логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

NewMan’s Got Talent – програма за стипендирање на најдобрите млади таленти од најдобрите македонски компании


Процесот за да се најде вистинскиот вработен и да се биде задоволен со соработката на долг рок е истоштувачки и скап за компаниите, а во Македонија се’ уште нема интегриран процес од школување до вработување на сите креативни и талентирани млади луѓе на кои што им треба поддршка за да ги развијат своите вештини.

Сликата која што ја забележуваме во Македонија е 67,3% невработеност на млади со високо образование, 71,6 месеци во просек од школување до вработување и 40% од вработувањата на младите се на позиции кои што се несоодветни со нивното образование.

“New Man’s got TALENT” е програма која е креирана да одговори на потребите на младите и да ги поврзе успешните македонски компании со талентирани студенти кои имаат потенцијал да станат врвни професионалци и значајни вработени.

До крајот на месец септември ќе се одржат повеќе обуки и две тестирања, резултатите ќе се објават јавно и само најдобрите ќе продолжат во финалето каде што ќе имаат можност да ги презентираат своите квалитети и знаење со цел да освојат до 100% стипендија и шанса за вработување во некои од најдобрите компании во Македонија.

“Програмите на Њуменс Академијата се креирани за да кореспондираат со отворените работни позиции во одделни индустрии, како со знаења, така и со вештини. По завршување на академиите, студентите имаат предност на пазарот на труд, бидејќи освен здобивањето на стручни знаења, тие се подготвуваат кариерно да одговорат на побарувачката од компаниите, а со тоа стануваат попосакувани од работодавачите.” – Ивана Најдоска, Менаџер на Њуменс Академијата.

Првото тестирање ќе се одржи на 7 јули 2016 во просториите на „Њуменс бизнис акцелераторот“, а сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк. Во моментов функционираат и кратки летни академии, за Илустратор, Фотошоп, Развој на мобилни апликации и Развој на меки вештини и кариерен план, кои што започнуваат од 6 јули 2016 година.

Академијата во акцелераторот оваа учебна година ќе понуди дури 10 програми и тоа:

1. Бизнис академија
- Корпоративни иновации и претприемништво
- Дигитален маркетинг и продажба
2. Tech академија
- Front-end Web Development
- Back-end Web Development
- Развој на мобилни апликации
- Компјутерски мрежи и виртуелизација
- Сајбер безбедност и виртуелизација

3. Креативна академија
- Графички дизајн и бренд идентитет
- 3Д Моделирање и Анимации
- Визуелни ефекти и пост-продукција

Со активно следење на некоја од академиите, студентите се специјализираат и здобиваат со огромен број на бенефиции и тоа:

•    Едукација од највисок квалитет и пренесени практики од SAP University Aliances, универзитетите Standford и Singularity од Калифорнија, САД;
•    Mентори со практично искуство во индустријата во која што предаваат
наставна програма креирана според најновите барања на пазарот и конкретни работни профили;
•    Интерактивно учење преку работа на реални проекти на компаниите;
•    Стекнување вештини и нивна секојдневна примена со практична работа;
•    Можности за пракса и вработување во МК, Европа и САД кај компаниите што ве стипендирале или пошироката листа на партнери и соработници.



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная