Скопје, 19 јуни (МИА) - Летната сцена на Македонскиот народен театар ќе биде отворена вечер во 21 часот со концерт на македонската група „Bei the Fish“ која ќе изведе електронска и поп музика.
Целта на овој проект е да се направи активна културна сцена на која ќе се случуваат најразлични културни настани и манифестации во текот на летниот период, како што се театарски претстави, филмски проекции, видео артови, видео спотови и музички концерти.
Свој настап на летната сцена на МНТ ќе имаат македонските групи „Badmingtons“, „Foltin“, „String Forces“, „Aли Баба и Сефедин“, „B.A.C.E. Quartet“ од Бугарија, ќе биде репродуцирана музика од претставата „Дракула“, како и други гости од странство.
Во театарскиот дел ќе се одржат претстави на студенти од Факултетот за драмски уметности како што се „Театар на бегање“, „Иванов по Мерхолд“ итн.
Летната сцена на МНТ ќе трае до 15 јули, а ќе продолжи од 15 август и ќе заврши со отворањето на зимската сезона. рп/дма/8:52