15 МИНУТИ ОД НОВИОТ ФИЛМ
"Деца на сонцето" на Скопски филмски
Новиот македонски филм "Деца на сонцето" на Антонио Митриќески, чија постпродукција е при крај, ќе биде претставен на 17. Скопски филмски фестивал, кој ќе се одржува од денеска до 30 април.
"Во траење од 15 минути, како своевидна најава за она што публиката може да го очекува од септември, публиката ќе може да проследи еден дел од оваа современа урбана приказна, која ќе биде прикажана на затворањето на фестивалот, на 30 април", се вели во соопштението од Скопје филм фестивал.
На годинашниот фестивал предвидено е да се одржи трибина со наслов "Револуцијата е мртва! Да живее револуцијата!" и предавање на македонскиот режисер Иво Трајков насловено "Анализа на драмската структура и изградба на ликовите како основа за филмска нарација".