Почитувани,
со големо задоволство Ве покануваме на дискусијата и работилница за длабински цртеж Добри практики: одговорноста и развојот на современата култура и уметност кои се случуваат во Младинскиот културен центар (џебно кино) на 17 и 18 октомври, во рамки на дискурзивно – едукативната програма „Совршениот уметник“ и програмата „Добри практики“.
Денешната дискусија (17-ти октомври, среда) ќе започне во 19.30 часот а ќе гостуваат Мирослав Кариќ и Марија Радош, куратори во Галерија Ремонт од Белград, уметничката Верица Ковачевска по нејзината резиденција во Њујорк како добитничка на наградата ДЕНЕС во 2018 год. и ќе се промовира фанзинот „Примус бр. 2 – AKTO“ кој е создаден од студенти на ФЛУ - Скопје.
На 18-ти октомври (четврток) од 12 часот во МКЦ ќе се одржи и работилницата за длабински цртеж со Горан Стојчетовиќ кој го разгледува цртежот како рефлективна мапа на душевно - духовните состојби и процеси и самото цртање како фокусирање на мисловниот тек.
Талент за цртање не е потребен! Работилниците се бесплатни а пријавувањето може и денес на следниов мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Повеќе информации има во дополнувањето на мејлот.
Се надеваме дека ќе ни се придружите!
Срдечно,
тим на Факултет за работи што не се учат (ФР~У)
--
Ivana Vaseva
Program director and curator
Faculty of Things that Can't Be Learned (FR~U)
http://www.akto-fru.org
+ 389 (0)70 905 212
Skopje, Macedonia