Ве информираме дека во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 25 ноември 2014 година, во 19 часот ќе се отвори VI Младински пролетен салон.
Барок, класицизам, модернизам, постмодернизам, футуризам, Скопје 2014, нови фасади, минато, сегашност и иднина... Термините што многу често го слушаме во последно време. Доживувањето на еден град се сведува на различни погледи од исто толку индивидуи, а не се прост збир на хоризонтали и вертикали
Да сте архитект, или да бидете во ситуација да решавате за својот град, што би сториле? Каква скулптура би поставиле на главниот плоштад, или на некое друго место? Како би го уредиле главното градско јадро? Класично или модерно? Традиционално или монументално? Автентично или превземено? Оригиначлно или копирано? Симетрично или хаотично? Комерцијално или интимно?
Ова се темата и прашањата кои се поставени на оваа изложба на која учествуваат повеќе средни училишта и факултети од Македонија.
Со почит,
Национална галерија на Македонија.