила. Ќе ја видам неговата борба против огнот, кој ќе го насликаат многу подобро од мене. Ќе видам на вашита икона серадосен маченик ….

Неговиот брат Григориј, епископ Нисијски исто така зборува за иконите како изобразувањето на човечки ликови, кои нам преку боите јасно како најсликовита книга ни ги  проповеда подвизите на мачениците и како прекрасна градина го украсуваат храмот. И додава: Бидејќи знае и најќутливата слика на ѕидот да зборува и да биде од голема корист, како што и сложувачот на мозаикот го прави подот по кој се гази достоинствен за историјата.

Свети Јован Дамаскин еден од најдаровитите теоретичари на иконописот, им дава на иконописците исто достоинство како и на евангелистите, благовесниците на Вистината. Еве тој што вели: Она што Евангелистите го објаснуваат со зборови, тоа живописецот го покажува со делото. Која е причината тогаш еден да почитуваме, а друг да презираме ? Па додава: иконата е триумф и откривение и споменопис, сеќавање на најголемите (луѓе) и најсјаното, како и на срамот на поразените и победените.

Свети Григориј Палама ја открива (во своето Исповедање на верата) внатрешната смисла  и содржината на иконите со следните зборови: Насликај икона на оној кој поради нас се очовечил (Христос), од љубов кон Него. И сети се на Него преку неа, и поклони се преку неа Нему, правејќи преку неа ум на телото на Спасителот достојно за поклонување, кое седи од десната страна од Отецот на небото. Покрај тоа, сликај ги и ликовите на Светиите и почитувај ги, но не како богови(бидејќи тоа е забрането), туку поради односот со нив и од љубов и од преголемото почитување, вознесувајќи го умот преку иконата на нив, како што Мојсеј направил слики од Херувими, во Светињата. Меѓу другото и Светињата на Светиите била праслика на неднебесните нешта, и светото телесно носило е образ на целиот свет, а Мојсеја тоа го нарекол Светиња, и тоа не за со тоа да го слави созданието, туку за преку него Го прослави Бога, Творецот на светот.

За време на иконоборството биле малтретирани, поради одбраната на иконите и маченички настрадале помеѓу останатите и следниве:Максим Исповедник, еден од најголемите умови на христијанската древност, Стефан Нови, Теодор и Теофан Наказени (Начертани), Теодор Студит, Григориј Декаполит, Симеон Лезвијски – Стилит и многу други маченици.

Еден од нив кој настрадал поради иконите за време на иконоборецот, царот Теофил бил и Лазар Исповедник. Еве што пишува за него во една древна книга: Бидејќи бил исполнет со омраза против светите икони безбожниот цар, му предале  еден свет зограф, по име Лазар. Него го ставил на големи маки само затоа што ги почитувал иконите. Бидејќи и тој сликал икони, царот наредил во оган да стават потковици, да ги држат во оганот до усвитување, па да ги ставија на неговите дланки. Со нив толку многу го гореле неговото тело така што веќе изгледало како од маки да умрел. Но го сочувала божествената благодет. Тогаш тиранинот, дознавајќи дека веќе е уморен, на молба на царицата и другите дворски луѓе, членови на советот, го извадиле  од затвор и го ослободиле. А светиот зограф отишол тајно во храмот на Светиот Претеча, наречен Страшен. Тука, со уште незараснатите рани од огнот, насликал икона на Претечата, која направила многу чуда и исцелувања.

Превел:

Петар М. Петковски,
студент на теологија во III година при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје

 

Поврзано: СВЕШТЕНА ЛИТУРГИСКА УМЕТНОСТ (ПРВ ДЕЛ)

Извор: Преспанско- пелагониска епархија

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2032
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2553
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар (2)

 

26/12/2024 - четврток

Божикен пост (пост на масло)

Светите маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест; Светата маченичка и девица Лукија (Луција); Светиот свештеномаченик Гаврил, патријарх Српски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Тропар на светите Христови маченици Тирс, Левкиј, Калиник, Филимон, Аполониј и други со нив 14 декември / 27 декември 2024

Маченици свети Христови, вие кои со благодат Господова огнот во вас го скротивте,  а силата негова во ревност за Бога ја...

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Евстратиј, Авксентиј, Евгениј, Мардариј и Орест 13 декември / 26 декември 2024

Низ оган злато поминува за да се очисти, о свети Евстратие, но огнот тебе не те допре, затоа што напоен од благодатта...

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная