Во малиот амфитеатар на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, денеска во 11 часот ќе почне работилницата за резултатите од дешифрирањето на средниот текст на каменот од Розета.
Станува збор за проект на МАНУ, кој ќе го води проф. д-р Димитар Пандев.
Резултатите од дешифрирањето пред извесно време беа презентирани во МАНУ, каде што по трагите на писмото и на јазикот на античките Македонци истражуваа Томе Бошевски и Аристотел Тентов.
Каменот од Розета е пронајден во 1799 година во Египет. Изработен е од гранит со димензии: височина 1,44 метри, широчина 0,72 метри, дебелина 0,28 метри и тежина 762 килограма. Содржината на текстот опфаќа Декрет на Птоломеј 5 Епифан, напишан со три писма: хиероглифи, „демотско“ и старогрчко писмо во 196 година пред Христа. Денеска овој камен се наоѓа во Британскиот музеј во Лондон. (Н.П.)