Утре во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, во 14 часот, ќе биде одржана втората седница на Меѓународниот комитет за организација на Конференцијата за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог, што во Македонија треба да се одржи во 2010 година и на која, според најавите, треба да присуствуваат експерти од Турција, САД, Австрија, Бугарија и Босна и Херцеговина.
Македонија, поточно Охрид, беше домаќин на првата конференција во октомври во 2007 година, каде присуствуваа над 200 верски и религиозни лидери од 50 земји, кога земјава се најде во фокусот на случувањата што го носат предзнакот за негување на пораките за мир и соживот. Зборникот „Охридски пораки за мир и соживот“ и ДВД-изданието што пред македонската јавност беа претставени во октомври минатата година, а произлегоа од Меѓународната конференција која беше одржана под покровителство на УНЕСКО, според Министерството за култура ќе бидат промовирани на 20 април годинава во Венеција, во театарот „Ла Вениче“. (К.Р.)