Книгата „Пела и Македонија“ од авторката Метода Постолски-Кошир ќе биде промовирана денеска напладне во салата на Синодот на МПЦ, по повод престојот на словенечката вокална група „Пела“ во Македонија. Книгата опфаќа околу деведесет раскази и фотографии од природните убавини од Македонија и ги документира впечатоците на неколкугодишните гостувања на словенечкиот квартет „Пела“ во земјава. Покрај книгата, на промоцијата ќе бидат претставени и две музички цедеа, на македонски и на словенечки јазик. Промотор на книгата ќе биде Слободан Роскоски. Во словенечката вокалната група „Пела“, предводена музичарот Љубен Димкароски, Македонец кој живее во Словенија, членуваат и музичарите Метода Постолски- Кошир, Весна Младенова и Мајда Кушар- Пездирец.
Извор: Време
Посети:{moshits}