логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 На 17 октомври 2018 год. (среда), во објектот Чифте амам, во 19 часот ќе се отвори изложбата со наслов  „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско - херцеговски автори“ од колекцијата на Националната галерија на Македонија која се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот  „Седумдесет години Национална галерија на Македонија”. Изложените дела припаѓаат на  таканаречената „Југословенска збирка” чија историја е тесно поврзана со историјата на Националната Галерија. Формирањето на збирката започнало во првите години од основањето на галеријата а временскиот период на создавање на делата се движи од почетокот на XIX до средината на XX век.
На изложбата ќе бидат презентирани околу 110  ликовни дела (слики и скулптури) од колекцијата на Националната галерија на Македонија. Изложбата на љубителите на уметноста им дава општ преглед на стилскиот и хронолошкиот развој на сликарството и вајарството создавано од словенечки, хрватски, српски, црногорски, босанско и херцеговски автори, обработени и претставени според нивните временски и стилски карактеристики во зависност од обемот и квалитетот на збирката што ја поседуваме. Ќе бидат  претставени најзначајните имиња на сликари и вајари од бившите југословенски републики (Влахо Буковац, Мирослав Краљевиќ, Урош Предиќ, Целестин Медовиќ, Паја Јовановиќ, Петар Добровиќ, Петар Лубарда, Зора Петровиќ, Ѓорѓе Андреевиќ - Кун, Крсто Хегедушиќ, Омер Мухаџиќ, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ, Антун Августинчиќ и др.) чие творештво го прикажува развојниот пат од класицизмот кон создавање на современиот модерен ликовен израз.
Во деветнаестиот век југословенската уметност доживува силен подем. Односот меѓу црковното и граѓанското сликарство почнува да се менува. Сликарите главно творат во духот на класицизмот, бидермаерот, романтизмот и академскиот реализам. Најзначајните сликари од овој период кои истовремено се застапени во нашата збирка се: Павел Ѓурковиќ, Константин Данил, Никола Алексиќ, Новак Радониќ, Стеван Алексиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Влахо Буковац, Целестин Медовиќ и др.
Во првата половина  на XX век  на целиот југословенски простор се појавува стремеж за надминување на разликите меѓу „старото конзервативно“ и „новото модерно“ сликарство,  меѓу „академизмот“ и „современите тенденции“. Притоа процесот на модернизацијата бил поттикнат главно од импресионистичките импулси како во Хрватска така и во Србија, Словенија Босна и Херцеговина и Црна Гора. Овој период го одбележуваат авторите: Мирослав Краљевиќ, Рихард Јакопиќ, Матија Јама, Матеј Стернен, Милан Миловановиќ,Коста Милиќевиќ, Надежда Петровиќ, Сава Шумановиќ, Петар Лубарда, Јован Бјелиќ, Милан Коњовиќ, Ѓорѓе Андреевиќ-Кун, Крсто Хегедушиќ и др.
На изложбата ќе биде презентиран и дел од оригиналната архивска документација поврзана со формирањето на оваа збирка во периодот од 1948 до 1956 година. Преку презентацијата на оваа документација  ќе се потсетиме  на огромниот вложен напор,  не само на тимот кој ја водел Уметничка Галерија (Борко Лазески, Никола Мартиноски), туку и на државните институции кои несебично и со голема одговорност ја поддржале оваа акција и придонеле Национална галерија да ја поседува најбогатата збирка од овој тип во Македонија.

Привилегија на културата е да ги гради и одржува мостовите на заедништво меѓу географски и културолошки блиски народи. Токму заради тоа, на отворањето на изложбата ќе се обратат директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова Ќерими, амбасадорот на Р. Словенија во Македонија, Н.Е. господинот Милан Јазбец и академик Газанфер Бајрам.
Куратори на изложбата се Татјана Бундалевска и Славица Алексоска и истата ќе биде поставена до 18 ноември 2018 година.
 
Национална галерија на Македонија



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная