Вечерва (16.06.2022), во Музејот на македонска борба, 20ч, ќе се реализира концертен настан со особена тежина - вечерен рецитал на бас-баритонот Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска под наслов “Песни од патувања“, посебна тема исполнета со уметнички песни испеани на неколку јазици.
Овој македонски млад уметник со зрела кариера и бројни настапи низ Европа,
кој живее и работи во Виена, Австрија, ќе ја почести македонската публика со изведба на дела од Р. Шуман, Ј. Хајдн, Ј. Брамс, Ж. Ибер, Р. В. Вилијамс, но и дела од македонските автори Томислав Зографски, Горан Начевски и Дарија Андовска.
Композиторот проф. Г. Начевски нему му го посветил своето видување на македонската народна песна “Параходот“, а композицијата “Марика мома убава“ од проф. Т. Зографски е веќе култно дело во македонската музичка историја.
Со македонската премиера на композицијата “Со маки сум се родил јас”, Иван Наумовски го заокружува циклусот “Песни од татковината“ од композиторката проф. Д. Андовска, чија изведба ја започна на целовечерниот концерт на маестро Симон Трпчески.
Иван Наумовски дипломирал во Скопје соло пеење, магистрирал во Виена на државниот универзитет, а исто така е и добитник на наградата “Виртуози“ за најдобар млад музички уметник во Македонија.
Влезот на концертот е слободен, а доживувањето бесценето.
--
-----------------------
Prof. Darija Andovska, MA, Composer
University Ss. Cyril and Methodius,
Faculty of Music - Skopje,
Theory and Composition Department,
Faculty for Dramatic Arts - Skopje
mob: +38975478535
+38977735711