- Ве информираме дека на 25 ноември во Ателје ДАДО при Народниот музеј на Црна Гора во Цетиње ќе се отвори изложбата “Content for the others, 3”, инсталација на уметникот Гоце Наневски, која ќе трае до 15 декември годинава. Изложбата е реализирана благодарение на неколку годишната соработка на Институтот за уметност и култура Арс акта од Скопје и Ателјето ДАДО од Цетиње, Црна Гора.
На изложбата се претставени дузина принтови од предмети (хируршки инструментариум) случајно пронајдени од уметникот кои изземени од нивниот природен/секојдневен домен и со одземена првична намена сведочат за флуидниот идентитет на објектите кои добиваат сосема ново значење со помош на средствата на уметноста, во случајов со дигиталната обработка на фотографиите од страна на авторот.
Со почит,
Арс акта тим