МКЦ И ГРАДОТ НАЈАВУВААТ КУЛТУРНО ОСВЕЖУВАЊЕ
Во септември Скопје ќе биде светска метропола
Целата манифестација е насловена како "септемвриска културна обнова" има за цел кумулативен ефект и анимирање на домашната публика, но и создавање и привлекување на странски туристи... кои ќе се обединат преку културата
Младинскиот културен центар за во септември подготвува "голем културен залак". Според најавите и намерите септември ќе биде прогласен за месец на културна обнова. Проектот, кој е во координација со надлежните за културата во градот Скопје, предводени до Тања Балаќ е насловен како "Септемвриска културна обнова" (С.К.О.). Покрај веќе етаблираните културни брендови како што се МОТ, Звуците на чаршијата и Белата ноќ, ќе бидат вклучени и Sinedays-М, Upgrade и Riverfest. Целта е создавање на "кумулативен ефект, со анимирање на домашната публика, но и привлекување на странски туристи и поттикнување на културниот, економски и туристички развој..."
Sinedays-М (1-6 септември) вклучува филмови кои се поврзани со музика од европска продукција, а кои се занимаваат со минатите, сегашните и идните музички правци... Upgrade е мрежа во подем, обединета од уметноста, технологијата посветена на премостување на културните определби... Riverfest е спој меѓу урбаното, културата и природата, реката и животната средина... Годинешниов МОТ повторно ќе анимира домашни и странски авангардни театарски изрази, а се очекуваат гости од Чешка, Италија, Белгија, Русија... кои ќе бидат обединети под мотото "Мојот мал свет". Круна или заокружување на септември како културен месец на нашата метропола е "Белата ноќ" која е конципирана како дел од оската која ги обединува најголемите и најзначајни културни метрополи, со тенденција и Скопје да се вмрежи во ваквите европски културни центри...
(Б.Г.)
ФОТО: Д. АНДОНОВСКИ