логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Со големо задоволство Ве покануваме на шеснаесетотто издание на награда ДЕНЕС која се доделува за млад/а визуел(е)н/а уметни(к)чка во Северна Македонија до 35 години за исклучителна и истакната тековна уметничка практика која подразбира критичко и естетско размислување и дејствување, како единствена награда во земјава од овој вид и означува двомесечен престој во Њујорк, САД.

Процесот на доделување на наградата ДЕНЕС во 2022 година се состои од два настани кои се случуваат во Национална галерија на Република Северна Македонија – мултимедијален центар „Мала станица“ и тоа:

22 јуни (среда), 19 часот - Презентации на четворицата уметници – финалисти: ДАРКО АЛЕКСОВСКИ, ИВАНА МИРЧЕВСКА, КРИСТИНА ПУЛЕЈКОВА, ЗОРАН ШЕКЕРОВ

23 јуни (четврток), 20 часот – Изложба на четворицата уметници – финалисти: ДАРКО АЛЕКСОВСКИ, ИВАНА МИРЧЕВСКА, КРИСТИНА ПУЛЕЈКОВА, ЗОРАН ШЕКЕРОВ и церемонија за наградата.

Жири комисијата за XVI награда ДЕНЕС е составена од: Вивиана Ќеќиа (Лондон), кураторка и истражувачка, кураторка за резиденции и јавни програми во „Делфина фондацијата“, Лондон; Елена Чемерска (Скопје/ Берлин), уметничка и добитничка на наградата ДЕНЕС во 2021 година; Славчо Димитров (Скопје), истражувач, теоретичар, активист и куратор на „Скопje викенд на гордоста“, интердисциплинарен фестивал за квир уметности, култура и теорија; Нора Халими (Тетово), уметничка и професорка на Факултетот за уметности на Универзитетот во Тетово и Лилиа Куделиа (Киев/ Далас), кураторка, историчарка на уметност и соработничка на Residency Unlimited (RU) во Њујорк.

Се надеваме дека ќе можете да ни се приклучите на овој важен и значаен настан а повеќе информации имате во прилог на мејлот.

Срдечно,

Ивана Васева

кураторка и организаторка на наградата ДЕНЕС
--
--
Ivana Vaseva
Program director and curator
Faculty of Things that Can't Be Learned (FR~U)
AKTO Festival for contemporary arts
http://www.akto-fru.org
+ 389 (0)70 905 212
Skopje, Macedonia



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie