ИЗЛОЖБА ВО КИЦ
Културно-информативен Центар - Скопје и Организацискиот одбор на Светската средба на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, организираат ликовната изложба насловена "60 години Арт Егзодус", што ќе се отвори в сабота, со почеток 21 ч.
На изложбата, со свои дела (масло на платно, скулптури, графики, цртежи...), ќе бидат застапени над триесет реномирани ликовни автори од Македонија, меѓу кои и најзначајните: Родољуб Анастасов, Танас Лулоски, Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Глигор Чемерски, Ана Темкова, Рубенс Корубин, Александар Ивановски Карадаре, Петар Хаџи Бошков, Томе Серафимовски, Илија Лафазановски, Коле Манев...
Изложбата ќе биде претставена во двата изложбено-галериски салони во КИЦ. Истовремено, во продажно-изложбениот салон, ќе бидат изложени автентични фотографии - направени во екот на егзодусот во Егејскиот дел на Македонија (1948/49 год.). Изложбата ќе биде отворена до 19 август.