логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Собрани заедно, големите празници служат да ни ја раскажат сторијата на Воплотувањето, чија кулминација се наоѓа во центарот на годината со празнувањето на „Празникот над празниците“ – Пасха. Прв меѓу големите празници од црковната година, која започнува во септември, е Рождеството на Пресвета Богородица.

Раниот живот на Марија, Мајката Божја, сè до настанот на Благовештението е опишан во древното Протоевангелие на Јаков. Химнографијата и иконографијата за празниците што го одбележуваат зачнувањето на Марија, нејзиното раѓање и посветувањето на Храмот како дете, се базираат од овој ран (околу 2 век) спис.

Раѓањето на Богородица било чудесно, не дека таа била родена без прводорен грев, или дека била родена од девица, туку напротив бидејќи таа била родена од неплодни родители: Јоаким и Ана.

Иконата на празникот е повеќе или помалку достоверно изобразување на Протоевангелието, со композиција слична на Рождеството на нашиот Господ Исус Христос, за кое раѓањето на Марија претставувало подготовка. Ана е прилегната на кревет, слично како што самата Марија е прилегната на иконите од Христовото Рождество. Под Ана, детето Марија го измиваат бабици, исто како што детето Христос Го мие Саломија на иконата од Неговото раѓање. Исто како што Јосиф е прикажан далеку од главната сцена во иконите на Христовото Рождество, така и таткото на Марија, Јоаким, е прикажан одделно од сцената на иконите на Рождеството на Богородица.



Главната разлика е во околината. Додека Христовото раѓање е прикажано во пештера, во пустина, раѓањето на Мајката Божја е прикажано во град, внатре од градските ѕидини, во услови на прекрасно уредена куќа, зашто Јоаким бил „многу богат човек“ (Протоевангелие). Наместо пештера, Марија е во спалната на Ана, која според Протоевангелието била претворена во светилиште сè до времето кога Марија влегла во Храмот. Додека Марија и детето Христос во нивната релативна осаменост се набљудувани од ангели, околу Ана има многу движење: „чистите еврејски ќерки“ кои Ана ги довела во спалната да ја надгледуваат. Трпезата до Ана ја покажува гозбата што Јоаким ја подготвил за првиот роденден на Марија, на која биле поканети книжниците, свештениците и старешините Израилски.


Други детали што можат да бидат присутни се одделни детали на Ана, Јоаким и детето Марија заедно во љубовна прегратка. Можат да бидат прикажани и сцени пред раѓањето на Богородица, на пример како ангелот го посетува Јоаким во пустината за да му каже за идното зачнување, како и прегратката на Јоаким и Ана при влезот на нивната куќа, претстава која одделно го претставува „Зачнувањето на Мајката Божја“. На дното од иконата понекогаш има водена фонтана или водени птици во мала градина. Ова го осликува „двојниот плач“ на Ана под ловоровото дрво во нејзината градина, кога мислела дека нема ниту да зачне, ниту да го види својот сопруг повторно:

    Тешко мене! Кој ме роди? И која утроба ме породи? Зашто станав клетва пред очите на синовите Израилски, ме прекорија и со потсмев ме исфрлија од храмот на Господа. Тешко мене! На што ме уподобија? Не сум како ѕверовите земни, зашто дури и ѕверовите земни се плодни пред Тебе, Господи. Тешко мене! Со што ме споредија? Не сум како овие води, зашто дури и водите се множат пред Тебе, Господи. Тешко мене! На што ме уподобија? Не сум како земјава, зашто дури и земјата дава плодови во свое време и Те благословува, Господи.

Иконата на Рождеството Богородично ни ги прикажува релативно возвишените почетоци на Марииното раѓање. Во своето смирение, таа не ја очекува најавата на архангелот Гаврил што тој ќе ја донесе само неколку години подоцна и молчешкум ги носи спартанските околности на раѓањето на нејзиниот Син во Витлеем.

    Денес Дева Богородица Марија,

    Брачната одаја на Небесниот Младоженец,

    По Божја волја се раѓа од неплодна жена,

    И се подготвува да стане колесница на Бога Словото.

    Таа беше предназначена за ова, зашто таа е божествена врата

    и вистинска Мајка на Животот.



Извор: iconreader.wordpress.com

 

Преземено од: http://mistagogia.mk/ikonata-na-rozdestvo-na-presveta-bogorodica/?fbclid=IwAR2p7qXtHcM9bqLdqcsXkeGWQs5ICMvrR20kGpXFtnyWSfqkfx-jxcSK6-M

 

 20септември 2019 лето Господово

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 1908
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2422
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная