логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

„ТРИЛОГИЈА: ПОД ПОВРШИНАТА ИМА УШТЕ ЕДНА ПОВРШИНА“– ДРИАНТ ЗЕНЕЛИ
На нашиот програмски календар, 4 август 2022 (четврток) е резервиран за претставникот на албанскиот павилјон на 58-та меѓународна уметничка изложба – Биенале во Венеција, мултимедијалниот уметник, Дриант Зенели. Покрај авторот, на отворањето на изложбата закажано за 20:30 ч. ќе се обрати и директорката на Националната галерија, д-р Дита Старова Ќерими.
Изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“е мултимедијален и интердисциплинарен проект на познатиот албански уметник Дриант Зенели, кој се состои од три видеа (инсталации), цртежи, ready-made објекти и просторни инсталации. Елементот што ги поврзува филмовите е минералот хром. Во едно од видео-делата со наслов „Не би било возможно да се напушти планетата Земја доколку не постои гравитација“, Зенели работи со идејата за утопии и дистопии од минатото, но и од сегашноста. Зборува за идеализмот и ветувањето за подобра иднина во времето на стариот комунистички систем наспроти очигледните неуспеси за достигнување на ветувањата, спротивставувајќи го на идеите, желбите и неуспесите на еден човек, Марио, современик на уметникот, кој сака да ги исполни сопствените желби и да лета во вселената. За локација е користена стара фабрика - Металуршки комплекс „Челикот на партијата“ во Елбасан која била изградена во 1962 година. Таа е своевидна реликвија - знак на политичко враќање по застојот со Советскиот Сојуз - на новосоздадениот сојуз меѓу Комунистичката партија на Кина и Партијата на трудот на Албанија.
Напуштената архитектура отсекогаш била избор за сценографија во филмовите на Зенели, а истиот металуршки комплекс од претходното видео е користен и како место на дејствување во второто видео „И потоа најдов некои метеорити во мојата соба“ во која преку двата главни лика – Бујар и Флора (колекционери на хром, но всушност медицински брат во фабриката и диџеј-ка), уметникот се занимава со прашањата за достигнување на бесконечност и замислување подобра иднина, и покрај сиот песимизам на современото општество, умно играјќи на самата граница меѓу реалното и фиктивното.
Транс-историјата, политиката, демоните од минатото, критиката, фантазијата, иднината, соништата се само дел од идеите инкорпорирани во третиот дел од трилогијата – „Можеби космосот не е толку извонреден“. Овде уметникот зборува за една од најважните индустриски и економски активности на неговата земја, рударството на хром, а дејството се случува во рудникот Булќизе, лоциран во централна Албанија. Овде Зенели измислува фантастичен наратив за целиот процес на оваа активност видена со помош на космичка капсула, пронајдена од група тинејџери, додека во паралелно траење има ехо од гласовите на Флора и Бујар, ликовите од претходниот филм, како последователна контрастна нарација на бесконечноста.
Инсталациите на подвижни слики се проследени со визуелни дескриптори како цртежи - книжевно патување од книгата на Хисенбегас (“Towards Eridan’s Epsilos“) објавена во 1983 година, роботски раце направени од хром, парчиња хром минерал итн.
Редефинирањето на идејата за неуспех, утопија и сон стои во сржта на истражувањето на Зенели, како елементи кои отвораат можни алтернативи. Во неговите филмови, моќта и историјата се испреплетени со поединечни наративи, предизвикувајќи утопии кои го поткопуваат природниот поредок на нештата. Креативниот чин се храни со непланираните средби и односот со архитектонското наследство на местата.
Зенели ги користи своите филмови како материјал за моделирање на местото и времето. Претставите имаат форма на партиципативни интервенции, при што уметникот го создава значењето на делото со гледачите. Елементот на гравитација резонира низ целата уметничка продукција, било да се тоа филмови, цртежи или случувања, во постојан обид да се одвои од земјата, да си игра со сопствените граници.
 
ДРИАНТ ЗЕНЕЛИ (1983, Скадар, Албанија)
Во 2019 година го претставувал албанскиот павилјон на 58-та меѓународна уметничка изложба – Биенале во Венеција.
Главни изложби: Биенале Манифеста 14, Приштина (2022); Театрино Палацо Граци, Венеција, (2021); 39-то меѓународно биенале на ЕВА, Лимерик (2020); Национална галерија на Република Косово (2019); Фондација за уметност Sharjah, филмска платформа, (2019); Летонски центар за современа уметност, Рига (2019); Автострада биенале, Призрен, Република Косово (2019); GAMEC, Бергамо, (2019); Галерија Мостин, Велс, ОК (2017); MuCEM, Марсеј, (2016); Центар Помпиду, Париз (2016); ГАМ, Торино (2013); ЗКМ, Карлсруе (2012); MUSAC, Кастиља Леон. Шпанија, (2012); Национална галерија на Тирана, (2008).
Куратор на проектот, виш кустос Ана Франговска



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Тропар на светиот Христов маченик Парамон и другите 370 маченици 29 ноември / 12 декември 2024

Исповедниче на вистината, сведоку на благодатта, проповедниче на слободата, Парамоне свети мачениче, трубо Божја за сведоштво,оправдание на твоите триста и седумдесет

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная