Скопје, 11 јануари (МИА) - По повод празникот Василица, во Македонската опера и балет утревечер ќе биде одржан традиционалниот гала концерт во изведба на Оркестарот на МОБ и Тумбао салса бенд и под дригентство на Саша Николовски-Ѓумар.
Концертот е на тема „Свинг и џез“, a ќе настапат солистите Игор Дурловски, Сандра Митровска, Ѓорѓи Цуцковски, Зафир Хаџиманов, Максим Хожиќ од Хрватска, Драган Мијалковски, Калиопи Букле, Лидија Кочовска, Андријана Јаневска, Марија Димитријевиќ, Горан Наумовски, Ана Мицковска и кларинетистот Ристо Ѓоревски.
Ќе бидат изведени познати евергрин хитови, меѓу кои и Feeling good, My Way, Save the last dance for me, Fiver, Fly me to the Moon, Unforgetable, Sway...хс/9:24