Известување
На 5 и 6 октомври 2013 г., во Сандански, Република Бугарија, ќе се одржи работна средба на делегациите на Македонската академија на науките и уметностите и на Бугарската академија на науките. Делегациите, предводени од претседателите на академиите, акад. Владо Камбовски и акад. Стефан Воденичаров ќе ја разгледуваат досегашната соработка меѓу двете академии и ќе ги утврдат идните проекти и активности на кои ќе соработуваат МАНУ и БАН.
МАНУ
4.10.2013 г.