Пасијата на Тројанските жени во МКЦ
Соба. Мртов човек. Расплакана жена која го нагласува сеќавањето за него; сеќавањето за изгубеното е ехо во нивното оплакување, и само во нивното оплакување нивното сеќавање има смисла...
Ова е краток опис на вечерашната, шеста по ред претстава на МОТ: "Пасијата на Тројанските жени" која е на репертоарот во МКЦ - 20 ч.
- Инспирацијата е во драмата на Еврипид "Тројанка" и плачот на мајката по загубените синови во Тројанската војна, а ја отсликува старата традиција - ангажирање професионални тажачки да оплакуваат мртовец. Таа традиција постои и денес на еден мал остров во јужноиталијанската провинција Лече која е културно изолирано од Италија, рече Франко Унгаро од италијанскиот театар "Кореја", на вчерашната средба со новинарите во МКЦ.
Според директорот на МОТ, Дејан Пројковски, фестивалот засега има голема посетеност, а МКЦ прераснува во фестивалски центар.
Извор: Вечер