Проекција на документарниот филм „Сенката на Александар - Солун и сеништата на минатото“ ќе се одржи вечерва, во 18 часот, во културниот центар „Точка“. Овој исклучителен документарен филм е оценет со највисоки оценки и е добитник на наградата „еразмус еуро медиа“ за 2008 година.
Филмот е дел од ТВ-проектот „Враќањето во Европа“, чија цел е да се стави акцент на напорот што одредени земји, особено оние од Балканот, го прават за нивното фактичко но и симболичко редефинирање во Европската Унија.
Филмот ги истражува историјата и културата на Солун како историска и политичка точка каде што се прекршуваат Отоманската Империја и сонот за модерна Европа. Акцентот е ставен на обидите да се редефинира идентитетот во сегашниот контекст.