логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

На 22 април 2016 година (петок), во 18,30 ч во Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, Р. Бугарија ќе биде отворена изложба на Вељо Ташовски во организација на НУ Националната галерија на Македонија. Творештвото на Ташовски на бугарската публика ќе биде претставено со избор на дваесетина слики во комбинирана техника, масло на платно и свила.

Вељо Ташовски всушност, својот карактеристичен ликовен израз го гради постапно, бескомпромисно копајќи длабоко во себе, низ сопствената и низ традиционалната културна матрица, во кои се испреплетуваат личните, локалните, но и општочовечките димензии на толкување на животните вистини низ принципот на основните елементи, предадени во апстрактни и во асоцијативни површини. Восприемањето на творештвото на Вељо Ташовски не плени со постапното, но континуирано прочистување и на неговиот ликовен јазик. Сликите на Ташовски и непосредно, и во индиректна смисла се обвиени со превез на мистичност преку синхронизираната игра на присутното и на отсутното, на реалното и на виртуелното, некаде доловено со вештината на цртачкиот елемент преку внимателното илузионистичко раслојување на плановите, а на друго место надградено со копринениот превез од свилениот материјал обработен вешто сликарски и цртачки. Притоа, носечките ликовни елементи, точката и линијата, геометриски распоредени во просторот преку линеарно-орнaменталниот преплет со алузија на мрежа и на витални органски структури, како и суптилниот колорит, нежен и лирски интониран, оддаваат силно чувство на мир и спокојство. Апстрактните и асоцијативни површини се плод на индивидуалното ликовно истражување што произлегува од исконската човечка потреба за воспоставување своевиден ред и поредок во хаотичноста на секојдневието. Оттука, општиот впечаток при доживувањето на неговите дела е чувството на бесконечно движење и живеење, постојано на границата меѓу конкретното и апстрактното.

 Имено ликовниот дискурс на Ташовски се реализира во просторот меѓу илузијата и симулацијата. При тоа авторот се откажува од илузијата во нејзината класична означеност, но од друга страна, тој ја користи симулацијата во најмекиот и најприродниот вид, отворајќи пат кон индивидуалната ликовност. Идејата на авторот е преку ваквиот привид да ја нагласи основната специфичност на сликарството - двете димензии, односно апстрактната конотација на сликата создавајќи специфична “ликовна претстава на двата плана”. Композицијата што го следи принципот на апстрактното сликарство, флуидот на сликарската материја, отсуството на третата димензија..., свилата, бришењето на ефектот на прозорецот, атмосферата на тишина и спокојство - сите тие настојуваат да ги опросторат “сликаните” претстави на Ташовски до ниво на посакуваниот ефект на бескрајноста, до создавањето на слика-простор.

Вељо Ташовски, роден 1949 г. во с. Осој (Дебарско) завршил Академија за ликовни уметности - сликарски одел во Љубљана 1975 г каде и магистрирал 1979 г. Од 1976 до 1985 г. бил член на Друштвото на ликовни уметници во Словенија, а од 1976 г. член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметости во Скопје. Имал повеќе самостојни изложби во Македонија и Словенија,  земал учество и на голем број групни изложби во Словенија, Македонија, Италија, Полска, Хрватска, Грција, Романија, Србија, Чешка, Словачка, САД итн., добитник на бројни награди во Македонија, Словенија, Хрватска и Србија.

Изложбата ќе ја отворат Васко Шутаров, директор на КИЦ на РМ во Софија  кураторот на проектот Маја Неделкоска Брзанова, кустос во Националната галерија на Македонија, Конча Пиркоска, ликовен критичар во присуство на сопругата на авторот Румјанка Ташовска. Истата ке биде поставена до 8-ми мај 2016 год.

 

Национална галерија на Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная