ПУБЛИКАЦИЈА
Промоција на Охридските пораки за мир и соживот
Свечена промоција на публикацијата "Охридските пораки за мир и соживот" посветена на Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог која се одржа во Охрид, 2007 година, ќе се случи денеска (12 ч.) во Даут Пашин Амам.
Публикацијата е испечатена на сите јазици на кои се говореше на Конференцијата: англиски, француски, руски, македонски и на албански јазик.
Промотор на публикацијата ќе биде министерот за култура, Елизабета Канческа-Милевска.
Исто, во Клубот на пратеници (15 ч.) ќе се одржи и првиот состанок на Меѓународниот комитет востановен за време на Конференцијата.
На двата настани, покрај членовите на Меѓународниот комитетот, ќе присуствува и директорот на Регионалното биро на УНЕСКО во Венеција, Енгелберт Руоз.