логоFacebookTwitterYouTubeeMail



ОХРИДСКА ШКОЛА НА ПРИРОДНОТО ПРАВО на тема:
„Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции“




27 јуни – 2 јули 2022 година
Научен и уметнички центар „Уранија“, Охрид


Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при МАНУ со поддршка на Амбасадата на САД во Скопје, ја организираат седмата сесија на Охридската школа на природното      право, под наслов: Одржување на демократско општество преку зајакнување на неговите институции во период 27 јуни – 2 јули 2022 година.

Во рамките на Охридската школа се предвидува научно оспособување и усовршување на 20 студенти на постдипломски студии (втор циклус на студии) и 5 студенти на докторски студии (трет циклус на студии) во областа на правните, политичките и економските науки во рамките на државните и приватните универзитети во државата.

За работни јазици се предвидуваат македонскиот и англискиот. Секој работен ден има посебна тематска целина што претставува исклучителна можност за продлабочено и критичко изучување на реформските процеси кои ѝ претстојат на нашата држава. Учесниците ќе се запознаат со најновите реформски зафати во сферата на уставното право, казненото право, административното право, граѓанското право, правото за заштита на животната средина и слично.

Како предавачи во текот на Школата ќе се јават повеќе членови на МАНУ, универзитетски професори по право и други општествени науки, адвокати, судии, претставници на невладините организации и на јавните органи.



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie