Филм од Данска, Индија и од Естонија на Скопскиот фестивал
Данскиот филм „Часот на рисот“, на режисерот Сјорен Kраг-Јакобсон, ќе биде прикажан вечерва во 18 часот, во киното „Милениум“, во рамкиет на Скопскиот филмски фестивал.
Два часа подоцна на програмата е индискиот „Спакуван ручек“, а улогите ги толкуваат Ирфан Kан, Нимрат Kаур. Филмот има освоено 20-ина меѓународни награди. Во 22 часот во „Милениум“ ќе биде прикажан естонскиот „Слободна зона“.
Скопскиот филмски фестивал беше отворен синоќа со рускиот филм „Сталинград“, на режисерот Фјодор Бондарчук.