логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Почитувани,

            Ве известуваме дека во недела (10 јули) со почеток во 20 часот во кафе-книжарницата „Магор“ ќе се одржи промоцијата на поетската збирка на израелската поетеса Хава Пинхас Коен „Песните на Орфеја“. На промоцијата ќе биде присутна и авторката, која специјално ќе допатува од Израел.

            Промотор на изданието ќе биде проф. д-р Елизабета Шелева, која е и преведувач на изданието. На промоцијата ќе се обрати и амбасадорот на Израел, Н.Е. Дан Оријан.

            Во голема мера, творештвото на Хава Пинхас Коен е поттикнато и предизвикано од парадоксалната и неизбежна врска, односно заемна упатеност, што владее помеѓу љубовта и смртта, како две интензивни гранични искуства. Тематско-мотивскиот комплекс Ерос-Танатос (што првпат е посочен како универзална антрополошка константа од страна на Фројд, инаку и самиот Евреин по своето семејно потекло) нагласено ја бои поезијата на Хава Пинхас Коен, особено по прераното заминување, предизвикано од фаталната болест, на нејзиниот сакан сопруг Јоси, во 1999 година. Отаде, една од нејзините книги, според која е насловен и овој поетски избор на македонски јазик, е наречена токму „Песните на Орфеја“ – низ кои провејуваат навистина потресни (но, не и патетично пренасилени) лирски сведоштва за нерамноправната битка со смртта, што ја води лирскиот субјект во непомирливите обиди одново да го истргне и да го врати од смртта својот сакан маж.

        Лирското писмо на Хава Пинхас Коен останува навистина животворно, будно отворено, приемчиво и расположено кон облиците на страста, кон еротизмот како дополнителен признак и посветеност кон животот како сетилна гозба и асоцијативно патување – аџилак.

            Хава Пинхас Коен не се расфрла со зборовите и со нив постапува економично, оти воопшто не игра на картата на реторичкото изобилство. Приоритетот на овие песни лежи другаде – во смелиот мегдан со егзистенцијалните суштини и граничните искуства, што претставуваат универзален клуч и онтолошки предназначен предизвик на секој човек и секоја жена.

            Поаѓајќи токму од тие, животно и лично „проверени“ искуства, доживувања и споредби – Хава Пинхас Коен изострено ја перципира и непогрешливо ја „лоцира“ иманентната метафизичност, својствена на самиот живот, наедно целејќи кон неа како кон ултимативен квалитет и личен печат на сопствената поезија.

             Хава Пинхас Коен е авторка на осум книги поезија и добитничка на повеќе престижни национални награди за поезија, професорка по литература и уметност, основачка и главна уредничка на литературното списание „Димуи“ (од 1990 година), како и уметничка директорка на поетскиот фестивал „Кисуфим“ (што ги обединува, од 2007 година, па наваму, писателите од еврејско потекло низ целиот свет), преведувачка и колумнистка.



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная